Ново видео со врсничко насилство кружи на социјалните мрежи во Македонија. Овој пат локацијата е Куманово, а на снимката се гледа како три девојчиња тепаат и малтретираат една девојка којa речиси и да не се обидува да се брани. Според информациите на „Телма“ кои засега не се потврди од истражните органи, жртвата има 14 години, додека насилничките се на возраст од 14, 16 односно 19 години. Видеото прво е поставено на социјалната мрежа ...

Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции „Случајот ќе се работи по итна постапка. Едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. До денеска не сме имале пријава. Откако снимката беше објавена, веднаш почнавме да постапуваме“, вели шефицата на ОЈО Куманово, Теута Бедиу-Рамадани Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово и ...

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат интензивни мерки за расчистување на нов случај на врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи се прошири вознемирувачка видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче. Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска воопшто не бил пријавен во надлежните институции, објави 4news.mk Институциите реагираа веднаш по јавните реакции ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 18-годишна девојка од село Лојане, Општина Липково, и против две малолетнички од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Според информациите од МВР, пријавените навредувале и физички нападнале 14-годишно девојче, а целиот настан го снимале со мобилен телефон. По нападот, на малолетничката ѝ се заканиле да не го пријавува случајот и да не зборува за видеото. Од полицијата ...

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот со насилство врз 14-годишна девојка во Куманово, при што е поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички. Од СВР Куманово соопштија дека кривична пријава е поднесена против П.А. (18) од село Лојане, Општина Липково, како и против две малолетнички од Куманово на возраст од 14 и 15 години, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ ...

Обвинителството постапува против 18-годишна, а за две малолетнички побара подготвителна постапка Видеоснимка од напад врз 13-годишно девојче објавена на социјалните мрежи го активираше постапувањето на Основното јавно обвинителство Куманово. По преземените дејствија, обвинителството отворило постапка против 18-годишна девојка, а до судијата за деца при Основниот суд во Куманово доставило барање за подготвителна постапка за две малолетнички ...