Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат, а откако ќе бидат ...

Цената на биткоинот порасна и надмина 100.000 долари за првпат во историјата, достигнувајќи нова рекордна вредност. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот се зголеми поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на СAД, Доналд Трамп, ќе усвои низа политики што ги поддржуваат криптовалутите. Оваа година, цената на биткоинот се зголеми повеќе од двојно и е зголемена за околу 45 отсто во четирите недели откако Трамп победи на ...

По пообилните врнежи од снег на повисоките места, патот до мијачкото село Галичник неколку дена е непрооден. Регионалниот ЦУК Тетово известува дека по добиената информација дека патот Маврово-Глаичник од 03.12.2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено е во контакт со Македонија пат – Пункт Маврово, од каде што известиле дека ќе прават договор со трети лица ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата. Регионалниот ...

Драги читатели, следејќи ги современите дигитални трендови и вашите потреби за брз, лесен и доверлив пристап до информации, со гордост ви ја претставуваме нашата нова мобилната апликација – „GPNewz MK“. Оваа апликација е дизајнирана да ви овозможи навремено информирање и да го олесни пристапот до најважните вести од Гостивар, Македонија и светот. Воедно, таа претставува дел од нашата посветена борба против дезинформациите, зацврстувајќи го ...

Симболично, со марш низ централните градски улици, подарување цвеќе и пораки на транспаренти Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар се приклучи во Меѓународната кампања 16 дена активизам против насилство врз жените. Својата активност ја организираа под мотото „Заедно за тебе, стоп за удари и навреди“. Како што рекоа целта е да се крене гласот против насилството, да се поттикнат жените да зборуваат за проблемот, да побараат помош и поддршка и да ...

На денешниот голем православен празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата божествена литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. Заедно со поглаварот на МПЦ на литургијата богослужеа Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф и Митрополитот на Повардарската епархија г.Агатангел. Црквата беше исполнета со верници ...

Православните верници денеска одбележуваат празник Воведение на Пресвета Богородица. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и ...

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study) што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и прв пат електронски, соопшти денеска ...

Предлогот на Фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години предизвика реакции во јавноста. Од Сојузот на синдикати на Македонија го оценија ваквиот предлог како сериозно загрижувачки и наместо тоа побараа сериозни политики за зголемување на вработувањето на младите и мерки за пристојна работа со почитување на правата од работен однос според меѓународните трудови стандарди. Од Владата, пак, велат дека во овој ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Сите граѓани, се навдува во денешното соопштение од МВР, кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. Сите капацитети ...

Неможноста за наоѓање добра работа, политичкото влијание при вработување, недовербата во правниот систем, пристапот до стипендии и образованието, корупцијата…Истражување спроведено меѓу млади лица, покажало дека ова се главните причини поради кои младите од полошкиот регион се иселуваат од родниот крај. Резултатите од истражувањето беа презентирани денес во Гостивар на јавна дебата. Половина од младите веднаш по завршување на средното училиште ...

Вообичаена заблуда за здравата храна е дека таа мора да биде скапа. Иако велнес културата често промовира скапи „суперхрани“, вистината е дека многу од најздравите намирници, како месото, овошјето, житарките, зеленчукот и мешунките, сè уште се достапни за сите нас. Секојдневната храна во продожение е преполна со хранливи материи кои го поттикнуваат вашето тело и го поддржуваат долгорочното здравје, а се одобрени од нутриционистите. Ореви Оревите ...

Во пресрет на новогодишното празнување, локалната самоуправа на Гостивар ги прави последните подготовки за украсување на градот. Гостивар ќе добие празничен лик, а плоштадот и булеварите ќе бидат разубавени со декорации, светилки и слично. Зависно од завршувањето на административните процедури, украсувањето би требало да почне викендов или на почетокот на наредната седмица. „Планирано е новогодишно украсување на Гостивар. До крај на оваа недела ...

Симболично на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември во мултифункционалната работилница за репарација „Прогрес“ во Гостивар, започна обуката со окупациона терапија наменета за овие лица. Учесниците во период од три месеци ќе имаат можност низ најразлични активности да развиваат креативност, вештини, да ја подобрат својата моторика, да научат многу нови нешта, да се дружат и социјализираат. Обуката, која е бесплатна, е овозможена ...

