СДСМ побара кривична одговорност за министерот за здравство Сашо Клековски и за раководителите на надлежните центри за јавно здравје поради задоцнетата реакција на загадувањето на водата и масовната појава на стомачни симптоми во Гостивар. Од партијата тврдат дека до неделата медицинска помош побарале 4.070 граѓани, а само во текот на тој ден биле регистрирани уште 125 прегледи и едно хоспитализирано дете. Според изјавата на Маја Борозан од ...

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан Признанието на Клековски е најсилна потврда – бараме кривична одговорност! Над 4.070 граѓани во Гостивар досега побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии. Само вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано. Овие бројки се најсилниот доказ за целосниот колапс на институциите задолжени да го штитат најважното – здравјето на граѓаните. ...