Има бум во поставувањето фотоволтаици, што може да предизвика поголем проблем во земјава, предупредија министерот за економија Крешник Бектеши и Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација. Бектеши по состанокот со претставниците на МЕА, Регулаторната комисија за енергетика и МЕПСО, ги повика потенцијалните инвеститори внимателно да ги следат процедурите, за да не се доведеме во ситуација да имаме многу поголемо производство ...
Доколку увезената цена на електрична енергија е пониска од онаа што се произведува во ТЕЦ „Неготино“, тогаш ќе биде донесена одлука оваа термоелектрана да престане со работа, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. – Ако ЕСМ ни достави податоци дека производствената цена на ТЕЦ „Неготино“ е повисока од увезената цена на електрична енергија, насоката на Владата ќе биде ТЕЦ „Неготино“ да не работи и да се увезува електрична енергија која ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 17 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 172,96 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 185,33 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец февруари до сега, (baseload till date) изнесува 158,69 евра за мегават ...
Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2. Како што информираат од компанијата, мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели, период во кој се планирани повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот. -Блок 2 до исклучувањето синоќа во 2:00 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 162,97 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 169,99 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец февруари до сега, (baseload till date) изнесува 156,26 евра за мегават ...
-Прехранбениот сектор има рок од 20 дена да ги намали цените на производите, во спротивно нема да може да користи субвенционирана струја. Освен тоа, ќе добие и казна бидејќи не се го почитува договорот со Владата за да ги намали цените. На крајот на месецов анализата на Државниот пазарен инспекторат треба да покаже колку компании ги намалиле цените, а колку се богателе на грбот на граѓаните, иако користеле поевтина струја, посочи денеска ...
Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува да се зголеми цената на електричната енергија од 1 јули годинава. За промена на начинот на пресметаката веќе се прават анализи, а една од можните мерки е да се продолжи со 10 проценти ДДВ наместо со 18 во сметките за струја. -Во координација со Регулаторната комисија за енергетика, факултетите и други експерти, веќе се прават анализи на одредени опции, за да се менува начинот на пресметување на ...
Операторот на гасоводната мрежа Номагас го објави повикот со кој се бара консултант за изградбата на гасоводот кој ќе ја поврзе Северна Македонија со Грција. Надзорникот ќе треба да ги надгледува сите работи кои вклучуваат изградба на двонасочен гасен интерконектор Неготино – Евзони на македонска територија, помеѓу системите за природен гас на С Македонија и Грција. Гасоводот е долг приближно 67 километри и има работен притисок од 74/54 бари. ...
„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) соопшти дека Блок 1 во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија. Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и истите беа навремено отстранети, посочија од ЕСМ. „Со тоа, АД ЕСМ повторно работи со полн капацитет и во моментот на мрежа се трите ...
Во периодот од 1 јануари до 7 февруари годинава АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 мегават часови електрична енергија, што е за 40 отсто повеќе споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, информираат од компанијата. -Планот за производство за 2023 година заклучно со вчерашниот ден се исполнува 101,5 отсто. Позитивните резултати во 2023 година се должат на зголемениот ангажман ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 76 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ...
Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради интервенции во цевководниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот, информираат од АД ЕСМ. Како што нагласуваат, се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа. -Заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ...
Политика на Владата е да ги следи санкциите што ги воведува како Европската Унија, но недостиг на нафта и нафтени деривати не може да се случи по најновата одлука на Европската комисија да се забрани увоз на руско дизел-гориво затоа што зависноста од руска нафта нема големо влијание во земјава, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. „Согласно податоците што ги добиваме од Регулаторната комисија за енергетика, во делот на ...
Точни се информациите дека има влечење на електрична енергија од Европската енергетска асоцијација, но тоа во најголем дел е од снабдувачите за компаниите на слободниот пазар, потврди министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Овие повлекувања не се сите од страна на ЕСМ. Повлекувањата може да се направат и од тие снабдувачи на електрична енергија кои ги обезбедуваат компаниите што се на слободниот пазар поради ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на дизел горивата се намалуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 78,5, а Екстра ...
Од ноќеска на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денара, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 86 денари за литар, а мазутот 41,346 денари за килограм. Со ваквата Одлука на РКЕ се врши ...
