Остануваат уште три дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуат со претставување на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби ...

Хамас е обвинет дека го прекршил договорот со тоа што ги задржал телата на заложниците, но палестинските милитанти тврдат дека се соочуваат со пречки при нивното пронаоѓање. Кревкото примирје во Газа во вторникот се најде на првиот сериозен тест, кога Израел соопшти дека ќе го преполови количеството хуманитарна помош што влегува во уништената палестинска територија, а граничниот премин Рафах со Египет нема да се отвори како што било ...

Велика Британија мора да ги подготви зградите за зголемување на глобалните температури за два степени Целзиусови, бидејќи сегашните планови за заштита од екстремни временски услови се несоодветни, ѝ рекоа на владата експертите за клима и советниците за клима. Владините советници за клима проценија дека топлотни бранови ќе се појават најмалку четири од секои пет години во Англија до 2050 година, а дека периодите на суша ќе се удвојат, објави ...

И покрај упорната неизвесност предизвикана од царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп и трговските тензии што тие ги поттикнаа, светската економија и понатаму покажува охрабрувачка способност за отпор – како во 2025, така и во 2026 година – според најновите податоци што денеска ги објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Институцијата очекува дека светската економија ќе ја заврши оваа година со раст од 3,2 проценти, што ...

Повеќе од 150 невакцинирани ученици во Јужна Каролина се ставени во 21-дневен карантин поради контакт со лица заразени со морбили, пренесуваат тамошните здравствени власти. По епидемиите во Ново Мексико и Тексас, каде што стотици луѓе се заразени, а тројца починаа, Јужна Каролина станува новото жариште на епидемијата со морбили. Според Центрите за контрола и превенција на болести, од почетокот на годината во Соединетите Американски Држави ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО и Европската Унија работат заедно за да воспостават „ѕид од беспилотни летала“ за да ги заштитат земјите-членки од упади на беспилотни летала. Руте рече дека двете организации имаат различни, но комплементарни улоги – НАТО обезбедува воени капацитети, додека ЕУ обезбедува финансиски ресурси и ја користи „моќта“ на внатрешниот пазар, објави Ројтерс. Генералниот секретар нагласи дека ...

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзната реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен ден до 37 дена во годината под одредени услови. Грција беше делумно парализирана двапати, на 1 октомври и вчера, од генерален штрајк против законот , кој синдикатите го нарекоа „достоен за средниот век“. Опозицијата и синдикатите се побунија против мерката, за која се залага министерката за труд ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за време на прес-конференцијата во вторник во Белата куќа. Трамп рече дека рускиот лидер едноставно не е подготвен да ја заврши „својата војна во Украина“, објави Ројтерс. „Слушајте, многу сум разочаран бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи, веројатно сè уште имаме. Тој навистина мора да ја реши оваа војна, не знам зошто продолжува со ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска попладне, во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, информираат од владината прес-служба. Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура изнесува 3 степени, а максималната до 19 степени“, велат од УХМР. Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Температурите ќе бидат во интервал од 8 до 18 степени. Под влијание на влажни воздушни бранови следува период на ...

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека декларацијата потпишана на самитот во Шарм ел-Шеик за Газа претходниот ден би можела да означи нова пресвртница на патот кон траен мир во регионот, јави Анадолија. Во обраќањето на настан на неговата Партија за правда и развој (АК) во Анкара, Ердоган рече дека за чекорите за реконструкција на Газа ќе се дискутира и ќе се одлучи заедно со САД и земјите од Заливот. Тој ги даде овие ...

Многу корисници на компјутери со оперативниот систем Windows 10 ги очекува голема промена. Microsoft денеска ја прекинува поддршката за овој систем, што значи дека компјутерите кои сè уште го користат би можеле да бидат изложени на ризик. Причината е што повеќе нема да има безбедносни ажурирања, што ќе ги направи уредите поранливи на напади. Microsoft ги охрабрува корисниците да направат бесплатна надградба на Windows 11, но не сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски од престојната посета на Скопје на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата. Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи од учесниците на изборите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за Локални избори 2025, коишто се поднесуваат на 11-от ден од изборната кампања. Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, посочуваат од ДКСК. Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања ...

На само 15 километри од брегот на јапонскиот град Нагасаки во морето се издигнува напуштениот остров кој на прв поглед наликува на огромен воен брод. Поради својот изглед, местото го носи прекарот Гунканџима, т.е „Боен брод“. Вистинското име е остров Хашима, а она што го прави посебен не е само неговата форма, туку и мрачната и сложена историја што ја носи. Кон крајот на 19 век откривањето на јагленот го претворило овој мал остров во еден од ...

Трагите на моќниот Рим одат многу подалеку од Италија – и тоа по целиот Медитеран. Ако се упатите кон исток, покрај ориенталната архитектура и историјата на моќната Отоманска Империја, можете да уживате и во наследството од римската ера – имено, во величествената градба стара две илјади години, како што е тунелот Веспазијанус Титус. Древниот тунел во Антиохија, Турција, е изграден околу 1 и 2 век во подножјето на планината Нур. Изградбата ...