По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Министерот за социјала, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани беа во посета на Центарот за аутизам „Блу пазл“ во Гостивар. Направија обиколка, се запознаа со условите и функционирањето на центарот и поразговараа со родители на деца кои ги користат услугите на оваа установа. „Ова е ден кој нѐ потестува на нашата обврска и одговорност дека сме ...

Општината не може да пристапи кон изработка на нови урбанистички планови сѐ додека не се донесе Закон за ре-прогласување на Национален парк Маврово и не се усвојат зоните на заштита, додека состојбите на немање на урбанистички планови и неможноста да се издаваат решенија за градење придонеле на територијата на општината да се изградат голем број на бесправно изградени објекти, стои во извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ...

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1 919 695, од кои од резиденцијалните 679 245 се при-пеид претплатници, а 992 157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248 293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор. Податоците од Извештајот на Агенцијата за електронски комуникаци покажуваат дека со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку ...

Општината не може да пристапи кон изработка на нови урбанистички планови сѐ додека не се донесе Закон за ре-прогласување на Национален парк Маврово и не се усвојат зоните на заштита, додека состојбите на немање на урбанистички планови и неможноста да се издаваат решенија за градење придонеле на територијата на општината да се изградат голем број на бесправно изградени објекти, стои во извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ...

За денар поевтинуваат бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а за половина денар бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари, 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, 71 денар на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 69,5 денари на Екстра ...

Витаминот Д игра суштинска улога во поддршката на здравјето и развојот кај доенчињата, децата и возрасните. Неговото влијание опфаќа бројни аспекти, од зајакнување на имунолошкиот систем до изградба на здрави коски и мускули. Кај доенчињата, витаминот Д е од особена важност за развојот на основните функции и одржување на општото здравје. Зошто витаминот Д е важен за доенчињата? За новороденчињата, витаминот Д е клучен за градење силен имунолошки ...

Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа објави помилување за својот син, Хантер Бајден, кој беше обвинет за затајување даноци и поседување оружје додека бил под влијание на дроги. Помилувањето го ослободува Хантер од овие обвиненија, како и од сите потенцијални кривични дела што можеби ги сторил од 2014 до 2024 година. Оваа одлука ја потврди и самиот Хантер Бајден, кој потпишал изјава за примање на помилувањето. Реакциите на ова помилување се ...

Решавањето на овие прашања бара фокусирани напори за намалување на невработеноста и неформалната работа, особено кај жените Ромки. Создавањето можности за пристојно вработување и економска независност е од клучно значење за подобрување на социо-економскиот статус на ромската заедница. На оваа тема зборуваме со Елена Силјаноски, активистка со долгогодишно работно искуство во невладиниот сектор за унапредување на положбата на Ромите во општеството ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на Електродистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува а 19,8 проценти. Влијанието на цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија врз крајната цена по која потрошувачите ги плаќаат сметките ...

Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година. Од Фискалниот совет, кој е е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на ...

Народната банка денеска преку соопштение ги предупредува граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско ...

По првпат во последниот половина век, откриен е нов вид терапија против напади на астма. Тоа е лекот „Бенрализумаб“, којшто, како што се истакнува, се покажал многу поделотворен од постојните лекови при лекување тешка астма и напади на тн. хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), објавија научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија. Лекот се инјектира кај пациентите, при што се смируваат деловите од имунолошкиот систем што ...

Американците на „Црн петок“, потрошија околу 11 милијарди долари во онлајн набавки, што е за 10,2 отсто повеќе од минатата година, покажуваат податоците на Adobe Analytics. Компанијата наведува дека на „Црн петок“ Американците направиле најмногу онлајн купувања на шминка, производи за нега на кожа и коса, како и блутут звучници и машини за еспресо. Продажбата на играчки преку Интернет е зголемена за 622 отсто во однос на просечната дневна ...

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите за остварување на правото, а за ...

Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 101 извршител за работа на неопределено време. Како што е наведено во огласот се бараат: – 48 извршители (приправници – со или без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа и – 53 извршители (приправници – со или без работно искуство) со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно ...

Времето денеска (понеделник) претпладне ќе биде умерено до значително облачно со појава на слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 1 до 6 степени. Во вторник и среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
100%
1019
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
70%
1021
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.57
91%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
98%
1021
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.6
79%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
88%
1021
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
76%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.5864

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Платина

64479.52

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Сребро

2159.01

Цинк

3.04

Алуминиум

2.95