Како држава работиме засилено на замена на старите енергетски капацитети со обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаични централи, вели министерот за економија Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската Унија, дефинирани преку Европскиот зелен договор. Во оваа насока ...

Земјите од регионот може да ја искористат глобалната криза и да се развиваат како нова енергетска сила, но за тоа се потребни значајни инвестиции, е пораката од денешниот енергетски самит што се одржа во Белград, и на која учествуваше премиерот Димитар Ковачевски. Српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференцијата со лидерите од регионот, по средбата за можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија на Западен Балкан, рече ...

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Џедовиќ за РТС потврди дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од десет отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Електропривреда Србије, за просечна потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата сметката ќе биде зголемена за околу 300 динари (околу 2,5 евра). Како што соопшти РТС, последното поскапување на струјата од 6,5 отсто било на 1 септември. Гасот во Србија ...

Грчката Државна компанија за електрична енергија ДЕИ (PPC) објави дека склучила Договор за ексклузивност со Enel S.p.A. („Енел“) во врска со потенцијалното стекнување на целосниот капитал на акциите на Групацијата Енел во Романија („Целни средства“). За време на периодот на ексклузивност, до крајот на јануари 2023 година, страните ќе преговараат за трансакциската документација и PPC ќе спроведе соодветна анализа на целните средства и, по ...

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Атина, попладнево се сретна со грчкиот министер за животна средина и енергетика, Костас Скрекас при што главна тема на разговорите беше продлабочувањето на постоечката соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји. Како што соопшти МНР, посебен фокус бил ставен врз гасното поврзување, нашето вклучување во терминалот за течен гас ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 13 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 162,02 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 190,76 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 137,20 евра за мегават ...

Изградбата на новата електрана на природен гас во Александрополис, клучен проект за енергетската безбедност на Грција и поширокиот Балкански регион, беше најавена, во Сабота, на официјална церемонија, одржана во присуство на премиерот Киријакос Мицотакис. Електраната Александрополис ја гради Грчкото мешовито претпријатие кое се состои од трите главни енергетски групации во Грција – „PPC“, „DEPA Commercial“ и „Damco Energy“ од групацијата ...

ЕЦБ предупредува на можен шок во случај на прекин во снабдувањето со гас, што би предизвикало пад на вредноста на стоките и услугите произведени во еврозоната; „Волстрит џурнал“ објави дека Американскиот извоз на течен природен гас во Европа се зголеми поради ескалацијата на кризата во Украина; Борел изјави дека „Северен тек 2“ нема да почне со работа во случај на воена агресија на Русија Евентуален прекин на снабдување со гас би предизвикал ...

Поради ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, канцеларот Олаф Шолц наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот Германија ја запира постапката за одобрување на гасоводот „Северен поток 2“, поради ескалацијата на украинската криза и заканата од напад од Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека ЕУ денеска ќе одговори со санкции на одлуката на Русија да ги признае Доњецк ...

Тоа е патот по кој треба одиме – трансформација на енергијата, диверзификација на енергијата бидејќи сега сме целосно зависни од рускиот гас, изјави македонскиот премиер на Инвестицискиот самит на Западен Балкан Еврокомесарот Оливер Вархеји, говорејќи на самитот, најави помош за зе,јите од Западен Балкан да ги надминат проблемите со енергетската криза и снабдувањето со енергенси Прво мораме да инвестираме во обновливи извори на енергија, но ...

Високиот претставник на Унијата вели дека за новиот пакет санкции, како и за можното целосно ембарго на руската нафта ќе се разговара на следниот самит на ЕУ, подоцна следниот месец Лондонски „Тајмс“, пак, објави дека Европската Унија подготвува „паметни санкции“ за увозот на руска нафта, повикувајќи се на потпретседателот на ЕK Домбровскис Нема договор меѓу членките на ЕУ за целосно ембарго или за повисоки царини за нафтата и гасот, изјави ...

Овој проект, во рамки на сеопфатната платформа на ЕУ, има за цел да се справи со регионалните потреби за гас и струја, а откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија На денешниот министерски состанок за енергетика во Софија, е формирана новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас, откако Газпром прекина да ја снабдува Бугарија. Платформата ги опфаќа и земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Овој проект, во рамки ...

До летото, ЕУ планира да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас, наведува потпретседателот на ЕК на својот блог ЕУ планира да склучи трилатерален договор со Израел и Египет за снабдување со течен природен гас до летото, како дел од напорите да се стави крај на зависноста од Русија, напиша шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел на својот блог. „Што се однесува до диверзификацијата на ...

Според портпаролот на Кремљ, последните намалувања на испораката на гас за Европа не се смислени, туку се последица на проблемите со одржување на турбините, предизвикани од санкциите Енергетската безбедност на Европа не е во директен ризик поради тоа што Русија денеска ги намали испораките на гас за голем број европски земји, изјави портпарол на Европската Комисија. „Врз основа на нашата размена утринава со националните претставници преку ...

Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИАЕ), Фатих Бирол, изјави дека Русија може целосно да го прекине гасот за Европа бидејќи земјата се обидува да ја зајакне својата политичка потпора во услови на криза во Украина. Според него, Европа треба да се подготви за таков можен развој на настаните. „Не би исклучувал Русија да продолжи да наоѓа различни прашања овде и таму и да продолжи да наоѓа изговори за дополнително намалување на испораката ...

Лидерите на Азербејџан, Грузија, Романија и Унгарија денеска потпишаа договор за поставување електричен кабел под Црното Море што ќе ја пренесува зелената азербејџанска енергија во Европа. Станува збор за електричен кабел од 1.000 MW долг 1.100 километри од Азербејџан до Романија, како дел од пошироките напори на Европската Унија за диверзификација на изворите на енергија и намалување на зависноста од Русија во контекст на војната во Украина. – ...

„Дури и најоптимистичките очекувања дека воените дејства во Украина би завршиле набргу и би се случила стабилизација на енергенсите, не очекувајте цените да се стабилизираат на нивото од пред кризата. Пред оваа сигурносна криза, светот претрпе и здравствена криза во текот на која цената на електричната енергија падна и до 19 EUR/MWh. Новото нормално не очекувам да биде под 100 EUR/MWh – магична цена за која во минатите неколку години се сметаше ...