Во РЕК „Битола“ пристигна трансформаторот што беше испратен на поправка во Србија по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година, информираат од оваа институција. Појаснуваат дека постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат, како што велат, во своето четириесетгодишно постоење РЕК „Битола“ да има резервен трансформатор, кој би можел веднаш да биде ставен во ...
На денешната прес-конференција соработникот за енергетика, Виктор Андонов ги презентираше најновите информации во врска со енергетската состојба во земјата. Тој подвлече дека во месец јануари, во екот на зимата, домашното производство на електрична енергија беше зголемено во однос на претходната година, стабилно и во целост ги задоволи потребите на граѓаните и малите потрошувачи. „На почетокот на годината, по успешното монтирање на ...
Компании, најверојатно од сите сектори, кои за време на енергетската криза оствариле дополнителни профити од просекот во последните 3-4 години, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Оценката кои правни субјекти ќе плаќаат ваква дополнителна давачка, ќе оди преку УЈП, односно преку доставувањето на завршните сметки. Детали за ова законско решение кое вчера доби „зелено светло“ од ...
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40% за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година. Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан ...
Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5 отсто во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. Народната банка досега презеде повеќе мерки за поддршка на финансирањето на овој сегмент, вклучително и измената на инструментот задолжителна резерва, а во моментов се работи на подготовка на Стратегија за зелени ...
Директорот на државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, денеска призна дека во моментов цената на гасот на берзата е пониска од онаа на „Балкан Јутилитис“ која Владата ја избра да ја снабдува земјава со природен гас, откако досегашниот добавувач, „Макпетрол“, се откажа од увозот на овој енергенс пред Нова година. Берзанската цена сега се движи околу 60 евра за мегават-час и опаѓа, додека, според договорот со ...
За првпат во 2022 година, во ЕУ била произведена повеќе од ветерна и сончева енергија отколку од природен гас, соопшти денеска британската еколошка организација Ембер и додаде дека 2022 била година на енергетски пресврт поради војната во Украина, објави Радио Слободна Европа. Во изминатата година, ветерната и сончева енергија обезбедиле скоро една четвртина (22 отсто) од електричната енергија потрошена во ЕУ, многу повеќе од струјата произведена ...
„Инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност. Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата. Северна Македонија во моментов има само еден извор на гас, тоа е преку Република Бугарија, во тек е инвестиција на нов гасовод од Република Грција, како и уште еден гасовод од Република Бугарија“, рече премиерот Димитар Ковачевски на ...
Зголеменото производство на електрична енергија е основа наредниот период да имаме можно намалување на електричната енергија, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на денешната панел дискусија „Северна Македонија како зелен енергетски хаб- како да се претвори кризата во можност“. Премиерот потенцираше дека стратегијата на Владата како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на ...
АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 21.229 мегават часови електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години, информираат од компанијата. Во Термоелектраните произведени се 14.085 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.144 MWh. -Во моментот произведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 84,5 ...
„ЕСМ продажба“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари 2023 за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата со фирмата „Балкан јутилитис“. Како што информираат од ЕСМ, на јавниот повик, кој беше достапен за сите домашни и странски компании, пристигнале две понуди – фирмата „Актаел“ со понуда од 99,83 eвра/MWh, а фирмата „Балкан јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh. „Понудените цени на гасот од страна ...
„Макпетрол“ одлучи да не учествува на јавните повици на „ЕСМ Продажба“ за набавка на природен гас за февруари за потребите на топланите, информираат од компанијата. -И покрај големите најави за либерализација на веќе либерализираниот пазар со природен гас, изминатиов период сме сведоци на фаворизирање на една компанија при набавката на гас и од таа причина „Макпетрол“ одлучи да не учествува на овие јавни повици. Пресметките за јануарската ...
„Пред крајот на месец јануари, а во пикот на грејната сезона успеавме со добро менаџирање на работата на енергетските објекти за производство на електрична енергија 100% да ги задоволиме потребите на регулираниот пазар за домаќинствата и малите потрошувачи, како и објектите од виталната државна инфраструктура. Согласно законските обврски за 2023 година, ЕСМ имаат обврска само 50% да го снабдуваат регулираниот пазар со произведената електрична ...