Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Нема договор додека нема договор, изјави Трамп по самитот во Алјаска. Следниот пат во Москва, порача Путин, на заминување од Анкориџ. Во меѓувреме, додека траеја разговорите за постигнување мир, руски беспилотни летала ја „посетија“ Украина. Со борбени авиони, црвен тепих и надежен слоган – „Pursuing peace“ – залепен на ѕидот, американскиот претседател Доналд Трамп го пречека својот руски колега Владимир Путин на самитот во Алјаска во петокот, ...
Додека Трамп и Путин се среќаваа во Алјаска, Русија лансираше 85 борбени беспилотни летала и балистичка ракета насочена кон територијата на Украина, соопштија украинските воздухопловни сили во саботата, објави Гардијан. Териториите на фронтовската линија во регионите Суми, Донецк, Чернихив и Дњепропетровск беа цел на ноќните напади, соопштија воздухопловните сили на апликацијата за пораки Телеграм. Тие наведоа дека нивните единици за воздушна ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ. Во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со ...
ВЕСТ НА ДЕНОТ Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта Независната кандидатка за градоначалничка, поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска на својот Фејсбук профил објави дека добила кривична пријава и обвини за притисок од власта.. ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Русија треба да се согласи на прекин на огнот со Украина кога претседателот Владимир Путин ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во ...
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, реагираше на тековните протести во Србија. Concerned by the second night of violent protests in Serbia, with dozens injured. I call for calm and respect of the right to peaceful assembly. Serbian authorities must uphold Council of Europe standards. The rule of law and respect for human rights must prevail.@MFASerbia — Alain Berset (@alain_berset) August 15, 2025 Осврнувајќи се на протестите ...
На денот на преговорите, Русите убиваат. И тоа зборува многу, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи. On the day of negotiations, the Russians are killing as well. And that speaks volumes. Recently, weʼve discussed with the U.S. and Europeans what can truly work. Everyone needs a just end to the war. Ukraine is ready to work as productively as possible to bring the war to an end,… pic.twitter.com/tmN8F4jDzl — ...
Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што беше емитувано во живо од прес-службата на Белата куќа. Преговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа во Алјаска за можен крај на руско-украинската војна. Разговорот се одвива во една од ...
Државната изборна комисија со распишувањето на изборите на 9 август, го објави и Роковникот за локалните избори на 19 октомври. Избирачки список и јавен увид за локалните избори 2025 ДИК го добива списокот на граѓани од МВР веднаш по распишувањето на изборите, а јавниот увид во Избирачкиот список ќе се одвива од 23 август до 11 септември. Во овој период, граѓаните можат писмено или по електронски пат да побараат запишување, дополнување или ...
Пред денешниот американско-руски самит за војната во Украина, Јулија Навалнaja, сопругата на починатиот под мистериозни околности опозициски лидер Алексеј Навални, го повика претседателот Владимир Путин да ги ослободи сите политички затвореници. – Овој чекор би влегол во историјата. Само направете го, изјави таа во видео-порака упатена до учесниците на самитот во американската сојузна држава Алјаска. Навални почина во казнена колонија во 2024 ...
Каква порака сака да испрати министерот за надворешни работи на Русија Лавров кога се појави во Алјаска со маица на Советскиот Сојуз?, прашува поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билд во објава на „Х“. What message is FM Lavrov 🇷🇺 intending to send when he turns up in Alaska with a Soviet Union T-shirt? He wouldn’t do this just by chance. The Soviet Union was a miserable failure as society and economy. ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост за начинот на кој продолжува да се спроведува платеното политичко рекламирање (ППР) во онлајн медиумите. Во пресрет на локалните избори, ЗНМ повторно укажува на недостатокот на критериуми и регулација во овој сегмент, што овозможува „сомнителни“ портали без транспарентност да добиваат значителни буџетски средства, се вели во соопштението што го пренесуваме во целост. ...
Државната комисија за спречување на корупцијата на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател. Ристовска ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци. Која е Цвета Ристовска? Пред да стане дел од антикорупциската комисија, Ристовска била ангажирана на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје како предавач или гостин предавач. Во јавноста се појавија сомнежи за потенцијален ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет е на пат кон Алјаска, тој е во авион одделно од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави функционер од одбраната за Си-Ен-Ен. Хегсет не беше меѓу функционерите на списокот на оние кои патуваат со американскиот претседател на неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за војната во Украина. Медиумот, исто така, објави дека претседателот на Здружениот штаб на ...
Во изборен контекст, медиумите имаат клучна улога во информирањето на јавноста, проверката на фактите и овозможувањето на плурализам во дебатата. Тие треба да бидат мост меѓу политичките актери и граѓаните, обезбедувајќи рамноправен пристап и непристрасно покривање. Сепак, во пракса, дел од медиумите стануваат продолжена рака на политички кампањи, пренесувајќи селективни информации, сензационализирачки наративи и дезинформации. Ова може да ...
Независната кандидатка за градоначалничка, поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска на својот Фејсбук профил објави дека добила кривична пријава и обвини за притисок од власта. „Синоќа во 20:30ч двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, ...
Многу германски медиуми објавија за немирите во Србија во последните денови. Слики од Нови Сад и Белград беа објавени во телевизиските вести во ударниот термин на јавниот сервис ARD. Пократки извештаи за настаните беа објавени од многу медиумски портали и печатени весници. Во продолжение се извадоци од карактеристични текстови за овие настани, кои ги објави Дојче Веле на српски јазик. Берлински „Тагесцајтунг“: „Девет месеци, ко-протестите против ...
