Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Лицата ангажирани во изборната администрација, други мониторинг мисии, функционери и активисти на политички партии и кандидати – немаат право на учество на повикот на ЦИВИЛ. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се ...
Членката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху за МИА потврди дека денеска поднела тужба до Управниот суд во врска со упатството што го изгласа ДИК за бројот на општински советници. Оваа тужба доаѓа откако Владата ја испрати одлуката за бројот на советници до ДИК иако ова прашање е регулирано со Законот за локална самоуправа. Како резултат на тоа, во 14 општини ќе биде намален бројот на советници. Шеху првично на седница побара ...
Коалицијата ВЛЕН денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи. -ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се ...
ВОЈО МАНЕВСКИ Темата која е застапена во медиумите во регионов веќе цело лето е високите цени на храната и ударот врз семејниот буџет со почетокот на новата учебна година. Тоа е и логично поради сличноста на навиките и културолошките одлики на народите кои живеат во регионот. Но, предложените владини мерки за надминување на проблемот се толку слични што ми изгледа како да се координираат министрите или барем разменуваат мислења околу нив. ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија ...
Светските лидери и новинарските групи реагираа на израелскиот напад во понеделникот врз болницата Насер во Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 20 лица, вклучувајќи пет новинари кои работеа за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други. „Комитетот за заштита на новинарите ги осудува израелските напади во кои загинаа пет новинари во болницата Насер во јужна Газа и ја повикува меѓународната заедница да го смета Израел за одговорен за неговите ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Фудбалски младински натпревар заврши со физичка пресметка Осум дена притвор во кумановскиот затвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Оваа пресуда доаѓа по вчерашниот тежок инцидент во Штип на натпреварот на младинските екипи ...
Германија нема да им се придружи на партнери како Канада и Франција во признавањето на палестинската држава, изјави канцеларот Фридрих Мерц денеска по средбата со канадскиот премиер Марк Карни, јави ДПА. -Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива, рече Мерц на заедничката прес-конференција со Карни во Берлин, додавајќи дека „не сметаме дека условите за признавање на државата се исполнети на кој било начин во моментов“, пренесе германската ...
Предвремените претседателски избори во Република Српска најверојатно ќе бидат распишани во текот на оваа или најдоцна следната седмица, објавија медиумите во Босна и Херцеговина. Повикот е испратен врз основа на одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ од 6 август 2025 година, со која е утврден престанокот на мандатот на Додик. Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ на 6 август утврди престанок на мандатот на претседателот на ...
Пропагандата е форма на комуникација што користи вистинити или лажни информации за да влијае и да манипулира со мислењето, емоциите и однесувањето на луѓето. Во изборен контекст, терминот пропаганда има специфично значење и се разликува од обичното политичко рекламирање или информирање. Што е пропаганда за време на избори? Пропагандата во изборен контекст е систематско ширење на пораки со цел да се убеди или придобие јавноста за одредена ...
Академскиот пленум на Србија предупреди дека директорите на основните и средните училишта во Србија можат да сносат правна одговорност доколку се докаже дека на наставници не им се продолжуваат договорите за работа поради учество во граѓански и студентски протести. „Доколку договорот е продолжен на наставници што не учествувале во протестите, а ускратен на оние што ги поддржале студентите и учествувале во обуставата на наставата, станува збор ...
Одамна е познато дека едно од најсилните оружја на руската воена машинерија се дезинформациите и пропагандата. Тие се покажаа како смртоносни и разорни, преминувајќи граници и култури и нанесувајќи штета на цивилното население без бомби и куршуми. Во оваа војна се користат софистицирани алатки – од слики генерирани со вештачка интелигенција, до фабрикувани содржини и лажни наративи. Често овие конструкции се препакувани во локални приказни за ...
Ветото на полскиот претседател Карол Навроцки на законот за проширување на поддршката за украинските бегалци нема да го прекине пристапот на Украина до комуникациската мрежа Старлинк, изјави на 25 август шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки, пренесува Кијив Индипендент. Богуцки ги отфрли обвинувањата на полскиот вицепремиер Кшиштоф Гавковски дека ветото ефикасно ќе ја прекине полската поддршка за Starlink интернетот за Украина ...
Малцинската влада на Франција би можела да биде соборена следниот месец откако три главни опозициски партии изјавија дека нема да го поддржат гласањето за доверба што премиерот Франсоа Бајру го најави за 8 септември поради неговите планови за сеопфатни намалувања на буџетот, пренесува Си-ен-ен. Екстремно десничарскиот Национален собир и Зелените изјавија дека ќе гласаат против него. Социјалистите, од чиј глас зависи во голема мера судбината ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека веднаш ќе ја отстрани функционерката на Федералните резерви, Лиса Кук, од нејзината позиција, што е голема ескалација во неговата битка против американската централна банка, пренесува Би-би-си. Тој рече дека има „доволна причина“ да се верува дека Кук дала лажни изјави за договорите за хипотеки и се повика на уставните овластувања кои, според него, му дозволуваат да ја разреши. Како одговор, Кук ...
Австралија го протера иранскиот амбасадор во Канбера откако разузнавачката агенција на земјата откри дека Иран стои зад најмалку два антисемитски напади на австралиска територија, пренесува Си-ен-ен. Австралиската безбедносно-разузнавачка организација (ASIO) го поврза Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда (IRGC) со два палежи минатата година, насочени кон ресторан во сопственост на Евреи во Сиднеј и синагогата Адас Израел во ...
