Повеќе од 7.000 деца под петгодишна возраст беа ставени на програми за закрепнување од акутна неухранетост во клиниките управувани од УНИЦЕФ во Газа за само две недели од минатиот месец, покажуваат бројките, објави Гардијан. УНИЦЕФ го собира вкупниот број за август, но се очекува да надмине 15.000 нови пациенти, повеќе од седум пати повеќе од вкупниот број во февруари. Минатиот месец беше прогласен глад во градот Газа, на север од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална средба во Москва, возвраќајќи со предлог рускиот лидер да го посети Кијив, во интервју за ABC News. „Тој може да дојде во Кијив. Јас не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракети, под напади, секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, рече Зеленски. Според него, предлогот на Путин всушност имал за цел одложување на ...

Хрватска планира да се приклучи на меѓународната Коалиција за дронови предводена од Летонија и Велика Британија, чија цел е безбедна набавка на беспилотни летала и поддршка на Украина, соопшти хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. Радман, кој е во официјална посета на Рига, истакна дека Хрватска и Летонија споделуваат слична историја и се добри партнери, со простор за унапредување на соработката. Коалицијата за ...

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓу владина конференција со Европската uнија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда”. -На 2 септември, Албанија ја поднесе својата преговарачка позиција за следното групно поглавје, додека сега е официјално потврдено дека следната меѓувладина конференција за отворање на групното поглавје на „Зелената агенда“ ќе се одржи на 16-ти овој месец, објавија медиумите. Додаваат дека отворањето на ...

Српската полиција откако доцна синоќа почна да растерува демостранти во Нови Сад, упадна по полноќ во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад и со нив беше и ректорот Дејан Мадиќ. Зградата на Ректоратот е под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата. Студентите во блокадата објавија на социјалните мрежи дека има студенти, професори, граѓани и медицински работници се во зградата на Ректоратот, и дека полицијата ги ...

Во касарната „Илинден“, по повод 8 Септмври – Денот на независноста, утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба. „Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 7-ми септември 2025 година (недела), со почеток во 18.00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на 1 плотун од 6 артилериски орудија и со почеток во 19:00 часот ...

Трамп, очигледно заведен од видео од протестите во 2020 година, се заканува дека ќе испрати војници во Портланд, објави Гардијан. Претседателот на САД го погреши обемот на митинзите против мразот откако телевизискиот извештај користи стари снимки од демонстрациите за Џорџ Флојд Доналд Трамп им рече на новинарите дека можеби ќе испрати војници на Националната гарда во Портланд, Орегон, очигледно затоа што бил заведен за обемот на малите ...

На прашањето што ЦИВИЛ го постави на својата Facebook страница – „Што мислите за воведување на вештачка интелигенција во образованието?“ – пристигнаа бројни коментари и мислења од граѓаните. Одговорите покажуваат длабока поделеност во јавноста, но и голема загриженост за иднината на образованието во земјава. Силна недоверба кон образовниот систем Голем дел од коментарите се критички настроени, не толку кон самата вештачка интелигенција (ВИ), ...

Со приближувањето на локалните избори, етничкиот национализам повторно се користи како најевтин, но и најопасен политички инструмент. Во само неколку дена, во Битола, Тетово и Велес се случија серија етнички инциденти – физички напади, навреди и графити со говор на омраза. Заеднички именител: младите – како извршители или жртви, се наведува во анализата „Национализмот повторно на сцена: Младите како „топовско месо“ во предизборната кампања“, ...

Израелските сили уништија висока кула во густо населен дел од градот Газа и предупредија на понатамошни напади врз повеќекатните згради, додека ја интензивираат својата кампања за преземање на контролата врз главниот град,објави Ал Џазира. Во петокот, израелската војска им нареди на луѓето во кулата Муштаха, 12-катна зграда лоцирана на западната страна од градот Газа и опкружена со стотици импровизирани шатори, да се евакуираат, а подоцна ја ...

Само од почетокот на септември рф употреби против Украина повеќе од 1300 ударни дронови, речиси 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети од различни типови. рф продолжува да ја одолговлекува оваа војна, напиша на ИКС украинската амбасадорка, Лариса Дир, на 1291 ден од руската инвазија во Украина. Украина се бори. #StandWithUkraine Ден 1291. Само од почетокот на септември рф употреби против Украина повеќе од 1300 ударни дронови, речиси 900 ...

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 15 септември, 17 часот. Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите кои ќе се одржат на почетокот на октомври. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. На обуките ќе бидат потпишан договор за ...

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ и Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, во интервју за Фронтлајн вели дека блокадата на патот кон ЕУ е најголемата услуга за „српскиот свет“ и дека Владата ја претвора Северна Македонија во ембрион на српско-руското влијание. За Општина Чаир Османи истакнува дека е најзагадената општина во Скопје, најнетранспарентната и најхаотичната општина во Скопје. „Затоа јас сакам да направам ...

Финска се приклучува кон декларацијата за мирно решавање на палестинското прашање и спроведување на решение за две држави, се вели во соопштението на нордиската земја, јавува Ројтерс. Декларацијата е резултат на меѓународната конференција во ОН во јули, организирана од Саудиска Арабија и Франција, посветена на деценискиот конфликт. САД и Израел го бојкотираа настанот. „Процесот предводен од Франција и Саудиска Арабија е најзначајниот ...

