Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Чешкиот милијардер Андреј Бабиш, чија партија АНО оствари убедлива победа на неодамнешните парламентарни избори, денес изјави дека се фокусира на изготвување заедничка програма со двајца потенцијални сојузници, со кои веќе започна разговори за програмата на идната влада, додека кандидатите за министри ќе бидат разгледани подоцна. Бабиш изјави дека има намера да формира кабинет од 16 члена со крајно десничарската партија Слобода и директна ...
Генералниот штрајк во Белгија поради планот за штедење на владата доведе до откажување на летови, прекин на јавниот превоз и пристаништата во Северното Море денес, а се очекува десетици илјади демонстранти да се обединат на протести во Брисел. Аеродромот во Брисел, најголемиот во земјата, ги откажа сите полетувања откако безбедносните служби стапија во штрајк, објавува „Гардијан“. Аеродромот Шарлроа, голем центар за нискобуџетни ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека договорот за прекин на огнот во Газа е прекин на огнот, но не е решение за палестинското прашање. „Би било погрешно да се гледа на договорот како на документ што го решава палестинското прашање. Овој договор е во суштина прекин на огнот. Единственото трајно решение за палестинското прашање може да биде воспоставување независна, суверена и територијално обединета палестинска држава на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ДИУ ќе бидат непријатно изненадени од резултатите на претстојните локални избори и оти по нив ќе се занимаваат со внатрепартиски, наместо со друг тип избори. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за можност за одржување предвремени парламентарни избори и дали чека да завршат локалните, па потоа да одлучи, истакна дека неговиот став е јасен и прецизен. – Мислам дека сум бил многу јасен и ...
Постојат ветувачки знаци од земји, вклучувајќи ги САД, како и арапските и европските држави, за подготвеност да придонесат кон трошоците за реконструкција на Газа од 70 милијарди долари, изјави денес претставникот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Жако Килиерс. „Веќе имаме многу добри индикации“, изјави тој на прес-конференција во Женева, без да даде детали, објави Ројтерс. Тој исто така рече дека двегодишната војна меѓу ...
Американските федерални регулатори започнаа уште една истрага за автомобилите со самостојно возење на Тесла по десетици инциденти во кои автомобилите поминале на црвено светло или возеле на погрешна страна, што понекогаш довело до судири и повреди. Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) објави дека истражува 58 инциденти во кои автомобилите на Тесла наводно ги прекршиле сообраќајните закони ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави дека имаат 12 работни групи, кои работат на менување или синхронизација на тие закони, со цел да нема колизија меѓу нив. -Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде и тој член, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е планирано воведување такви ...
Минатата година трајно беа уништени светски шуми со големина од приближно половина Англија, покажува извештајот, при што загубата се зголеми за 1,7 милиони хектари од 2022 година на вкупно 8,3 милиони хектари, јави ДПА. Оценката на Декларацијата за шуми, објавена вчера од истражувачки и невладини организации, наведува дека во 2022 година биле изгубени 6,6 милиони хектари шума. И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската ...
Товарниот брод „Ејлин“, кој пловеше од Турција кон Украина, вчера потона во Црното Море во близина на Варна, Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од Поморската управа. Сепак, спасен е екипажот на бродот составен од 10 морнари. Товарниот брод „Ејлин“, кој пловел под знамето на Камерун, испратил сигнал за помош вчера по 13 часот и пријавил пробив на вода од едната страна од бродот. Поради тоа, екипажот го ...
По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев-Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Познато беше дека Панчо имал тешки изгореници на рацете и главата, но и влошена психичка состојба со која се борел заедно со еминентни докторски имиња. И покрај ...
Антонио Рудигер ја игра последната сезона во тимот на Реал, тврдат денеска водечките шпански спортски медиуми. Неговиот договор истекува во јуни, а од клубот немаат намера да го продолжат и тоа од повеќе причини. Рудигер на крајот од сезонава ќе има 33 години, но и долг период проследен со повреди и недолично однесување, како она во финалето од Копа дел Реј кога тргна да го тепа главниот судија. Искусниот дефанзивец дојде во Реал во 2022 ...
Македонскиот вицепрвак Вардар 1961 во 18:45 го започнува својот настап во новата сезона од ЕХФ Лига Европа, со натпревар на домашен терен против хрватскиот претставник Сесвете. Видеолотарија Касинос Австрија, како горд спонзор на црвено-црните, е со Вардар и во оваа голема битка. Вардар се наоѓа во групата Ф заедно со Тулуз (Франција) и Кристианштад (Шведска), но „црвено-црните“ одат храбро, со јасна цел: нови европски победи! Капитенот ...
ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или сепак како што се трвди во телефонската комуникација што излезе во јавноста Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: Доколку казната не е платена Спасовски итно треба да е повикан на одгoворност и целата постапка да се истражи до крај. Доста е со калкулации, со ...
Руските сили продолжуваат со нападите на украинската енергетска инфраструктура, поради кои десетици илјади корисници се оставени без електрична енергија. Во последниот напад, цел на руските сили бил регионот Харков, кои бил гаѓан со наведувани ракети, а оштетувањата на клучната инфраструктура предизвикале прекин на снабдувањето со електрична енергија на 30 000 корисници во три области, соопштија локалните власти. Управителот на градот ...
