Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Два ножа и мачета биле пронајдени во возило со романски државјани на Граничниот премин Табановце, при што две лица биле приведени. – На 12.05.2025 на Граничен премин Табановце, при гранична контрола и преглед на патничко моторно возило со романски национални ознаки, управувано од А.Ф.Ј.(47) од Република Романија, биле пронајдени два ножа и мачета, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. Како што додаваат од полицијата, А.Ф.Ј. и ...
Судирите продолжуваат на индиско-пакистанската граница, откако Индија изврши напади врз, како што тврди, терористички цели во соседната земја во среда навечер. „Ги уништивме индиските воени бази на де факто границата“, изјави пакистанскиот министер за информации Атуалах Тарар за Скај њуз. Министерот тврди дека Пакистан убил „40-50 индиски војници“ по должината на де факто границата меѓу областите во спорниот регион Кашмир контролиран од Индија и ...
Меѓународната недела на медицинските сестри ги затекнува сестрите занемарени од здравствениот систем. Само минатата година околу 2000 медицински сестри заминале во европските земји во потрага по подобри услови, а оваа бројка годинава се очекува да биде уште поголема. Ниските плати, немањето напредок во кариерата, одговорноста за животот на пациентите, како и екстремно долгото работно време се дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат ...
Александер Серлот по добро ќе го памети Реал Сосиедад и вечерашниот натпревар на „Метрополитано“ стадионот кој се одигра во Мадрид, не само поради победата на Атлетико со резултат 4:0, туку и поради шоуто кое го приреди во првото полувреме. Норвежанецот постигна хет-трик во периодот од 7-та до 11-та минута и за точно 3 минути и 57 секунди трипати го матираше голманот на Сосиедад, а покрај тоа што се израдува на три погодоци, испиша и историја во ...
Има промени во пресрет на последното коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), затоа што Башкими скокна на второто место на табелата, иако е во исчекување на одлуката за спорниот меч со Кожуф. Башкими – Детонит Плачковица 3-2: Дербито меѓу Арсими и Македонија ЃП заврши без победник (0-0), па така Башкими со победа со доцен гол над Детонит Плачковица (3-2) го презеде второто место. Кумановци губеа на паузата, па направија пресврт, а ...
Барселона стана кошмар за Реал Мадрид и во четвртото овосезонско соочување со најлутиот ривал запиша четврта победа, овој пат најверојатно вредна нова титула во Примера. Последното „Ел Класико“ сезонава донесе неверојатен фудбал, спорни судиски одлуки, неколку промашени зицери, седум гола и победа на Барселона од 4-3 (4-2). Фудбалерите на двата најтрофејни шпански клуба одиграа спектакуларно прво полувреме на „Монжуик“. „Кралевите“ со два брзи ...
Пакистан ѝдаде ултиматум на Индија, барајќи прекин на воените операции или земјата ќе се соочи со понатамошна ескалација по индиските воздушни напади како дел од операцијата „Синдор“, започната како одговор на убиството на туристите во Кашмир. Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Мухамед Асиф, изјави дека Пакистан е „подготвен да ги заврши овие работи“ ако Индија ги прекине своите дејствија, но предупреди: „Ако Индија нападне, ние ќе ...
Бугарските и грчките медиуми се вознемирија од „советите“ што хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги упати на вчерашната официјална посета на Македонија, за да не потклекнува на уцените во евроинтегративниот процес. Од Бугарија, Милановиќ го обвинија за мешање во бугарско-македонските односи со советите до Македонија да си ги гледа сопствените интереси и да не подлегнува на уцените од Европската Унија. На Грција пак ѝ пречи што хрватскиот ...
Германскиот клуб Баер Леверкузен следната сезона ќе има нов тренер, откако Чаби Алонсо денеска потврди дека постигнал взаемен договор со раководството за крај на соработката. „Фармацевтите“ не успеаја да ја одбранат титулата во Бундеслигата, но шпанскиот стручњак ќе биде запаметен по одличните резултати кои ги постигна со Баер, кој се врати на врвот на германската фудбалска сцена, а стигна и до финалето на Лига Европа. – Оваа недела јас и клубот ...
