Во Општина Карпош денеска беше избран нов претседател на Советот – Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводеше советничката листа на Сотир Лукровски. За неговиот избор пресудна била поддршката од двајца советници надвор од опозицискиот блок – Раде Трошановски, советник на Венко Филипче од редовите на СДСМ, и Зоран Краљевски, советник на Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Со нивните гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство и ја презеде ...

Добивај вести на Viber Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Тема на дент“ на Сител синоќа рече дека по катастрофалниот пораз на партијата на локалните избори, треба да се вратат внатрепартиските дебати преку кои избивале квалитетни кадри на површина. - Претседателт е прв одговрен во поразите, а во победите заслугата е колективна. Сум бил сведок на повеќе оставки на претседатели на партијата, мачни биле. Брзи ...

Советот на Општина Струга ги верификуваше мандатите на советниците, а изборот на претседател беше одложен поради немање мнозинство. Новиот состав на Советот на Општина Струга брои 23 советници од кои осум од коалицијата НАИ, шест од ВМРО – ДПМНЕ, четворица од ВРЕДИ, тројца од независна листа и по еден од СДСМ и Левица. За верификацијата на мандатите на тројца од 23-те советници, кои пречкртале дел од свечената изјава, се чека одлука од ...

Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во Струга не успеа да се договори околу претседавањето со општинскиот совет. Иако точката беше ставена на дневен ред, единствената согласност што ја постигнаа ВМРО и ВЛЕН беше да ја тргнат точката од дневниот ред, иако коалицијата АКИ го поднесе својот предлог за претседавач. По тоа, нивните осум советници ја напуштија седницата. Од АКИ изјавија дека повлекувањето на точката од дневниот ред е направено ...

На конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Маврово и Ростуше за претседател на советот беше избран Елвир Пајкоски од ВМРО-ДПМНЕ. На седницата беа верифицирани мандатите на новоизбраните советници со што официјално ја започнаа работата како советници. Советот на Општина Маврово и Ростуше во новиот состав брои 11 советници: ВМРО-ДПМНЕ – 5 советници, СДСМ – 3 советници, Демократска партија на Турците – 2 советници и НАИ – 1 ...

Зошто ВМРО-ДПМНЕ им дава нови државни функции на претседатели на Управните одбори од јавните претпријатија во Скопје кои го гушеа градот со години и го претворија во депонија, сакаше денеска да знае советникот од СДСМ во Градот Скопје Горан Симоновски, на втората седница на Советот, на која на дневен ред беше и ребалансот на Буџетот на градот, особено по изјавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во која вели дека ќе има командна ...

Уметничкиот директор на Операта Христо Саракинов е избран за претседател на Советот на Општина Карпош. Тој на локалните избори беше носител на листата за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Саракинов лани беше назначен за уметнички директор на Операта, откако Оливер Арсовски стана генерален директор на Националната опера и балет (НОБ). Оваа институција има и уметнички директор на Балетот, примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска. Саракинов од ...