Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 ноември. Денеска е Собор на св. архангел Михаил. Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 ноември. Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј. Сите беа од редот на 70-те апостоли. Олимп и Родион пострадаа во Рим, за време на Нероновото гонење, заедно со апостол Петар. Родион претходно беше епископ во Неопатра и таму многу пострада од евреите. Ераст, пак, прво беше економ на Ерусалимската црква, а подоцна епископ во Панеада, во Палестина. Кварт ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 ноември. Денеска е Преподобен Јован Колов. Покрај преподобна Матрона и свештеномаченик Онисифор, Црквата денес го слави и Јован Колов. Тој е еден од најголемите египетски подвижници од првите векови. За него е доволно да се каже следново. Јован Колов отишол во пустината кај некој тивејски старец и останал кај него. Старецот го насадил својот сув стап и му рекол: Полевај го секој ден со ...
Во домот на Лепа Брена вечерва ќе се слави Архангел Михаил. Подготовките се почнати уште пред неколку дена. Трпезата ќе биде традиционална според она што може да се забележи на фотографиите кои се вртат на социјалните мрежи. Сарма, колбаси, домашен леб, чварки… Организацијата ја презеде помалиот син на Брена и Боба, Виктор кој се покажа и како доста умешен во кујната. Со голема посветеност ја подготвува богатата трпеза, а според видеата кои ги ...
Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети Архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили. Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка… Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот), Господ го создал духовниот свет-ангелите. Тие се Господови гласници (ангел значи весник), ги пренесуваат божјите заповеди поради што ...
Охрид, 21. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го слават Свети Архангел Михаил, куќна слава на многу семејства. Со овој празник се смета дека започнуваат зимските празници во годината. Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги ...