Мнозинството граѓани на САД не му веруваат на претседателот Доналд Трамп во неговиот пристап кон војната што ја започна Русија против Украина, покажува анкетата на истражувачкиот центар Пју објавена пред средбата на Трамп со Путин. Пред средбата на двајцата претседатели во Алјаска во петок, 59% од Американците велат дека не се уверени дека Трамп може да донесе мудри одлуки за војната меѓу Русија и Украина. Четири од десет изразуваат доверба во ...
Се навршуваат седум дена откако владата на Албанија го исклучи сигналот на телевизијата Њуз 24, а од Репортери без граници изразија загриженост за правата на новинарите. Според нив, во Албанија е нарушен информативниот плурализам, пишуваат албанските медиуми. ЦИК на Косово објави дека за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, се регистрирале над 100 политички субјекти, меѓу кои 33 политички партии, две коалиции, 35 независни ...
Во контекст на денешниот избор на Цвета Ристовска за заменик претседател Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), да се потсетиме која беше Цвета Ристовска пред да стане дел од антикорупциската комисија. Како што пишува Драган Мишев во текстот „ГОРДИЕВ ЈАЗОЛ: Инкриминирана диплома на Бојан Христовски, факултетот за туризам „Скопје“ и мистериозната смрт на деканот Кожухаров, Антикорупциска и Цвета Ристовска“, еден од двата главни ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, синоќа нагласи дека одлуката на израелските власти да продолжат со планот за изградба на населби во областа Е1 дополнително ќе го поткопа решението со две држави и ќе претставува кршење на меѓународното право, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЦ). -Доколку се спроведе, планот за населување во оваа област трајно ...
Шумски пожари годинава, заклучно со 12 август, уништиле повеќе од 511.000 хектари низ Европската Унија, покажуваат податоците на Европскиот систем за информации за шумски пожари (EFFIS). Оваа бројка е повеќе од двојно поголема од просечната површина опожарена во истиот период меѓу 2006 и 2024 година. Бројот на пожари од почетокот на 2025 година надминал 1.600, што е повеќе од двојно во однос на просекот од 717 во изминатите 20 години, пренесе ...
Владата најави дека од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. „Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 ...
По 11 дена разговори во Обединетите нации во Женева, преговарачите не успеаја да постигнат договор за глобален договор за справување со кризата со загадувањето со пластика. Клучна точка на сопнување останува дали договорот треба да воведе ограничувања на производството на пластика и правно обврзувачки контроли на токсичните хемикалии што се користат во неговото производство. Најновиот нацрт на договорот, објавен утрово, потврдува дека сегашните ...
Израел се чини дека е подготвен да даде формално одобрение за планирање на многу контроверзен проект за населување за повеќе од 3.400 нови домови, кој е замрзнат со децении и за кој критичарите велат дека ќе го подели окупираниот Западен Брег на половина, објави Гардијан. На остро спротивставен од меѓународната заедница, таканаречениот план Е1 би ја проширил постојната еврејска населба Маале Адумим кон Ерусалим, дополнително одвојувајќи го ...
Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува дека постапката по овој оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на ...
На антивладините протести на 14 август, кои беа повикани од студенти кои со месеци ги блокираат високообразовните институции во Србија, беа регистрирани неколку инциденти, објави РСЕ на српски јазик. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека најмалку 42 полицајци биле повредени за време на протестите, неколку од нив се сериозно повредени и дека 37 лица се приведени. Според РСЕ, во Белград имаше неколку инциденти, а во Нови Сад беа ...
ВМРО-ДПМНЕ од денеска продолжува со мерењата за кандидатурите за престојните локални избори, а на почетокот на септемри ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на партијата, изјави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, нагласувајќи оти очекува до почетокот на следниот месец да бидат познати сите параметри. Мицкоски денеска во Штип одговарајќи на новинарски прашања за кандидатурите за истокот, но и за соработката со ...
Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на инстабулската општина Бејоглу, Инан Гунеј, беа приведени утрово во истрага за корупција во општина Истанбул, во која беа уапсени градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и неколку други високи функционери од главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) на 19 март, објави ТРТ Хабер, пренесе МИА. Според обвинението од страна на Главното јавно обвинителство на Истанбул, 35 лица се ...
На територијата на Р.С. Македонија има вкупно 29 пожари на отворен простор, јавуваат од Центарот за управивање со кризи. Активни 2, под контрола 1, изгаснати 26. АКТИВНИ (2): 1. Општина Македонски Брод 1: Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума) 2. Општина Јегуновце: помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта) ПОД КОНТРОЛА (1): 1. Општина Македонски Брод 2: с. Девич – с. Грешница (ниска вегетација) ИЗГАСНАТИ (26): 1. Општина Демир Хисар: ...
Проукраинските демонстранти се собраа по патот во центарот на Анкориџ во четврток, во пресрет на разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во американска воена база надвор од главниот град на Алјаска, пренесува Си-ен-ен. Демонстрантите мавтаа со украински знамиња, како и транспаренти во сино-жолтите бои на земјата, барајќи Трамп да не му даде никакви отстапки на Путин во замена за тоа Кремљ да ...