Протести се одржуваат низ Израел, додека главната група што се залага за заложниците во Газа одржува ден на демонстрации со кои бара оние што се држат како заложници да се вратат дом, пренесува Би-би-си. Сликите покажуваат дека главните патишта се блокирани од демонстрантите од Форумот за заложници и исчезнати семејства, пред митинзите што ќе се одржат во израелските градови подоцна Околу 1.200 луѓе беа убиени, а 251 други беа одведени во ...
Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице осомничено дека извршило грубо насилство на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, вчера за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата, според Обвинителство, тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди, а освен тоа, кај ...
И на минатиот редовен петочен граѓански форум на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кое е вашето прашање до властите и политичарите?, граѓаните упатија низа остри критики и барања, со јасна порака дека трпението е при крај. Правда и одговорност Најчести реакции се однесуваат на потребата од вистинска правда и завршување на практиката на селективна одговорност. „Доста беше привилегии, правда мора да има за сите. Крупните риби од сите власти во изминативе 35 ...
Пожарникарите во понеделник, петти ден по ред, се бореа со масовниот пожар во рафинеријата за нафта Новошахтинск во јужна Русија по украинскиот напад со беспилотни летала, дел од интензивираните напори на Кијив да го таргетира рускиот енергетски сектор и да ја ослабне својата воена машинерија. Украина спроведува стратегија на напади во Русија уште од почетокот на војната, која беше предизвикана од инвазијата на Москва во февруари 2022 година. ...
Опозицијата жестоко реагира на последните потези на власта во однос на изборниот процес, оценувајќи дека се отвораат сериозни можности за манипулации и злоупотреби во корист на владејачката партија. Според нив, однесувањето на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски е показател за стравот од губење на голем број гласови на следните избори. Во јавноста веќе се коментира дека ВМРО-ДПМНЕ изгубилe над 100 илјади гласови во изминатиот период, а ...
Септември ќе биде последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори, до кога треба да се заокружат сите закони што пристигнале во процедура. Собранието во септември ќе заседава двапати – на 2 и на 12 септември, за да се донесат сите закони кои пристигнале во процедура пред почетокот на кампањата за локалните избори. Ова денеска го најави собранискиот спикер Африм Гаши на редовниот понеделнички брифинг со новинарите. ...
ЕРОЛ РИЗАОВ Постојат многу едноставни начини како да ги препознаете лагите на политичарите. Исто како и измамите на разни надрилекари кои хараат на социјалните мрежи нудејќи лек за сите болести и страдања. Требаше тие што преживеаја досега, после три ипол децении „демократија“, години на слободно лажење и пропаганди, ова да го научат добро, ама ете успеваат постојано да нѐ излажат. Повеќе сакаме да им веруваме и кога знаеме дека нѐ лажат. ...
Германската армија прави „голем напредок“ кон борбената готовност, според шефот на армијата, генерал-полковникот Алфонс Маис. Меѓутоа, Маис предупреди дека може да се случи воен застој или напад пред војниците да имаат доволно време да се подготват, во коментарите за дпа. „Мора да бидеме свесни дека ако алармот се вклучи, тоа би можело да нé погоди во субоптимална состојба или во помалку од оптимално време. Командантите треба умствено да се ...
Франција го повика американскиот амбасадор во Париз откако дипломатот Чарлс Кушнер му напиша писмо на францускиот претседател Емануел Макрон во кое тврди дека земјата не направила доволно за борба против антисемитизмот, пренесува Асошиејтед Прес. Министерството за надворешни работи на Франција издаде соопштение во неделата во кое објави дека го повикало Кушнер да се појави во понеделник во француското Министерство за Европа и надворешни ...
По вчерашниот тежок инцидент во Штип по натпреварот на младинските екипи (генерација 2009-2010) на Брегалница и Шкупи од Чаир, во кој беа повредени две малолетни лица, Министерството за внатрешни работи информираше дека е приведен 43 годишен родител. Повредените лица се фудбалери на Брегалница, а како што соопштуваат од МВР, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички ги нападнал и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Северна Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари. Активни се пожарите во Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во Општина Гевгелија на планината Кожуф (висока шума). Како што информира ЦУК изгаснати се 24 пожари: -Општина Шуто ...
Министрите за одбрана на Украина и на Литванија, Денис Шмигал и Довиле Шалалијене потпишаа документ за намери за заедничко производство на одбранбени средства, со цел да се зајакне безбедноста на двете држави. – Заедно се фокусираме на започнување заедничко производство, особено на создавање беспилотни летала со долг дострел, наведе Шмигал. Тој и се заблагодари на Шалалијене за посетата на Украина и „продуктивната интеракција“, потенцирајќи ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет им нареди на војниците на Националната гарда да почнат да носат огнено оружје при патролирањето по улиците на Вашингтон, како дел од построгите мерки за спроведување на законот на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска Пентагон. Овој потег претставува ескалација на интервенцијата на Трамп во полициската работа во главниот град на САД и доаѓа во време кога речиси 2.000 членови на ...
Еден од трите доминантни наративи на албанскиот блок во пресрет на локалните избори се ЕУ интеграциите. Како што се вели во анализата на Дијана Тахири „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“, се и прашањата за јазичните и институционалните права кои се користат за мобилизација на гласачкото тело. ДУИ редовно ја користи рамката „чувар на мултиетничноста“ и реагира на инциденти и ...