Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ – подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје ќе ја почитува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје кој на 16 овој месец донесе решение со кое го усвои предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување привремена мерка – забрана на најавениот штрајк. Од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ изјавија дека ќе ја почитуваат одлуката ...
Доцна синоќа во белградската населба Белград на Вода е застрелан маж на возраст од 35 години. Жителите на населбата пријавиле дека се случила пукотница, а доктор Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи изјави за РТС дека синоќа во 23:13 часот екипата ја потврдила смртта. „Нашиот тим можеше само да ја потврди смртта на 35-годишен маж“, рече Николиќ. Според српските медиуми, убиениот човек тој бил вооружен. До сега полицијата уапси еден ...
Пожар избувна во продавница за скијачка опрема во Лондон, а околу 100 пожарникари се борат со него, соопшти Лондонската противпожарна бригада (LVB), додавајќи дека на пожарникарите им биле потребни повеќе од три часа за да го стават пламенот под контрола во продавницата и работилницата зад неа. Околу 15 лица се евакуирани од областа, а на жителите им е кажано да ги држат вратите и прозорците затворени поради чад, објави денес Скај њуз. Во ...
Министерството за внатрешни работи во недела, кога ќе се одржи првиот круг на локалните избори најави полициско присуство во близина на локациите на избирачките места, како и на клучни сообраќајни точки, а најави дека ќе се користи и современа технологија, дронови. Како што потенцираат од МВР, целта е навремено да се откријат можните нарушувања на јавниот ред и мир и да се гарантира безбедноста на граѓаните кои ќе излезат на гласање. ...
Струга полека, но сигурно, останува без своето културно и архитектонско наследство, кое го губи секој ден. При изведба на градежни работи на индивидуален објект, во стариот дел на градот, беше урнат дел од една стара спомен-куќа. Општината требаше да се погрижи за овој објект. „Куќата што се урна вчера овде, во стариот дел на Струга, е под државна заштита. Тоа е куќата на авторот на македонската химна, Владо Малески и во неа со години беше ...
Рускиот претседател Владимир Путин ги информираше постојаните членови на Советот за безбедност на Русија за содржината на разговорот со неговиот американски колега Доналд Трамп во четврток, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. „Вчера вечерта, веднаш по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Владимирович Путин ги собра постојаните членови на Советот за безбедност ...
На 19-ти октомври, граѓаните со едно гласање, ќе и дадат нов правец на историјата. Ова, во интервју за ТВ Шења, го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, и уште еднаш направи паралела помеѓу денот на гласањето со 13-ти август, стои во соопштението на кандидатот на НАИ за Чаир. Во текстот се додава: „Затоа реков, 19-ти октомври е ‘вториот 13-ти август’. Како што денес сите прашуваат ‘каде беше на 13-ти август’, ќе прашуваат ...
Министерството за внатрешни работи информира дека в недела, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки ќе има полициско присуство со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. „Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално-технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се ...
Диего Симеоне ја следи ситуацијата со Роберт Левандовски многу внимателно и е подготвен да го доведе искусниот напаѓач во Атлетико Мадрид како слободен агент во текот на летото, тврдат полските медиуми. Договорот на Левандовски со Барселона истекува по завршувањето на оваа сезона, а според информациите од Шпанија, каталонскиот клуб веќе донел одлука дека нема да му понуди нов и веќе бара друга „деветка“. Во минатото, на сличен начин, ...
Италијанскиот медиум „Тутоспорт“ ги објави дваесетмината кои што ќе се борат за престижната фудбалска награда „Златно момче“. Во конечната листа има неколку добропознати имиња во фудбалската јавност, како што се Дин Хујсен, Арда Гулер и Франко Мастантуоно од Реал Мадрид, Дезире Дуе од ПСЖ, Хато и Еставио од Челзи, Јоро од Манчестер Јунајтед… За многумина изненадување е што на овој список го нема Ламине Јамал од Барселона, кој е еден од ...
Доналд Трамп синоќа изјави дека САД не можат да ги „осиромашат“ сопствените резерви од ракети „Томахавк“, кои Украина бара од САД да ги обезбедат за да одговорат на руските напади. – Не можеме да ги осиромашиме (резервите) на нашата земја. Ни требаат, па не знам што можеме да направиме – рече американскиот претседател како одговор на новинарско прашање за тие крстосувачки ракети. Трамп денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина. „Тукушто завршив телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит меѓу САД и Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот!“, напиша Орбан на платформата X. Во интервју за Радио Кошут утрово, ...
