Пелистер следната недела им се враќа на обврските во Лигата на шампиони. Македонскиот првак е домаќин на Пик Сегед во меч од седмото коло, дуелот се игра во среда со почеток во 20:45 часот. Тимот на Пелистер има пет порази и една победа, се наоѓа на седмото место во групата Б, додека пак Пик Сегед е во горниот дел на поредокот, со три победи и три порази се наоѓа на четвртата позиција. Од таборот на македонскиот првак известија дека билетите за ...

Ракометарите на македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер утре од 20:45 часот ќе го пречекаат унгарскиот гигант ПИК Сегед во натпревар од седмото коло на Лигата на шампионите, во кој македонскиот шампион ќе се обиде да стигне до втората победа сезонава во елитното натпреварување. Препорачано Гостите важат за фаворити со скор „три од три“, но битолчани се надеваат дека домашниот терен и навивачката атмосфера ќе бидат клучни во обидот за ...

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, ги изнесе своите очекувања за претстојниот предизвик против ПИК Сегед, кој пристигнува во Битола во рамки на седмото коло од Лигата на шампионите на ЕХФ. Унгарскиот претставник досега забележа скор од три победи и три порази, што отвора надеж за нов успех на македонскиот шампион, иако е јасно дека гостинскиот тим доаѓа со фаворитската улога. „Ни следи нов тежок меч во Лигата на шампионите, Сегед е ...

Во неделата што следи, ракометарите на Пелистер повторно ќе излезат на европската сцена, ги очекува нов предизвик во Лигата на шампионите, овојпат против унгарскиот гигант ПИК Сегед. Препорачано ЕХФ овој дуел го најави како „натпревар на колото“, што доволно говори за интересот кој владее околу средбата. Пелистер во мечот влегува со скор од една победа и пет порази, додека ПИК Сегед има три триумфи и три неуспеси и се наоѓа нешто погоре на ...

Фудбалерите на Пелистер конечно победија во ПМФЛ по пауза од осум кола, дома пред своите навивачи против Брера Струмица со минимални 1-0 (1-0). Битолскиот прволигаш последен пат триумфира на 25 август против Шкупи, а оттогаш досега слави само против Тетекс во Купот и на пријателските средби со Престон и Динамо Букурешт. Милан Стојановски го повтори стартниот тим од дербито со Вардар и шанса му даде на младиот Јован Мрмачовски од првата минута. ...

Еурофарм Пелистер ја започна продажбата на билетите за мечот на колото против ПИК Сегед во Лигата на шампионите. ЕХФ ја одреди оваа средба како највозбудлива во оваа рунда на елитното натпреварување. Македонскиот шампион ќе продава билети по стандардни цени од 450 и 550 денари. Пелистерци по стартната победа во Лигата на шампионите над Загреб врзаа пет порази, додека ПИК Сегед има половични „три со три“. Еурофарм Пелистер го дочекува унгарскиот ...