Размената на денари во евра е една од активностите што често знаат да бидат стресни пред патување. За да го олесни овој процес за своите клиенти, ПроКредит Банка воведе едноставен начин за повлекување евра директно од банкомат и брза и безбедна размена на валути преку нивната мобилна апликација. За полесно управување со средствата модерните банкомати на ПроКредит овозможуваат лесно подигање и депонирање на евра и денари и нивно префрлање на ...

Решение за спорот со изведувачот на автопатот „Синохидро“ е најдено, како и за косините и свлечиштата кои во изминатиов период ја забавуваа и кочеа работата на терен. Автопатот Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, уверува министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој повтори дека решение за спорот со изведувачот на автопатот „Синохидро“ е најдено, како и за косините и свлечиштата кои во изминатиов период ја ...

Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени. Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм ...

Објектот на „Бриколаж“ во скопска Керамидница е целосно урнат. Деновиве, градежни машини го расчистуваат градежниот шут, а просторот се оградува за да почне изградбата на новиот маркет на германската компанија „Лидл“, која, пред неколку години, донесе одлука да инвестира во Македонија. „Лидл“ е веќе присутен во Македонија, гради голем регионален дистрибутивен центар во Куманово, а, освен во Скопје, треба да отвори маркет и во околината на ...

Стапката на продадени електрични автомобили во светот и натаму рапидно расте. Германскиот Истражувачки центар за соларна енергија и водород вчера објави податоци според коишто на крајот на 2023 година во светот имало околу 42 милиони автомобили со електрични мотори, што е за околу 50 отсто повеќе од една година претходно. Оваа бројка се однесува исклучиво на електромобили, плаг-ин хибриди и електрични возила со уред којшто го зголемува ...

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат податоците на Евростат, а нај задолжени земји се на југот на континентот. „На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто долгот кон БДП во еврозоната беше 88,7 отсто, додека на крајот на четвртиот квартал од 2023 година беше 88,2 отсто. Во рамките на Европската Унија долгот забележа и пораст од 81,5 на 82 отсто“, наведуваат од статистичката институција на ЕУ. Највисоки стапки на ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти новата цена на парното. РКЕ потврди дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика. -Клучно е да се каже дека просечната цена на гасот е значајано пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа ...

НЛБ Банка бележи успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката. Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2024 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка обезбеди кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, како и поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и одржливо работење. Во периодот од ...

Доставувањето на барањето за членство во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА e историски исчекор, којшто ќе донесе голем број придобивки, бидејќи ќе овозможува пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тој систем пред земјата да стане членка на ЕУ, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската радио телевизија. Според неа значајно ќе се намалат трошоците за прекуграничните ...

Продавачите кои прдоаваат крофни, пуканки, цедени сокови и други производи на било каква и да е манифестација се должни пред отпочнување на дејноста да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход во Управата за јавни приходи (УЈП). Маре Данкова, виш даночен референт во регионална подружница во Штип на УЈП истакна дека на транспарентен начин УЈП ги информира даночните обврзници. -Во летниот период знаеме дека се случуваат ...

Трговскиот дефицит на САД во стоки се намали за 2,5 отсто на 96,8 милијарди долари во јуни, според прелиминарната проценка на Министерството за трговија објавена во средата. Дефицитот е зголемен во претходните два месеци. Владата го најави објавувањето на својата прелиминарна проценка за растот на бруто домашниот производ во вториот квартал за четврток. БДП веројатно порасна со годишна стапка од 2,0 отсто во последниот квартал, според ...

„Долгите периоди на бавен економски раст може да предизвикаат зголемување на нееднаквостите ширум светот, но избалансиран сет на политики мерки може да спречи таков исход. Ова го пишува во блог-пост на директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. Денес во Рио де Жанеиро, Бразил, започнува состанокот на министрите за финансии и централните банкари од земјите од Г-20. Во текстот се наведува дека „глобалната економија се лизга надолу, што може да ...

Овоштарите директните плаќања ги добиваат по 4 основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти. Пријавувањето е до 31-ви јули, а право на субвенции имаат и производителите на домашни овошни садници… Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 2 декари збирно ...

Секогаш сме тука за да ги поддржиме врвните културни настани и да обезбедиме заедничко уживање и задоволство. Како Главен спонзор на „Охридско лето 2024“, со задоволство ве каниме на јубилејниот концерт на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски по повод 50 години на сцената, на 26 јули во Античкиот театар во Охрид. На овој музички спектакл ќе имаме можност да уживаме во добро познатите хитови какo што сe „Ноќта будна“, „Јованo Јованке“, „Учи ...

Министерството за финансии на денешната владина седница информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица. Од Владата велат дека даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот. Воедно, како што велат од Владата, ...

Берзанските индекси остро паднаа на Волстрит во средата, бидејќи послабите од очекуваните деловни резултати на гигантите Alphabet и Tesla предизвикаа распродажба на акциите на технолошките компании. Индексот Dow Jones се лизна за 1,25 отсто, на 39.853 поени, додека S&P 500 потона за 2,31 отсто, на 5.427 поени, а Nasdaq 3,64 отсто, на 17.342 поени. Најголемиот дневен пад на S&P 500 и Nasdaq индексисте од 2022 година е резултат на ...

Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите од даночните обврзници за периодот јуни 2024 (месечни) и април-јуни 2024 (тримесечни) истекува денеска, соопштија од Управата за јавни приходи. Досега 76 проценти од даночните обврзници ја исполниле оваа обврска и навреме ја поднеле пријавата ДДВ-04, останува уште 24,6 проценти даночни обврзници да ја остварат оваа обврска. – Управата за јавни приходи уште на самиот почеток на овој месец ги објавуваше ...

Половината од годината ја обележува успешната интеграција на Adriatic Strauss и растот на приходите од продажба и профитабилност Атлантик Група во првата половина на 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 512,5 милиони евра, што претставува раст од 11,5% во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) порасна за 29,2% на 57,4 милиони евра, додека нето добивката порасна за 16,5% ...

Во Србија од 2003 година, заклучно со 2024 година, се издадени 69 решенија поврзани со истражување на литиум и сродни елементи, објави Данас. Во тој период издадени се 441 решение за истражување други метали. Вкупно 138 компании добиле одобренија за истражување на метал во Србија. За литиум, првото решение и е издадено на компанијата „Рио Сава Експлорејшн“ на 8 јуни 2004 година, да врши геолошки истражувања во басен Јадар, во областа ...

Италија му изрече прелиминарна казна од 121 милион евра на американскиот малопродажен гигант „Амазон“. Причината е сомнеж за изигрување на даночните закони, јави ДПА, пренесува „24Часа.бг“. Полицијата во Милано ја оправда одлуката со резултатите од истрагите на Обвинителството, кои укажаа на тоа „Амазон“ избегнува да плаќа големи суми данок со поставување нарачки за испорака преку сложен систем на подизведувачи. Тоа е поврзано и со ...

Платата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изнесува 140 450 денари, односно 2 280 евра, а сите останати министри, меѓу кои и вицепремиерите, земаат 115 540 денари или 1 870 евра плата. Информацијата денеска беше објавена на веб-страницата на Владата во делот – отчетност. Според табелата прикажана на веб-страницата, единствено во платите се издвојува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кому му следува 20 отсто ...

Треба да продолжи континуитетот на правната проблематика за време на владеењето на една власт, а дали ќе се злоупотреби, е друго прашање и за тоа треба да постојат институции што ќе го санкционираат, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во врска со вчерашната најава на премиерот Христијан Мицкоски, дека на следната владина седница, во среда, ќе се формира ад-хок тело кое ќе испитува „како претходната влада поделила ...

Според прелиминарните податоци, вредноста на германскиот извоз во земјите надвор од Европската унија во јуни изнесува 58 милијарди евра, што е за 4,5 отсто помалку од истиот месец лани. Ова е за 2,6 отсто помалку во однос на мај, објави германската Федерална статистичка служба (Дестатис). Најважниот извозен партнер на Германија во јуни беа Соединетите Американски Држави, бидејќи на американскиот пазар беа извезени стоки во вредност од 13 ...

Мекиот, сребрено-бел алкален метал, како што изгледа литиумот, привлекува големо внимание во последните месеци, не само во Србија, туку и во Европа и светот. Литиумот отвори не само еколошки, туку и сериозни финансиски прашања, како во Србија, така и во целиот свет, каде што со години се води борба околу еколошката оправданост на рударството. Ова е уште повеќе важно ако се знае дека литиумот се користи во индустријата за производство на ...

Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, златото поскапе, а на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза, денеска, во 9.15 часот падна на 18.416,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.128,63 поени, францускиот CAC 40 на 7.506,63 поени, а московскиот MOEX на 3.021,48 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс „Дау Џонс“ падна на 40.358,09 поени, ...

На 23 јули 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на ...

Со нова кредитна линија од 3,5 милиони евра Комерцијална банка ќе обезбеди значајна поддршка на енергетски ефикасни проекти на домаќинствата. За таа цел, Комерцијална банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска потпишаа Договор за заем во рамките на ГЕФФ програмата за зелено финансирање. Новата кредитна поддршка од 3,5 милиони евра ќе придонесе да се зголемат инвестициите во енергетска ефикасност на домаќинствата и на ...

Еден од клучните предуслови за аплицирање за неповратен грант до 600.000 евра преку популарната мерка 7 од ИПАРД програмата е локацијата на инвестицијата да се наоѓа во рурално подрачје. Без разлика дали планирате инвестиција во рурален туризам, производство на непрехранбени производи или алтернативно земјоделско производство, доколку локацијата каде што ја планирате инвестицијата се наоѓа во листата во продолжение го исполнувате овој услов. ...

Регулаторот им нареди на компаниите како „Bytedance“, „Alibaba Moonshot“ и „01.AI“ да подлежат на задолжително тестирање за нивните модели со вештачка интелигенција, објави „Financial Times“, повикувајќи се на добро информирани извори. Како дел од тестирањето, големите јазични модели треба да одговорат на многу прашања, од кои некои се поврзани со политика и идеологија. Пред една година, кинескиот регулатор воведе правила за чет-ботови кои ...

Минималната плата следната година ќе се зголеми за 19,6 отсто, што ќе доведе до зголемување на надоместокот на еден вработен, предвидува БНБ во својата макроекономска прогноза. Во пракса тоа значи дека ќе стане 1.115 лева или ќе се зголеми за нешто повеќе од 182 лева од сегашното ниво – 933 лева. И покрај забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени, растот на компензациите по вработен во номинална смисла се очекува да остане висок од ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.57
97%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
91%
994
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
996
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
89%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54

Калај

48.47