Со хаштагот „#HakanTosunNerede“ – „Каде е Хакан Тосун?“, пријателите, колегите и групите за човекови права почнаа да го бараат независниот турски новинар откако тој исчезна вечерта на 10 октомври. 20 часа подоцна, неговото семејство дозна дека Тосун бил примен во болница во несвест откако бил тешко претепан во главата во населбата Есенјурт во Истанбул додека се враќал дома. Во понеделник, 13 октомври, лекарите ја објавија неговата смрт. „Го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на војната во Украина, еден ден откако американскиот претседател најави нов самит со Владимир Путин во Будимпешта во наредните недели. Зеленски рече дека пред средбата со Трамп во Овалната соба, ќе се сретне со претставници на одбранбени и енергетски компании. „Очекуваме дека моментумот во ...
Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, се изјасни за невин по обвиненијата за неовластено споделување на класифицирани информации, вклучително и информации со „строго доверлива“ содржина, и нелегално задржување документи од неговиот дом. Во изјава, Болтон го нарече обвинението „политички мотивирано“ и дел од кампањата за „одмазда“ на американскиот претседател Доналд Трамп, објави NBC News. „Одмаздата на Доналд ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 степени, а максималните од 7 до 15 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. ...
Европратениците во четврток ја поддржаа брзата имплементација на Законот за дигитални услуги и забраната за штетни и зависност предизвикувачки практики за заштита на малолетниците, вклучително и забрана за социјалните медиуми за лица под 13 години. Пратениците во Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент во четврток усвоија извештај со 32 гласа „за“, 5 „против“ и 9 „воздржани“, изразувајќи загриженост за ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека постои можност за американско вклучување во конфликтот против палестинската милитантна група Хамас доколку групата продолжи да убива луѓе во Појасот Газа. „Доколку Хамас продолжи да убива луѓе во Газа, што не беше договорено, нема да имаме друг избор освен да влеземе и да ги убиваме. Ви благодариме за вниманието кон ова прашање“, рече Трамп во објава на ...
Унгарија е подготвена за планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Планираната средба е одлична вест за сите во светот кои го сакаат мирот. Ние сме подготвени“, напиша Орбан на својот профил X.com. Порано денес, Трамп и Путин се договорија за средба на високо ниво на нивните делегации за време на телефонски разговор, по што ...
УСБ-Ц конекторот не го добил своето име поради брзината на пренос на податоци или можностите за полнење. Буквата „Ц“ едноставно ја претставува следната ознака во серијата типови „УСБ“ (на латиница USB). Претходниците биле УСБ-A, правоаголен конектор кој најчесто се наоѓа на постари флеш-драјвови, и УСБ-Б, квадратен конектор кој се користи на постари печатачи и надворешни дискови. Подоцна се појавија варијанти мини-Б и микро-Б, кои денес ...
Можни се доцнења и измени во возниот ред на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ поради прекин на снабдувањето со гас. Од Дистрибутивниот центар за гас во Скопско соопштија дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин на снабдувањето со природен гас до 17 октомври, што може да предизвика отстапувања во распоредот на сообраќајот. НОМАГАС претходно објави дека, поради ремонт на гасоводот во Бугарија преку ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека партијата чиј лидер е води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои, како што рече, до денес не се реализирани. -Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во ...
Официјална Софија ја оцени за разочарувачка изјавата што претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, ја даде за време на посетата на Скопје пред два дена, а со која остро ја критикуваше Европската Унија велејќи дека си игра со напорите на Македонија во поглед на евроинтеграциите. Во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Бугарија се наведува дека словачкиот амбасадор во Софија, Васил Гривна, вчера бил повикан на ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп напиша на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека разговорот бил „многу продуктивен“. „Претседателот Путин ми честиташе мене, како и на Соединетите Американски Држави, за големото достигнување – мир на Блискиот Исток – нешто за кое, како што рече, се ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски останува на прогнозата дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори ќе освојат од 45 до 50 градоначалници, а опозициската СДСМ најмногу шест. Мицкоски вечерва во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 рече дека очекува убедливо најголем резултат на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, меѓу 350 000 и 360 000 гласови на советничките листи. – Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на сите анкети ...
Фјучерсите за Брент и американската сурова нафта паднаа за повеќе од 2 долари за барел, или повеќе од 3%, во петокот, бидејќи заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе зголемени тарифи за Кина фрли сенка врз изгледите за побарувачката на пазарот кој се смета за немирен. „Продажбата беше поттикната од поместувањето кон пазари без ризик по најавата на Трамп за закани за тарифи за кинески стоки“, рече Џовани Стауново, ...
Италија ќе игра водечка улога во дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, како и во следните фази на реконструкција и безбедносни мерки, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, објавено денес од италијанските медиуми. „Проектот „Храна за Газа“ расте. Одлучивме да ја испратиме првата значајна пратка помош од 100 тони“, изјави Тајани на маргините на настанот по повод 80-годишнината од Организацијата за храна и ...
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени, ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје. Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското ...
Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил, не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има ...