Голем потпорен ѕид утрово ненадејно попушти и се сруши врз паркирани возила кај штипската болница, предизвикувајќи огромна материјална штета. За среќа нема повредени луѓе, објави Мнет. Од фотографиите и видеата објавени од местото може да се види дека големи бетонски блокови, огромно количество земја и камења згмечиле најмалку две коли. Едното возило е речиси целосно покриено од срушената конструкција, а врз другото паднала тешка метална ...

Двете монтажни катни гаражи кои Министерството за здравство и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ги најавија ќе никнат во близина на стара Гинекологија и во близина на хелиодромот во склоп на Клинички центар. Тие ќе понудат 500 нови паркинг-места за пациентите и вработените во клиниките. „Слободен печат“ се обрати на писмено во Град Скопје со прашањата на кои локации се двете монтажни катни гаражи, до кога треба да бидат изградени, ...

Од македонскиот пазар итно се повлекува производот „аптамил АР 2“, енг 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено контаминација со цереулид (cereulide), информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од Агенцијата апелираат потрошувачите кои веќе го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото од каде што го купиле. Цереулид е токсин отпорен на топлина произведен ...

Работната група за новиот изборен законик конечно ќе се формира откако Министерството за правда го добило од Собранието дописот со номинирани претставници од парламентарните партии и независни пратеници. По формирањето на работната група, се очекува да биде свикана конститутивната седница на која треба да се утврди начинот на работење. Неизвесно е кој ќе биде претседател на работната група, бидејќи неодамна амбиции да застане на чело на ...

Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте Попладневни вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте ...

На Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц им е понуден седумцифрен износ за книга во која би проговориле за конфликтот со неговите родители по нивната венчавка. Според пишувањата на британските медиуми, издавачката куќа „Пингвин рандом хаус“, која стои зад мемоарите на принцот Хари – „Резерва“, веќе води преговори со парот со цел да постигне договор. Неименуван извор тврди дека интересот кај издавачите е огромен. „Сите се борат да ...

Пиперките се еден од најомилените зеленчуци во нашата кујна и можат да се подготват на безброј начини. Меѓу традиционалните јадења што секогаш се враќаат на трпезата се и полнетите пиперки – старински рецепт кој најчесто се подготвува со мелено месо и ориз. Сепак, со текот на времето се појавија многу варијации на ова јадење, а денеска ви предлагаме поинаква, но исклучително вкусна верзија: пиперки полнети со компири и сирење. Потребни ...

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се согласи на мировен договор што веројатно би вклучувал отстапување на регионот Донбас на Русија, според осум лица запознаени со преговорите. Вашингтон, исто така, навести дека ќе ѝ вети на Украина повеќе оружје за да ја зајакне својата мирнодопска војска ако, како цена за мир со Русија, се согласи да ги повлече своите сили од ...

Кина со години ги хакирала мобилните телефони на високи функционери на Даунинг стрит, компромитирајќи ги членовите на кабинетот и откривајќи ги нивните приватни комуникации со Пекинг. Кинески хакери поддржани од државата ги таргетирале телефоните на некои од најблиските соработници на Борис Џонсон, Лиз Трас и Риши Сунак, помеѓу 2021 и 2024 година, открива „Телеграф“. Не е познато дали мобилните телефони на самите премиери биле исто така ...

Поранешниот претседателски кандидат на Ел Салвадор, Норман Кихано, кој беше осуден на 13 години затвор за поткуп на банди, вчера пристигна во централноамериканската земја за да започне со издржување на казната откако беше екстрадиран од американските власти, соопштија обвинителите, пренесуваат локалните медиуми. Норман Кихано, 79, беше осуден во отсуство во април 2024 година на судење по обвинението дека дал 100.000 долари на банди за ...

Новата Национална одбранбена стратегија на САД предупредува дека идните конфликти би можеле да се водат не само надвор од границите на земјата, туку и директно на територијата на Соединетите Американски Држави, објавува „Фокс њуз“. Во документот подготвен од Пентагон се наведува дека заедничките вооружени сили мора да бидат подготвени да ги одвратат противниците, но исто така, доколку е потребно, да спроведат „одлучувачки операции против ...

