Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари кои работат за меѓународните медиуми, се пријавени како убиени во израелски напад врз болница во јужниот дел на Појасот Газа. Ројтерс соопшти дека еден од нивните сниматели бил убиен во нападот во болницата Насер. Се наведува дека другите тројца работеле за Ал Џезира, Асошиејтед Прес и НБЦ. Неколку лица беа убиени во првиот напад, а други во вториот, кој се случи додека спасувачите пристигнаа ...
Не е јасно каде ќе доведат неодамнешните напори за завршување на војната во Украина. Но, Донбас, територија богата со минерали што се состои од два региона, Донецк и Луганск, ќе биде во центарот на сите преговори, пишува Њујорк Тајмс. Владимир Путин, побара Украина да се откаже од целиот Донбас, вклучувајќи ја и територијата што ја контролира Кијив. Повеќе од 200.000 Украинци живеат во таа област, која вклучува градови како Краматорск и ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Мирот отсекогаш бил единствената опција. Почитувањето на демократските вредности, различностите и човековите права беше единствениот пат напред. Слободата, правото на постоење и самоопределување се вековна, тешко стекната реалност. Просперитетот и стабилноста, ветени од ЕУ, и безбедноста и суверенитетот, гарантирани од НАТО, беа едноставни и остварливи цели. Но сето тоа беше урнато од геноцидната војна на Кремљ – најпрво со ...
Косовските пратеници и денеска не успеаја да изберат претседател на Парламентот од тројцата предложени кандидати од Движењето Самоопределување. Поради тоа не се избрани потпретседатели и не е завршен процесот за конституирање на законодавниот дом. И на денешната седница за претседател на Парламентот повторно беше предложен Хекуран Мурати, кој на минатата седница не доби потребен број гласови. Од 106 присутни пратеници денеска „за“ Мурати ...
Експерти од Словенија, Италија, Австрија или Германија ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници. Листата со имиња на странските експерти, како што најави министерот за здравство Ази Алиу, треба да биде комплетирана денеска. Алиу во саботата изјави дека еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија. Министерството за ...
Откако Народното собрание на Република Српска (НАРС) донесе одлука за распишување референдум за пресудата на Судот на Босна и Херцеговина со која на поранешниот претседател на РС Милорад Додик му беше одземен мандатот, реагираше и Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во БиХ. „Пресудата на Судот на Босна и Херцеговина во случајот против Милорад Додик е конечна и обврзувачка и мора да се почитува. Подложувањето на судската одлука на јавно ...
Со свечена церемонија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одбележа Денот на независноста на Украина која ги обедини обедини дипломатите, украинската заедница и пријателите на Украина во заедничка порака на слободата и отпорноста. Интонирани беа химните на Украина и Северна Македонија, а потоа следуваше минута молк за паднатите херои на Украина. Во своето обраќање, амбасадорката на Украина во Скопје, Лариса Дир потсети на ...
Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите ...
Во пресрет на локалните избори на 19 октомври, а и текот на рокот за пријавување на кандидати за градоначалници (заклучно со 13 септември), во анализата „МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025“, се прави мал дел од политичката мапа на лаколно ниво. Поделба на локалната власт Општината Чаир е една од клучните точки на политичкиот натпревар во албанскиот блок. ...
Еден од трите доминантни наративи на албанскиот блок во пресрет на локалните избори се ЕУ интеграциите. Како што се вели во анализата на Дијана Тахири „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, сеприсутната ориентација кон ЕУ преди малку по парламентарните избори минатата година, како да спласна кај коалициниот партнер на власт ВЛЕН. „По изборите во мај 2024, новата влада на ...
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Српската Алта Банка ја објави намерата за целосно преземање на Стопанска банка Битола. По влезот на српскиот Телеком на голема врата, ова е дел од стратешко позиционирање на соседната економија на подолготрајни основи и претставува слика на нашето одлепување од западниот економски круг, а со тоа и од големите зделки што можат да го раздвижат нашиот пазар! Една полемика на релација меѓу ДУИ и ВРЕДИ околу влезот на „српскиот ...
Пожар е изгаснат во нуклеарна централа во западниот руски Курски регион, а воздушната одбрана собори украински дрон, соопштија руски официјални лица, пренесува Би-би-си. Дронот детонирал кога паднал и оштетил трансформатор, но нивото на зрачење било нормално и немало жртви, се вели во објава од сметката на централата на апликацијата за пораки Телеграм. Ова се случува додека Украина го слави својот Ден на независноста во недела, што го ...
Руската воздушна одбранала пресретна беспилотни летала кое се упатиле кон Москва на 23 август, според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Тој рече дека фрагменти од дронот се испитуваат на терен. Нема пријавени жртви. Кијив Индепендент не можеше веднаш да ги потврди овие тврдења. Како одговор на загриженоста за безбедноста на воздушниот простор, руската федерална агенција за воздухопловство, Росавијација, привремено ги прекина ...
Планот на претседателот Доналд Трамп да распореди војници во Чикаго е злоупотреба на моќта, изјави демократскиот гувернер на американската држава Илиноис, пренесува Би-би-си. Нема вонредна состојба што го оправдува испраќањето на Националната гарда во Илиноис и американскиот претседател „се обидува да создаде криза“, рече Џ.Б. Прицкер во соопштението. Трамп веќе распореди околу 2.000 војници во Вашингтон, каде што локалната самоуправа е исто ...