Игор Стефановски Иџе овој викенд со нова трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Ќе ја вози патеката Рампа Да Фалпера во Португалија Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана. Стефановски по првите две трки во ФИА ...
Невообичаена слика на плоштад Македонија, млад маж висеше на неколку гајби и врзан за бандера со селотејп трака, автентичен протест од „Супорт Кочани“ кој го привлекуваше вниманието на присутните. Врзаниот кочанчанец има изгубено пет другари во пожарот во Пулс.. Кочани е непрепознатлив од 16ти март, повеќе од месец и половина нема живот таму граѓаните вриштат од болка но се слуша само тишината. Одлуката за герила акцијата од Супорт Кочани е да ...
Конзервативецот Фридрих Мерц е конечно избран за нов канцелар на Германија по второто гласање во Бундестагот, со што се избегна политичка криза во една од најбогатите и најмоќни европски земји. Партиите од владината коалиција која освои 328 места во 630-члениот Бундестаг, се согласија да му дадат втора шанса на Мерц, откако во првиот круг на гласање тој не ги доби потребните гласови, што претставуваше шок за Германија, Европа и светот. Во ...
Вторпат во историјата, а прв по 53 години, во финалето од Лигата Европа (вклучувајќи го и претходниот Куп на УЕФА), две англиски екипи ќе се борат за трофејот. Во сезоната 1971/72, во инаугуралното издание од Купот на УЕФА се сретнаа Тотнем и Вулверхемптон, а сега повторно во мечот за титулата ќе игра Тотнем, но противник ќе му биде Манчестер Јунајтед. Премиерлигашите и во возвратните дуели со своите ривали ја потврдија својата моќа и со нови ...
Македонската ракометна репрезентација впиша историски триумф на гостувањето во Талин, совладувајќи ја селекцијата на Естонија со убедливи 36-17. Ова е најголемата гостинска победа во историјата на нашата репрезентација, со што се испиша нова златна страница во македонскиот ракомет. Избраниците на Кире Лазаров доминираа од првиот свиреж на судијата, наметнувајќи силно темпо и прецизна реализација во нападот, како и цврста одбрана. Филип ...
На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот. „Денес, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што ...
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски најави дека за скоро ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за предметот кој го води скопското Јавно обвинителство за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. – Сè уште се преземаат дејствија и за тој предмет и ќе има одлука. Јавниот обвинител презема дејствија и набргу ќе има јавнообвинителска одлука – рече Коцевски. Тоа значи дека наскоро ќе се знае дали ќе се отвори истрага ...
Современата медицинска опрема во вредност од 18,6 милиони евра останува недоволно искористена или целосно неискористена поради недостиг на стручен кадар, простор и други предуслови, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот, кој опфаќа ревизија на успешноста на тема „Искористеност на современата медицинска опрема“, укажува дека дел од набавената технологија со години не е ставена во употреба, што го ограничува ...
Шкендија е новиот шампион на Македонија за сезоната 2024/2025, откако со 2:1 го совлада Работнички. Ова е петта шампионска титула во историјата на клубот, по оние освоени во 2011, 2018, 2019 и 2021 година. Во шестата минута тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот на Латифи. Во 33 минута за зголемување на предноста се погрижи Тамба. Во второто полувреме, гостите од Скопје успеаја да намалат на 2-1 со гол од пенал, кој го постигна Далеј во 62. ...
Екипата на ПСЖ го елиминираше Арсенал од полуфиналето во Лигата на шампионите, откако уште еднаш славеше над „топчиите“, овој пат со конечни 2-1 (севкупни 3-1), закажувајќи мега-пресметка во мечот за трофејот против екипата на Интер. Мечот започна со вистинска експлозија на Арсенал. Гостите влегоа во силен налет и веднаш опасно се заканија, одлични шанси имаше Деклан Рајс, а од три страни продираа Сака, Одегард и Мартинели. ПСЖ во воведните ...
