Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е време украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати договор што би ставил крај на војната со Русија, сугерирајќи дека лидерот чија нација беше нападната бил пречка во постигнувањето мировен договор, објави Си-Ен-Ен. „Тој ќе мора да тргне и да склучи договор. Ќе мора да склучи договор. Зеленски ќе мора да склучи договор“, рече Трамп во вторникот додека ја напушташе Белата куќа ...

Соединетите Американски Држави ќе помогнат да се обезбеди мир откако ќе заврши војната на Русија во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано на 18 септември на Фокс њуз, пренесува Кијив Индипендент. „Кога реков „помош од воздух“, зборував за безбедноста откако ќе се реши војната. Значи, откако ќе се реши војната, ние ќе помогнеме да се обезбеди мирот. И мислам дека на крајот тоа ќе се случи“, рече Трамп за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија ја отфрла можноста за прекин на војната, мировни преговори и прекин на огнот, додавајќи дека „рускиот терор“ продолжува секојдневно. „Украина позитивно одговори на сите предлози од Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп во врска со прекинот на нападите и убиствата. Исто така, предложивме неколку формати за прекин на војната“, рече Зеленски во објава на ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека проблемот не е дали САД ќе извршат поголем притисок врз Европската Унија и НАТО во врска со војната во Украина, туку земјите-членки на блокот и Алијансата да купуваат руска нафта. „Не сакам да купуваат руска нафта, мора веднаш да престанат. Не е фер кон нас што купуваат руска нафта, а ние мора да се погрижиме за работите“, им рече Трамп на новинарите пред неговото ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот повторно повика на решавање на конфликтот во Украина, инсистирајќи дека Владимир Зеленски на крај ќе мора да постигне договор со Москва. Трамп, кој инсистира на директни разговори меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин за да им се стави крај на непријателствата, претходно тврдеше дека ќе треба лично да „интервенира“ за да ги спои. Во разговор со новинарите во вторникот, додека ...