Во текот на последните 13 часа, жителите на Струга останаа без вода за пиење. Доколку порано причината беше дефект во мрежата, сега проблемот е во испразнетите извори во Шум и Горна Белица, од кои градот се снабдува со вода. „Водата во Струга стана секојдневна тема за разговор. Ја имаме оваа ситуација со години, но никој не ја решава, исто како и многу други проблеми во градот. Полниме шишиња за да го поминеме денот“, изјави Дејан Јанкоски – ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, кој го оцени како капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на земјата. Проектот, чија вкупна вредност изнесува околу шест милиони евра, се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку програмата „Хоризон јуроп“ (Horizon Europe) и иницијативата „ЕуроХПЦ“ ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија, во здравствениот регистар е евидентиран како специјалист по неврологија со факсимил број 712680 и дека истиот е активен во рамки на договорот за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита, склучен меѓу ФЗО и ...

Градежните работи за брзата пруга на Коридорт 10 се очекува да почнат следната година, а да биде готова и пуштена во употреба за пет-шест години заедно со реконструираната Железничка станица во Скопје и железничкиот крак од оваа станица до Меѓународниот аеродром Скопје. Паралелно со тоа МЖ Транспорт ќе треба да направи набавка на нови возови и локомотиви. – Како временска рамка целта е кога ќе се пушта целосно реконструираната Железничката ...

Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само во рамки на Вишеградската група, туку и со активното учество во групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со денешната средба, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзниот словачки колега Петер Пелегрини. ...

Новата француска Влада денеска треба да го одржи својот прв состанок на Кабинетот, со главна задача да го подготви буџетот за финансиски погодената земја. Времето е клучно, бидејќи доколку не се испочитуваат роковите, Франција би можела да се најде без одобрен буџет на крајот на годината, што би ја ставило под дополнителен економски притисок. Се очекува премиерот Себастијан Лекорну, кој во петокот беше вратен на функцијата од претседателот ...

Шефот на мировните мисии на ОН во вторникот предупреди дека „неопходната“ улога што ја играат мировниците се соочува со предизвици поради намалување на буџетот, бидејќи недостатоците во финансирањето се претвораат во намалување на бројот на војници. „Немаме друг избор освен да ги спроведеме овие намалувања, кои се должат на делумното неплаќање од страна на некои држави“, им рече заменик-генералниот секретар за мировни операции, Жан-Пјер ...

Во текот на следните пет години, компанијата Гугл (Google) ќе инвестира 15 милијарди долари во воспоставување капацитети за центри за податоци како дел од центрите за вештачка интелигенција во индиската држава Андра Прадеш. Ова, пишува Ројтерс, е една од најголемите инвестиции на Гугл во Индија. „Тоа е најголемиот центар за вештачка интелигенција во кој ќе инвестираме надвор од САД“, изјави извршниот директор на Google Cloud, Томас Куријан, ...

Железничката станица во главниот град на државата, еден од симболите на модернистичко Скопје, градена според проект на славниот јапонски архитект Кензо Танге, повеќе нема да биде како големо рекламно пано и турбо-фолк хаб. Ова денес на прес конференција го изјави Синиша Ивановски, директор на Македонски железници Инфраструктура, најавувајќи го проектот за целосна реконструкција на железничката станица, која, како што посочи, ќе го задржи ...

Муабетот за враќање на Карим Бензема во европскиот фудбал почнува да станува се погласен. Францускиот напаѓач има договор со Ал Итихад до следното лето, а доколку не дојде до продолжување на соработката, од јануари ќе може да преговара со други клубови и да биде „заробен“ со преддоговорот. Како што пишува турски Фотомак, Фенербахче сериозно размислува за Карим Бензема. Истанбулскиот великан не ја отвори сезоната како што замислуваше, а ...

Претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Словачкиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести на церемонија во нејзиниот кабинет, по што ќе биде одржана тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо ...

Со „Еразмус штафета – кутија во движење“, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја започна агендата за одбележување на Еразмус денови 2025. Учениците и наставниците од основното училиште „Ацо Шопов“ во Бутел се првите што симболично во кутијата ќе ги остават своите пораки и препораки за да стимулираат нови корисници на програмата. Откако кутијата ќе ги заобиколи училиштата во државата, сите писма ќе бидат јавно ...

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес ѝ наложи на Русија да ѝ плати на Грузија повеќе од 253 милиони евра за спречување на слободното движење на луѓето во грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија, кои Москва ги призна како независни по војната против Тбилиси во 2008 година. Судот во Стразбур утврди дека Русија извршила низа кршења на правата, вклучувајќи прекумерна употреба на сила, нечовечки третман, незаконско притворање и ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
68%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
83%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
3.58
81%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
91%
1000
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Бакар

11.66

Сребро

2457.28

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Алуминиум

3.07