Речиси една година по пропаѓањето на договорот со албанската фирма „Ѓока констракшн“ за концесија и изградба на катни гаражи на паркингот при Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, конечно Град Скопје и Министерството за здравство го отпочнаа процесот за изградба на две нови монтажни катни гаражи со капацитет од 500 нови места за, како што велат, трајно решавање на паркинг-хаосот на Клинички. Таравари за малку ќе го „решеше“ паркингот Претходно, ...

Португалската полиција заплени рекордна количина од речиси девет тони кокаин откако пресретна подморница за дрога кај Азорските Острови, објавија медиумите денес. Подморницата ја превезувала најголемата пратка дрога досега пронајдена на таков брод што се движел кон Европа, објави „Гардијан“. Во полициската операција беа уапсени четири лица – тројца Колумбијци и еден Венецуелец. Португалската полиција соопшти дека ја запленила дрогата во ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 27 јануари, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Oвен Овни, денот носи потреба да се прилагодите на темпото на некој друг. Иако би сакале сè да завршите веднаш, околностите бараат трпение. Обрнете внимание на деталите во документите. Емоциите се засилени денес, но исто така се донекаде непредвидливи. Зафатените Овни можат да се скараат за ситница, додека слободните чувствуваат силна ...

Биткоинот денес се тргува со зголемена динамика на глобалните криптопазари, при што инвеститорите внимателно ги следат сигналите од макроекономските случувања и расположението на финансиските пазари. Најпопуларната криптовалута продолжува да бележи ценовни осцилации, карактеристични за пазар кој сè уште е под силно влијание на шпекулативни и глобални фактори. Биткоинот денес се тргува за 88.000 долари. Според пазарните податоци, биткоинот се ...

Владата на Италија прогласи вонредна состојба за јужните региони погодени од силна бураж, ветувајќи брза финансиска помош за обнова на патиштата и бизнисите погодени од лошите временски услови, објавија италијанските медиуми. Поројни дождови, силни ветрови и бранови високи до девет метри ги погодија пред два дена Сицилија, Сардинија и Калабрија. Властите проценија дека штетата е поголема од една милијарда евра, но нема пријавени човечки ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД распоредиле воена сила во близина на Иран која ја надминува големината на онаа што претходно беше концентрирана покрај брегот на Венецуела. Како што нагласи, ситуацијата со Иран останува „флуидна“, објавуваат светските медиуми, повикувајќи се на порталот „Аксиос“. „Имаме голема армада во близина на Иран. Поголема од Венецуела“, рече Трамп во интервју за порталот, без да навлегува во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба со Бугарија за откочување на евронтеграциите на државава. Муцунски вечерва во гостување на „Сител“ рече дека фокусот во евроинтеграциите на прв план го ставаме на домашните реформи и оти има задоволство и од Брисел, при што посочи дека Акцискиот план за заштита на малцинствата беше поздравен од ...

– Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот 1814.- Во Берлин умрел Јохан Готлиб Фихте, германски филозоф, еден од водечките претставници на германскиот класичен идеализам. Од делата познати му се „Наука на знаењето“, „Основа на целокупната теорија на науката“ и „Основа на природното право“. Роден бил на 19 мај 1762 година. 1822.- На собранието во Епидаур грчките востаници ја прогласиле независноста на Грција која Османлиското царство ја ...

Додека американскиот претседател Доналд Трамп ја менува глобалната политика, неговиот „Одбор за мир“ крена прашина во Европа, но и во регионот, пишува Еуроњуз. Косовската претседателка Вјоса Османи, на церемонија во Давос, го потпиша актот за основање на Трамповиот „Комитет за мир“. Судејќи според снимката, мошне еуфорично. „Имам целосна доверба дека оваа меѓународна организација ќе биде една од најуспешните организации во модерната историја ...

– Светски ден на холокаустот 1814.- Во Берлин умрел Јохан Готлиб Фихте, германски филозоф, еден од водечките претставници на германскиот класичен идеализам. Од делата познати му се „Наука на знаењето“, „Основа на целокупната теорија на науката“ и „Основа на природното право“. Роден бил на 19 мај 1762 година. 1822.- На собранието во Епидаур грчките востаници ја прогласиле независноста на Грција која Османлиското царство ја признало дури во ...

