Амар Мециновиќ е роден во 1996 година и е кандидат од редовите на Левица. По потекло е од Чаир, а со политика почнал да се занимава уште од студентските денови на Правниот факултет. Од 2022 година е член на Советот на Град Скопје, а по парламентарните избори во 2024 година влегува во Собранието како пратеник на Левица од втората Изборна единица Три главни точки на кои се фокусира во програмата се решенија за јавниот превоз, загадувањето и ...

Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 9 октомври 2025 г. на МРТ 1 Во ова издание на емисијата објавуваме: – Големи буџети трошат партиите и кандидатите за изборно рекламирање на „Гугл“ и на социјалните мрежи, но без обврска да бидат отчетни – потребна ли е регулација на оваа сфера; – Со неполни 30 години Амар Мециновиќ е најмладиот претендент за градоначалник на Скопје – портрет на кандидатот од Левица; ...

Како дел од здравствениот столб на програмата, тој најави формирање на здравствени тимови составени од лекари и медицински сестри, кои ќе ги посетуваат пензионерите и лицата кои живеат сами Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, денеска на прес-конференција од Скопската чаршија ги презентираше клучните здравствени проекти од својата изборна програма, најавувајќи нов пристап во локалната ...

Реакцијата на опозициската СДСМ доаѓа откако вчера на социјалните мрежи се појави скандалозно видео во кое тој зборува за „шмркање бело“, по што набрзо тој беше разрешен од директорската позиција Повлекувањето или разрешувањето на директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски не е доволно, вели Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ. Таа вели дека овој случај е огромен скандал на власта, и затоа е потребна темелна истрага на ...

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече оти културната стратегија за Скопје ќе се темели на три концепти – ревитализација на јавните простори, развој на културната инфраструктура и системска поддршка на културниот развој „Скопје – град на слоеви, град на култра“ е еден од седумте клучни столбови од мојата изборна програма, рече денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на ...

Вчера, нешто пред 19 часот, во центарот на Гостивар четворица маскирани и вооружени разбојници извршиле грабеж во златара по што побегнале Во текот на ноќта и утринава, Основното јавно обвинителство од Гостивар издало повеќе наредби за откривање на сторителите кои вчера ограбија златара во строгиот центар на градот, информираат од Обвинителство. Вчера, од Министерството за внатрешни работи соопштија дека околу 18 часот и 45 минути добиле пријава ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите за започнатите масовни отпуштања во федералните агенции, тврдејќи дека потегот е последица на политичкиот застој околу буџетското финансирање. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна со масовни отпуштања на федерални службеници – лица вработени во државните органи со оправдување дека ваквиот потег следува по политичкиот застој околу буџетското финансирање. ...

Централната манифестација ќе се одржи во Прилеп, каде свое обраќање ќе има и премиерот Христијан Мицкоски Македонија денеска одбележува 84 години од почетокот на народното востание против фашизмот, кое започнало на 11 октомври 1941 година во Прилеп, кога првиот прилепски партизански одред ја нападна полициската станица во градот, додека пак ден потоа, се огласија и партизаните од Куманово. Овој настан го означува почетокот на организираната ...

Во Скопје се очекува слична временска состојба – променливо облачно со сончеви периоди и умерен до повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 11 степени, а максималната ќе достигне до 19 степени Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северен ветер. Во североисточните подрачја се можни услови за локален слаб дожд. Минималните утрински ...

Во текот на вчерашниот ден, Трамп на социјалните мрежи напиша дека се сомнева оти планираната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на посетата во Јужна Кореја, воопшто ќе се одржи Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе воведат дополнителни царини од 100 проценти на сите кинески производи, како и нови ограничувања за извозот на технолошки производи кон Кина. Во објава на неговата платформа „Трут Соушл“ , тој ...

Октомврискиот циклус во мундијалските квалификации македонските фудбалери ќе го заокружат в понеделник кога на Арената „Тодор Проески‘ во Скопје ќе го пречекаат Казахстан, кој денеска ја забележа втората победа во групата Ј, совладувајќи го Лихтенштајн со 4-0, додека Велс ќе ја пречека Белгија во Кардиф Македонската фудбалска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако вечерва одигра нерешено 0-0 против ...

ОЈО Битола се уште не е известено за одлуката по поднесената жалба на мерката куќен притвор за осомничениот раководител во РЕК Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и на осомничениот сопственик на правното лице „Марковски компани“, Борче Марковски, му е определена мерка притвор. „Со ова е уважена жалбата и аргументите изнесени од битолското обвинителство, особено во поглед на ...

Лидерот на ЗНАМ најави дека во наредните четири години ќе се посвети на подобрување на хигиената во Куманово, продолжување на реализацијата на инфраструктурни проекти, подобрување на услугите што ги вршат јавните претпријатија Во изминатите осум години се посветив на сите делови во градот. Опозицијата може да шпекулира колку сака, но она што јас со мојот тим го реализирав во изминатите осум години е тука, порача претседателот на Движењето ЗНАМ и ...

Според локалните власти, детонацијата ги потресе околните куќи и предизвика серија помали експлозии Неколку лица загинаа, а најмалку 12 се водат за исчезнати во експлозијата што денеска се случи во воениот објект за производство на експлозиви во американската сојузна држава Тенеси. Според локалните власти, детонацијата ги потресе околните куќи и предизвика серија помали експлозии. Експлозијата се случила околу 7:45 часот наутро по локално време, ...

Тој додава дека се повлекува од функцијата директор на клинката задоволен со многуте резултати кои ги постигнал со својот тим Разрешениот директор на Клиниката за неврологија поради скандалозното видео за „шмркање бело“ на социјалните мрежи, Игор Кузмановски, вечерва се огласи на Фејсбук, изразувајќи каење и извинување за постапките. „Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има ...

