Нашата најдобра фудбалска репрезентација вечерва од 18 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе одигра контролен меч против селекцијата на Летонија. Репрезентација која ќе биде идеален противник за “загревање“ за она вистинското, за решавачкиот дуел во Кардиф против Велс на 18 ноември, за второто место во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026. Велиме идеален зошто досега имаме со Летонците “пет од пет“, репрезентација против која ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа последниот тренинг на домашно тло, пред утре да замине за Кардиф, каде што на 18 ноември ќе го одигра последниот дуел од актуелната Мундијалска кампања против домаќинот Велс. Иако ова е за нас историска шанса за пласман на најголемата фудбалска претстава на планетава, сепак, репрезентативците во мир и тишина се подготвуваат за истата. Втората позиција на табелата и засега скоро без пораз ни ...
Во шестиот меѓусебен дуел против Летонија, Македонија првпат не успеа да победи, избраниците на Благоја Милевски играа помалку резервирано штедејќи ги силите за она најважното, натпреварот против Велс. Селекторот излезе со комбинирана селекција, дел од фудбалерите кои вообичаено се стартери почнаа од клупата влегувајќи во второто полувреме. Но, на теренот имавме доволно силна репрезентација. И покрај тоа што влезот беше слободен, на стадионот ...
По првите 45 минути на Националната Арена во Скопје нема голови на дуелот помеѓу Македонија и Летонија. Двете селекции играат отворено, без калкулации, и како резултат на тоа дојдоа и шансите. Македонија почна со нова тактика, со 4-4-2, повремено и со петмина играчи во последната линија. Се покажа како исправна барем кога се има во предвид офанзивниот дел, но во дефанзива беше проблематична затоа што Летонците направија две стонастотни шанси од ...
Македонската репрезентација пред гостувањето во Кардиф против Велс во вторник (18 ноември), вечерва од 18 часот на арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Летонија во пријателскиот натпревар како загревање за она што ги очекува момците на Благоја Милевски за пет дена на Островот. Па, на последниот домашен дуел пред финалниот квалификациски дуел, Фудбалската федерација на Македонија се одлучи за крајно популарен потег ширум отворајќи ги ...
Фудбалската репрезентација на Македонија има еден слободен термин во ноемврискиот прозорец во кој ќе одигра пријателски натпревар. Во Скопје гостува екипата на Летонија со која „рисовите“ ќе се загреваат за големиот дуел со Велс во Кардиф неколку дена подоцна. Македонија има шанса за мундијалски бараж, а тоа ќе зависи од исходот во Велс. Постојат две опции – ако Велшаните го победат Лихтенштајн со шест или повеќе гола разлика тогаш само победата ...