Израелската војска ќе повикува десетици илјади резервисти за да ги „интензивира и прошири“ своите операции во Газа. Според началникот на Генералштабот, Ејал Замир во текот на неделата ќе испратат десетици илјади повици до резервистите „за зајакнување и проширување на нашите операции во Појасот Газа“. „Го зголемуваме притисокот со цел да го вратиме нашиот народ и да го победиме Хамас“,изјавил Замир. Според планот, Замир вели дека војската ќе ...
Горан Ангелов Ќосето, осуден за „27 април“ кој осум години помина зад решетки и излезе на лекување со повеќе дијагнози, упати порака до правосудните власти откако газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, излезе од притвор давајќи милиони како залог. „Да ви кажам кога ќе се вратам да лежам затвор,кога ќе прдне Тито! Доста скапуваме 8 год по зандани. Чисто да си знаете!“, напиша Ангелов. Осудените за „27 април“ велат дека чекаат правда. Тие бараа ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на странски инвестиции и тоа е еден од главните начини за подобрување на економијата, отворање на нови работни места и модернизација на државата, соопшти владејачката партија. „Најавена е инвестиција помеѓу половина милијарда и една милијарда, средства кои ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионална и експресни патишта. Дел од тие патишта ќе бидат реконструирани, а дел ќе се ...
Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март годинава бележи раст од 0.6 %. Индексот на Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 %, Облека и обувки за 1.5 %, ...
На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена полицијата издаде вкупно 1.452 казни за сообраќајни прекршоци. Според статистичките податоци што ги објави Министерството за внатрешни работи и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење. – По однос на останатите евидентирани прекршоци, ...
Скопјанец коментирал на објави на портали против Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство и омраза кон ЛГБТ заедницата, поради што Основниот кривичен суд Скопје го осуди на една година условна казна затвор за ширење расистички и ксенофобичен материјал на социјалните мрежи. Обвинетиот ја признал вината и прифатил дека делото кое му се става на товар го сторил во време, место и на начин како што е опишано во поднесеното обвинение. ...
Екипата на Интер е првиот патник во финалето од Лигата на шампионите во Минхен, откако во нов луд натпревар со Барселона славеше по продолженијата со 4-3, откако во судиското надополнување од регуларниот дел израмни на 3-3. Дербито во Милано започна со по една полу-шанса на двете страни, а од првата вистинска Интер поведе со 1-0. Голот на „Џузепе Меаца“го постигна Лаутаро Мартинез, но целата заслуга за тоа ја има бекот Дамфрис. Холандскиот ...
Покрај натпреварот од Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Струга кој заврши без голови, ова попладне се одигра цело коло во Втората македонска фудаблска лига, а финишот од средбите ни донесе и еден скандалозен момент. Башкими се бори за директен пласман во македонската фудбалска елита и води битка со Македонија Ѓорче Петров и Арсими, а ова попладне остана во игра благодарение на гол кој е срам за мак-фудбалот. Имено, фудбалерите на ...
Кина го доби првиот светски шампион во снукер во историјата, а таков подвиг и успех успеа да направи 28-годишниот Џао Синтонг. Тој вечерва го комплетираше убедливиот настап во финалето на најпрестижниот снукер турнир, Светското првенство кое традиционално се игра во Шефилд. Џао вечерва требаше да освои само еден фрејм во четвртата сесија и на крајот го победи велшкиот ветеран Марк Вилијамс со убедливи 18:12, а на патот до најважниот трофеј во ...
Медиа тимот на Европската ракометна федерација денеска сподели објава на социјалните мрежи за ТОП 5 ривалства во Европа. Ривалството меѓу двата најдобри македонски клубови, Вардар и Еурофарм Пелистер, се најде во нивниот избор на петтото место. Покрај двобојот на „црвено-црните“ и „зелените“ во Битола, во ТОП 5 се најдоа и оние од Унгарија, Полска и Франција, но и ривалството меѓу два гиганти од различни земји – шпанската Барса и германскиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија е одговорна за безбедноста на светските лидери кои ќе дојдат во Москва следната недела на големата воена парада на Денот на победата, додавајќи дека Украина не презема никаква одговорност за она што може да се случи тој ден. „Ја почитуваме одлуката на оние лидери кои планираат да присуствуваат на парадата на Путин, но Украина не сноси никаква одговорност за тоа што може да се случи на ...