Претседателот на СДСМ истакна дека граѓаните веќе ја препознаваат неспособноста на актуелната власт и дека секојдневно се чувствуваат последиците од погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никакви резултати зад себе, па затоа се служат со лаги, спинови и напади врз опозицијата, изјави денеска на трибина во Ѓорче Петров, лидерот на СДСМ Венко Филипче. „Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. ...

„Да го прашам Венко, професионално ли е што за сто милиони неговиот суд му дава само куќен притвор, а за некој што украл 10 ќебапи има притвор со месеци? Во ништо од ова нема професионално, туку само криминално“, рече Мицкоски во Богданци Луѓето кои ги направија предавствата на државата, кои менуваа име и Устав и кои изнесуваа милиони надовр од неа, повторно се обидуваат да го лажат народот, а нивната лагодност е во тоа што знаат дека имаат ...

„Немаме сомневање дека јасно и недвосмислено институциите треба да постапат во согласност со законот и утврдените процедури. Извршувањето на јавна функција носи конкретни обврски и одговорности“, се наведува во соопштението на владејачката партија Во врска со објавите на социјалните мрежи, за директорот на Клиниката за неврологија д-р Игор Кузмановски, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува одлуката да биде разрешен од функцијата, соопштија од владејачката ...

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зворува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото На социјалната мрежа Икс денеска се појави видео на кое се гледа директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, како зборува за консумација на дрога. Инаку, Кузмановски е кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на ...

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, денеска изјави дека одобрил продолжување на италијанските операции во рамките на ЕУБАМ за повторно отворање на граничниот премин на јужната палестинска територија под истите услови како и во јануари Се очекува граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет да се отвори на 14 октомври, а по прекинот на огнот таму ќе бидат распоредени офицери од Мисијата на Европската Унија за помош на границите ...

Рускиот претседател, исто така, рече дека Трамп е искрен во својата желба да го реши конфликтот во Украина, додавајќи дека Москва и Вашингтон продолжуваат да се придржуваат до позициите договорени на состанокот во Енкориџ, Алјаска, одржан на 15 август Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп направил многу за мирот, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде ...

Станува збор за еден од раководителите на Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата „Марковски компани“, која претходно ги добивала тендерите во Комбинатот и која како правен субјект се сомничи во случајот Битолското обвинителство поднесе жалба за одлуката на Судот, со која се предвидува двајца од осумтемина осомничени во истрагата за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“, да одат во куќен притвор. Од ...

Рускиот претседател, исто така, рече дека Трамп е искрен во својата желба да го реши конфликтот во Украина, додавајќи дека Москва и Вашингтон продолжуваат да се придржуваат до позициите договорени на состанокот во Енкориџ, Алјаска, одржан на 15 август Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп направил многу за мирот, наведувајќи го прекинот на огнот на Блискиот Исток како пример, но додаде ...

Претседателот на ДИК Борис Кондарко, појасни дека формално истекува рокот за поднесување барања за набљудување, но оти додека има временски објективни услови за процесирање на барањата, тие ќе бидат прифатени Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 142. седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври. За Здружението на граѓани „Цивил – ...

Во краткиот опис на делото се наведува дека осомничениот во повеќе наврати му се заканувал на оштетениот дека доколку не го врати наводниот долг кон лице од Босна и Херцеговина, во вкупен износ од 300 000 евра ќе му го загрози животот нему и на неговото семејство Основното јавно обвинителство Скопје денло наредба за спроведување истражна постапка против лице од Русија, со престојувалиште во Босна и Херцеговина, поради основано сомнение дека во ...

Државниот јавен обвинител во отвореното писмо до Адвокатската комора вели дека како Обвинителството укажуваат дека одредени адвокати ја коментираат постапката и обвинението како непристрасни правни експерти, без да појаснат дека всушност се бранители на обвинетите кои во основа ги застапуваат интересите на својот клиент Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска преку отворено писмо упати остра реакција до претседателот на Адвокатската ...

„Дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност, а воедно и надеж за пациентите, светлото на крајот од тунелот што им го спасува и продолжува животот“, рече министерот за здравство Од почетокот на годинава се извршени трансплатации на бубрези кај шест пациенти од починат донор, две трансплатации на црн дроби од починат донор, како и експлантации на коски и лигаменти, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу, по ...

Најави и поврзување на плоштадот „Скендербег“ со Скопското кале преку покриена мултифункционална галерија, која ќе биде мултиетнички и мултиверски центар за културни, уметнички и едукативни активности Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, денеска ја претстави визијата за целосна реставрација и ревитализација на Старата скопска ...

„Наместо да го унапредат балансерот со закон, тие го погребаа со нацрт што носи албански потпис. Ова е политичка и национална предавство. Денес застапеноста на Албанците паѓа со алармантна брзина, институциите се претвораат во етнички затворени структури, а ниту еден владин функционер не презема одговорност. Ако ова продолжи, многу брзо јавната администрација ќе остане без Албанци, а Охридскиот договор ќе постои само на хартија, не и во пракса“, ...

Марковски вели дека Водно е вистинскиот потенцијал за Скопје, а планот кој тој го има опфаќа сет на мерки и политики кои дополнително би го заштитиле ова место и би овозможиле повеќе рекреација за граѓаните Забрана за сообраќај до Средно Водно во текот на викендите освен на електрични автобуси и изградба на велосипедска патека на Водно се дел од ветувањата на универзитетскиот професор Горан Марковски, кој е кандидат за градоначалник на Град ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.26
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Никел

473339.37

Родиум

255598.44