Четири лица се уапсени во врска со пукањето за време на викендот во Лиланд, Мисисипи, во кое загинаа шест лица, а повеќе од 10 беа повредени, соопшти денес ФБИ. Според ФБИ, Тевион Л. Пауел (29), Вилијам Брајант (29) и Морган Латимор (25) се обвинети за убиство со намалена казна, додека Латоја А. Пауел (44) е обвинета за обид за убиство, објави CBS News. Пукањето се случило во сабота наутро во центарот на Лиланд, додека жителите се собрале да ...
Министерството за транспорт на Кина издаде детален документ во кој се пропишуваат посебни пристанишни такси за бродови во сопственост или управувани од американски компании, организации и поединци, како одговор на неодамнешните рестриктивни мерки од страна на Соединетите Американски Држави против кинескиот бродски сектор. Документот, кој содржи 10 члена, го наведува обемот и стандардите на таксата, субјектите одговорни за таксата, видовите ...
Италија сега е поблиску до признавање на државата Палестина по постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони, пренесе Анадолија. „Очигледно, ако планот се спроведе, признавањето на Палестина од страна на Италија сигурно ќе биде поблиску“, изјави Мелони за новинарите на маргините на Мировниот самит во Шарм ел Шеик во Египет, објави АНСА. Таа нагласи дека Италија сака да го ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Европската Унија е подготвена активно да се ангажаира со сите вклучени страни во спроведувањето на Мировниот план за Газа. Кошта ова го изјави откако вчера учестуваше на Мировниот самит во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик, каде беше потпишан договорот. „Подготвени сме да учествуваме во Меѓународниот одбор за мир и да ги поддржиме сите процеси – транзициската управа, ...
Остануваат уште четири дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и ...
Денеска и во утре ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради посета на претседателот на Словачка, Скот Пелегрини, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Посетата на Пелегрини започнува денеска и ќе заврши утре, а Фон дер Лајен, која е на турнеја по Западен Балкан, ќе престојува во Македонија утре. Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки ...
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 23 степени. Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Дневната ...
Бактериите брзо развиваат отпорност на антибиотици, предупреди денес Светската здравствена организација (СЗО), наведувајќи дека една од шест лабораториски потврдени бактериски инфекции сега се предизвикани од патогени отпорни на антибиотици. Организацијата за прв пат го квантифицираше проблемот во однос на 22 антибиотици кои најчесто се користат за лекување на инфекции на уринарниот тракт, гастроинтестиналниот тракт или крвотокот, или ...
Кандидатот на владината коалиција „Вреди“ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција ги претстави конкретните мерки за подобрување на условите во основното образование, со посебен акцент на социјалната еднаквост, безбедноста и поддршката за семејствата. Тој нагласи дека неговото раководење ќе обезбеди еднакви можности за секое дете и ќе направи Чаир да биде општина на достоинство, грижа и солидарност. „Во ...
Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Преку системот се греат околу 66 000 активни потрошувачи, од кои 65 000 домаќинства и над 1 000 деловни потрошувачи, во кои се вклучени болници, здравствени домови, средни и основни училишта и детски градинки, велат од таму. Испораката на топлинска енергија, како што ...
Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ ја отворија Канцеларијата за адвокати во рамки на Кривичниот суд која може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски ви рамки на судот. Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените ...
Првпат во Македонија и регионот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се изведени две минимално инвазивни процедури за третман на упорни и/или повторувачки стеснувања – стриктури на мочниот канал (уретра). „Оваа процедура се изведува без рез, ендоскопски и под флуороскопска контрола, со специјално дизајнирани балони чиј ѕид е обложен со лек паклитаксел – цитостатик со локално дејство, чиe ослободување во ѕидот на мочниот канал не ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за развој на вештачка интелигенција) на Западен Балкан – една во Србија, а друга во Северна Македонија, во рамки на пошироката иницијатива за вклучување на регионот во технолошкиот развој на Европа, пренесе агенцијата „Анадолија“. Рече дека дека Западен Балкан има потенцијал да стане центар за стратешки ...
Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени казни за обвинетите во споредба со првостепената од 2022 година. Во повторената постапка, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки-13 е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пари“, за што му е изречена единствена казна затвор во траење од пет години. Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор за ...
Дали сте се запрашале како навивачите ширум светот денес добиваат статистики во живо, персонализирани препораки и анализа на секој детал од натпреварот – и тоа за само неколку секунди? Зад ова не стои судијата, ниту спортските коментатори, туку „невидливиот играч“ – вештачката интелигенција. На оваа тема зборуваше Карло Кнежевиќ, раководител за вештачка интелигенција во SofaScore, на AI Tech Summit Skopje 2025. SofaScore е дигитална приказна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа. Пред да го потпишат, Трамп изјави дека „документот опфаќа многу правила и прописи, како и многу други работи, и е многу сеопфатен“. Додека го потпишуваше документот, тој рече: „Ова трае 3.000 години, можете ли да верувате? Овој пат ќе трае“. – Ова е неверојатен ден за светот – рече Трамп, додавајќи ...