Суданските паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) извршија повеќекратни злосторства против човештвото за време на опсадата на Ал-Фашир – главниот град на федералната држава Северен Дарфур, објави денеска мисијата формирана од Обединети нации. Во извештајот се наведува дека и во другите делови на Судан се извршени бројни други злосторства, и од страна на бунтовниците и од страна на суданската армија за време на граѓанската војна, што трае ...

Во текот на изминатиот ден, руските окупатори извршија 476 напади врз 15 населени места во областа Запорижја, објави Иван Федоров, шеф на регионалната воена управа на Запорижја, на Телеграм, пренесе Укринформ. Руските трупи извршија пет воздушни напади врз Успенивка, Новоандриевка, Червона Криница и Малинивка. 334 UAV со различни модификации (главно FPV) ги нападнаа Червоноднипровка, Запасне, Степнохирск, Плавни, Хулиаиполе, Шчербаки, ...

Со приближувањето на локалните избори, национализмот повторно се користи како најевтино, но и најопасно политичко оружје. Во само неколку дена, во Битола, Тетово и Велес се случија серија етнички инциденти – физички напади, навреди и графити со говор на омраза. Заедничко за сите е што младите се во првите редови – како извршители или како жртви. Навивачките групи се претвораат во паравоени структури кои шират страв и омраза, додека ...

Лидерот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски и официјално е кандидат за нов градоначалнички мандат во Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини. На вечерашната седница на Извршниот и Централниот одбор е одлучено ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои советнички листи во повеќе од 50 општини. – Движењето ЗНАМ – За ...

Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши вечерва соопштија дека седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за денеска во 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи на 10 септември. Од собраниската прес-служба информираат и дека за истиот ден е предвидена и надзорна посета ...

По вчерашното закажување на сединца на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, денеска пристигна вест за нејзино одложување без наведено образложение од Собранието. Сединицата требаше да ја води пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Како што соопшти на прес конференција седницата се одложила, неофицијално, поради утната процедура или погрешна примена на Деловникот, и поради тие ...

Британската вицепремиерката и министерка за домување, Анџела Рејнор денеска поднесе оставка откако призна дека платила помалку данок за нејзиниот нов дом. – Длабоко жалам за мојата одлука да не барам понатамошни даночни совети. Преземам целосна одговорност за оваа грешка, напиша Рајнор во писмото упатено до премиерот Кир Стармер. Рејнор основала фонд за еден од нејзините синови, кој е хендикепиран, а потоа го продала својот удел во семејната ...

Европската комисија го казни Гугл со 2,95 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила со спречување на конкуренцијата на пазарот на рекламни технологии, и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни тарифи на ЕУ „доколку дискриминира американски компании“. Американскиот технолошки гигант ги фаворизира своите услуги на штета на конкуренцијата на пазарот на огласувачи и онлајн издавачи, објави ...

ДРАГАН МИШЕВ Додека Владимир Путин маршираше на чело на парадата за Денот на победата во Пекинг заедно со Си Џинпинг, Ким Џонг Ун и Лукашенко, таму беа и тројца претставници на ЕУ: Роберт Фицо, премиер на Словачка, Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија и Атанас Зафиров, вицепремиер на Бугарија. Нивното присуство не беше само симболично – туку беше срамнo. Стоејќи покрај автократи, воени злосторници и брутални диктатори, тие ...

Разумно е на Северна Македонија да и се гарантира дека нема да бараме да прави ништо повеќе подоцна, откако ќе го стори она што сега го очекуваме и сакаме од неа, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија. – Северна Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и ...

Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември, се вели во соопштението за медиумите на НАТО. Таа ќе одржи неколку билатерални средби. За време на посетата, Шекеринска ќе ги посети војниците од Мултинационалната борбена група на НАТО „Бугарија“ во базата во Ново Село и ќе ја набљудува вежбата на НАТО за итен одговор „Бугарија 2025“ во Центарот за обука на професионални први одговорници во ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во објава на Фејсбук сподели дека претседателот на САД Доналд Трамп и упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Сиљановска Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување. – Искрена благодарност до ...

Случајот со апсењето на две лица во Хрватска под сомнение за шпионажа за Србија, објавен кон крајот на август, продолжува да биде полн со непознати, како и активноста за која се обвинети дека ја извршиле на Косово, пишуваат косовските медиуми. Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за ТВ Клан изјави дека самитот на НАТО што ќе се одржи во 2027 година во Тирана ќе биде заштитен со дронови од албанско производство, објавија албанските ...

САД воведоа санкции против три палестински групи за човекови права кои побараа од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да го истражи Израел поради наводите за геноцид во Газа, според известување објавено на веб-страницата на Министерството за финансии на САД, пишува Гардијан. Трите групи – Палестинскиот центар за човекови права со седиште во Газа и Центарот за човекови права Ал Мезан, како и Ал-Хак со седиште во Рамала – беа наведени под она што ...

Обвинителството поднесе нов обвинителен акт против уште едно лице во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 62 лица, а над 220 беа повредени. Новообвинетиот, реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. Обвинението е поднесено до ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се соочува со недостиг на гас, објави „Москва тајмс“ на 4 септември, пренесува Кијив Индипендент. Изјавата доаѓа по неколкумесечната украинска кампања насочена кон енергетската инфраструктура на Русија, во обид да се изврши економски притисок врз Русија и да се поткопа нејзината способност да ја финансира својата војна против Украина. Зборувајќи на Источниот економски форум во Владивосток ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
83%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.34
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
98%
1000
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
94%
996
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Калај

48.47

Иридиум

221848.72