Скопје, 24 август 2025 – Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, во соработка со Католичката црква во Скопје, денеска ќе одржи свечена церемонија по повод Денот на независноста на Украина. Настанот ќе ги обедини дипломатите, украинската заедница и пријателите на Украина во заедничка порака на слободата и отпорноста. Програмата ќе започне напладне во Католичката црква во Скопје со интонирање на химните на Украина и Северна ...
Кијив, 24 август 2025 – Украина денес го одбележува 34-от Ден на независноста, во услови на војна што трае веќе четири години од руската целосна инвазија во 2022 година. И покрај загубите, Украинците дома и во дијаспората остануваат посветени на слободата и ја прославуваат годишнината со достоинство и отпорност. Во Кијив, поради безбедносни закани не се одржуваат големи јавни настани. Претседателот Володимир Зеленски и првата дама Олена ...
Првата дама на Турција, Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да проговори за децата што страдаат во израелската војна во Газа. Како што пренесува Би-би-си, турската прва дама ја пофали поддршката на првата дама на САД за децата погодени од целосната инвазија на Русија во Украина, барајќи од Трамп да „ја прошири застапувањето“ и на Палестинците. Во писмо објавено од турското претседателство во саботата, г-ѓа Ердоган рече дека Газа станала ...
Со изложба на фотографии од реализирани настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“.Настанот синоќа финишираше со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата од 16. март. – Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, кој претходните две недели им се посвети на младите и на нивното ...
Кијив, 24 август 2025 – Со свечено обраќање, исполнето со надеж, утринава на Плоштадот на независноста, претседателот Володимир Зеленски ја потврди непоколебливата посветеност на Украина која ја одбележуваат сила, безбедност и мир. Под морето од сино-жолти знамиња, тој ја претстави визијата за иднината во која идните генерации ќе ја слават независноста ослободени од војна и страв. „Ние градиме Украина доволно силна и моќна за да живее во ...
Во чест на вековната историја на украинската државност и државните симболи на независна Украина, со Указ на Претседателот на Украина во 2004 година е прогласен Денот на Државното Знаме на Украина, кој се одбележува секоја година на 23 август. Следниот ден, на 24 август, Украина го одбележува Денот на Независноста – најголемиот државен празник. Тој е прогласен во чест на исклучителниот историски настан – усвојувањето во 1991 година од страна ...
Денешниот Саем на градоначалници за четири години отчет, а во пресрет на локланите избори во октомври, Мицкоски го искористи за себе промоција на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека СДСМ реши да врати со серија прес конференции во текот на денот кои ќе покажат дека 4 години локална власт на ВМРО е 4 години катастрофално владеење. Каква реалност презентира СДСМ? „Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години ...
Министерството за здравство информира дека е воведен нов електронски модул за донации, со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството за здравство, како и од сите јавни здравствени установи. Модулот е достапен на веб страницата: donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален преглед на секоја донација, со наведени податоци за донаторот, вредност на донацијата, како и информации за предметот на донацијата, односно дали ...
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во ...
Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека тоа што е извршено намалување на бројот на советници во одредени општина нема етничка основа како што го претставува опозицијата од албанскиот политички блок. Тој се произнесе по ова прашање по барање на новинарите од настан во Тетово. – Јас ценам дека ова нема етничка основа, иако албанската опозиција се обидува тоа да го користи за нивните дневни ...
Законодавното собрание на Тексас даде конечно одобрение за новата изборна мапа што ќе им овозможи на републиканците да освојат до пет дополнителни места во Конгресот на САД за време на парламентарните избори оваа година, на половина од тековниот мандат, пренесува Бета. Претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно изврши притисок врз републиканските претставници во Тексас да спроведат такво прекројување со цел да го одржат своето сегашно тесно ...
Последните настани во САД отвораат сериозни прашања за иднината на американската демократија. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет официјално одобри Националната гарда која е распоредена во главниот град на САД, Вашингтон, да носи огнено оружје. Станува збор за околу 2.000–2.300 гардисти, кои досега главно обезбедуваа логистичка поддршка и видлива присутност, но сега ќе бидат вооружени со пиштоли M17. Одлуката следи по наредбата на ...
Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) вели дека има магацини полни со храна, лекови и хигиенски средства во Јордан и Египет, но помошта е блокирана да ги внесе во Газа. „Додека гладот е потврден во Газа, имаме магацини полни со храна што чекаат да им биде дозволено да влезат“, соопшти агенцијата во објава на X. „Гладот во Газа може да се запре. Свртете ја тековната катастрофа – преплавете ја Газа со масовно зголемување на помошта ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска беше дел од церемонијата во главниот град Кијив, по повод Денот на националното знаме на Украина. „Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот“, рече Зеленски. Денот на националното знаме на Украина се слави секоја година на 23 август. Овој национален празник официјално беше востановен во 2004 година од претседателот Леонид Кучма во чест на вековната историја на градењето на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Чикаго и Њујорк, градови управувани од демократите, ќе бидат следните што ќе бидат ставени под контрола на федералните сили, како главниот град Вашингтон, со цел борба против криминалот. Трамп минатата недела изјави дека криминалот во главниот град на САД е надвор од контрола и распореди припадници на Национална гарда и федерални агенти на улиците на Вашингтон. – Ќе ги направиме нашите ...
Гислен Максвел, поранешната соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, во интервју со американските власти изјавила дека долго дискутираниот „клиентски список“ всушност не постои. Според објавените транскрипти од разговорот со заменик-генералниот обвинител Тод Бланш, Максвел рекла дека не била сведок на никакво несоодветно однесување од страна на поранешните американски претседатели Доналд Трамп и Бил Клинтон. Таа исто така ...