Многу луѓе се тушираат пред спиење за да си легнат чисти и опуштени. Меѓутоа, покрај нашите тела, технологијата може да внесе бактерии и во спалната соба. Според извештај на „Матрес некстеј“, мобилните телефони и паметните часовници носат повеќе бактерии отколку што повеќето луѓе претпоставуваат. Истражувачите зеле брисеви од 10 мобилни телефони и паметни часовници, како и од тоалетни школки, со цел да утврдат кои бактерии се присутни на ...

Се сеќавате ли на времето кога производите на „Југокерамика“ беа насекаде? Подолу ви ги претставуваме фотографиите од керамички шолји со сина линија кои беа стандарден дел од инвентарот во кафулиња, кантини, хотели, болници, ресторани и домови. Во тоа време, никој не им обрнуваше многу внимание бидејќи едноставно беа дел од секојдневниот живот. Најпопуларни беа два сета со сина и кафеава линија. Сетовите шолји се нарекуваа „Грич“ и „Арена“. ...

Ако сакате подобро да се запознаете себеси, направете го овој визуелен тест кој веќе изненади стотици луѓе со своите точни резултати, тој ќе ви овозможи да ги откриете аспектите што вашата потсвест ги крие од вас во одредени фази од животот. На илустрацијата на тестот за личноста, можете да видите природа и одредени предмети кои се веднаш очигледни со голо око. Одредени елементи на сликата ќе го привлечат вашето внимание по редослед на ...

Лошиот партнерски однос е нешто што тешко се дефинира. Добрата комуникација, меѓусебната искреност и непоколебливата посветеност се клучни елементи на здрава љубовна врска. Но, теоријата е едно, а праксата – сосема друго. Често не ги препознаваме однесувањата кои сериозно можат да ја нарушат емотивната врска, пишува „Е-клиника“. Психологот Марк Траверс, експерт за партнерска и брачна психотерапија, посочува дека четири негативни одговори на ...

Некои луѓе како да се родени под облаците. Каде и да одат, нешто тргнува наопаку. И додека други пливаат низ животот со леснотија, имаат среќа и сè оди по нивно, овој хороскопски знак како постојано да го влече своето сидро – и тоа право во калта. Астролозите не го штедат: го нарекуваат вечен губитник, магнет за несреќа, емоционален маченик. Иако има добри намери, честопати е погрешно разбран, изоставен или едноставно – заборавен. Кој е ...

Манекенката Бела Хадид сподели серија фотографии од вечера на јахта, каде што уживала во друштво на пријатели. Иако објавата прикажува опуштена атмосфера и добро расположение, вниманието на јавноста најмногу го привлече нејзиниот смел моден избор. Хадид ја истакна својата фигура во црн, прилепен фустан со целосно отворен грб и длабоки засечоци на задниот дел, под кои се забележувааат танга гакиќички. Комбинацијата ја надополни со црна маска ...

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на кандидатурата на Џихан Ахмед за членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Групата граѓански организации побара од Собранието да не ја именува Ахмед, поради повеќе причини. Факт е, велат од Мрежата, дека таа не ги исполнува законските услови. „Како потсетување, за член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Република Северна Македонија; да има ...

По три години работа во корпоративни финансии и продажба, Николас Склавос (25) донел смела одлука – дал отказ од работа и тргнал со еднонасочен билет за да ја истражи Азија. Оттогаш, овој Американец од Њу Џерси ги документира своите патувања на Тикток, а неговите следбеници постојано се зголемуваат. Тој сега сподели практични совети од сопственото искуство, од тоа како ги распределува своите заштеди, до тоа како бара евтино сместување и ...

Кина повеќе не е главен приоритет на американскиот Пентагон, префрлајќи го својот фокус кон татковината и западната хемисфера, се вели во влијателен нов стратешки документ, објави „Скај њуз“. Додека под поранешниот претседател Џо Бајден се сметаше за главен противник, Пекинг сега се смета за утврдена сила во Индо-пацифичкиот регион која само треба да се одврати од доминација над САД или нивните сојузници, според Националната одбранбена ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
100%
1000
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
9.77
72%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
89%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
93%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
6.26
78%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
97%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
95%
999
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Калај

48.78

Рутениум

45750.51

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04