Биографскиот филм за Мајкл Џексон на Антоан Фуква на киноблагајните оствари резултат кој далеку ги надмина сите очекувања, со предвидениот приход од 94 до 100 милиони долари на американскиот пазар и повеќе од 200 милиони долари глобално. Филмот „Мајкл“ претставува огромна победа за студиото „Лајонсгејт“ и нивното најдобро отворање во последните години, пишува „Холивуд репортер“. Иако „Лајонсгејт“, како студио со средна големина, разбирливо ...

Кичевчанец е уапсен откако вчера прегазил пешак во близина на кружен тек на магистралниот пат кон Гостивар. -На 25.04.2026 околу 10:10 часот во Кичево, во близина на кружен тек на магистралниот пат кон Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Х.(57) од Кичево затоа што управувајќи патничко возило „мазда“ со кичевски регистарски ознаки удрил во пешакот С.К.(60) од Кичево. С.К. е пренесен во Медицински центар Кичево, ...

Денеска македонскиот атлетичар Дарио Ивановски беше првопласиран на полумаратонот кој се одржа во Дубровник, Хрватска. Времето на нашиот натпреварувач по завршувањето на трката беше еден час, шест минути и 30 секунди, што е нов рекорд на патеката. Во женска конкуренција најбрза беше Британката Јејли Карутерс со време од 1:24:14 ч. На јубилејниот 10 полумаратон во Дубровник учествуваа нешто помалку од 3000 натпреварувачи од 55 земји, со ...

Кошаркарите на Минесота го победија Денвер на домашен терен со 112:96, поведувајќи со 3:1 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата. Составот на Тимбервулвс се најде на чекор од пласман во следната рунда од плејофот во натпреварот што заврши со исклучувањето на центарот на Денвер, Никола Јокиќ и Џулиус Рендл од редовите на Минесота. Српскиот кошаркар, Јокиќ се налути во финишот на мечот кога Џејден Мекдениелс направи ...

Два автомобили целосно изгореле рано утрово позади гимназијата „Орце Николов“ во скопски Карпош. Како што јавува „Скопје 1“, станарите од соседните згради слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис, а со брза интервенција на пожарникарите било спречено ширењe на огнот. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Според информациите од МВР, запалени биле возила со гевгелиски ...

Приближно секој петти жител на Бугарија (21,2% од населението или околу 1,37 милиони луѓе), живее под националната линија на сиромаштија, која е поставена на приходи од 443 евра месечно по човек, покажуваат податоците на Националниот статистички институт (НСИ) за сиромаштијата и социјалната инклузија во 2025 година, јавува БНТ. Иако ова е благо намалување во споредба со претходната година, извештајот нагласува дека притисокот врз ...

Ракометарите на Охрид во Словенија загубија во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч од ЕХФ Европскиот Куп против Целје со резултат 27:26. Во салата „Златорог“ во Целје, играчите на ГРК Охрид имаа поддршка од голем број македонски навивачи. Следува реваншот во салата „Билјанини извори“ што ќе се игра во сабота (2 мај), со почеток од 19.00 часот. Билетите за возвратниот дуел се пуштени во продажба онлајн на следниот линк ТУКА – Навистина ...

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја заврши сезоната поради повреда на тетивата, потврди селекторот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан. Салах се повреди во саботата на натпреварот од 34 коло од Премиер лигата против Кристал палас (3:1). Египетскиот фудбалер беше заменет во 60 минута. Светските медиуми објавија дека Салах го одиграл својот последен натпревар за Ливерпул, бидејќи египетскиот фудбалер претходно објави дека ќе го ...

Ракометарите на Пелистер по серијата разочарувања го истурија бесот врз Тиквеш кого денеска го победија со убедливи 44-23. Со оваа победа битолчани ги задржаа теоретските шанси за титулата, но ситуацијата е многу појасна за Вардар. „Црвено-црните“ веќе следниот викенд, пред своја публика и токму против актуелниот шампион, можат да го обезбедат шампионскиот пехар и да ја заокружат двојната круна. За тоа им е доволен само еден бод, а се ...

Манекенката Џиџи Хадид го прослави 31-виот роденден во четвртокот, а по тој повод на социјалните мрежи се пофали со раскошниот подарок што го добила од своето момче, 51-годишниот актер Бредли Купер. Актерот ѝ подарил на својата девојка огромен цветен аранжман исполнет со жолти, розови, црвени и бели цвеќиња поставени среде богатото зеленило. Хадид сподели неколку фотографии од подароците со цвеќе на Инстаграм, а меѓу нив се издвојува ...

Изјавата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, дека „вечерва ќе бидат испукани неколку истрели“ стана вирална поради времето на нејзиното појавување. Таа разговараше со новинар на „Фокс њуз“ пред вооружениот маж да го нападне местото за вечера на дописниците од Белата куќа, пренесува NDTV. „Тој е подготвен за акција, можам да ви кажам. Овој говор вечерва ќе биде класичен како Доналд Џ. Трамп. Ќе биде духовит, ќе биде забавен. Ќе ...

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски го објави поширокиот список за настап во Европска лига 2026, на кој се најдоа и три нови имиња. Прв повик во сениорскиот тим добија Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов, кои ќе имаат шанса за деби во националниот дрес. Подготовките стартуваат во Крушево, а од 13 мај репрезентацијата се сели во Скопје. Во периодот од 27 до 29 мај, избраниците на Миленкоски ќе одиграат и ...

Во рамките од 32 коло во најдобрата фудбалска лига на Словенија, екипата на Олимпија Љубљана загуби со 3:2 на гостувањето кај Копер. Македонскиот интернационалец Димитар Митровски во 71 минута постигна прекрасен гол од слободен удар во стилот на еден од најдобрите играчи на светот, Лионел Меси. За Митровски ова е трет гол сезонава во 24 настап за Олимпија Љубљана, а досега има и пет асистенции. Олимпија Љубљана се наоѓа на петтата позиција ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп беа евакуирани од вечера со Здружението на дописници од Белата куќа во саботата навечер откако вооружен човек отвори оган врз безбедносниот персонал, потврдија официјални лица. ФБИ соопшти дека вооружениот човек пукал во агент на Тајната служба. Трамп подоцна рече дека агентот преживеал благодарение на неговиот панцир и е во добра состојба. Инцидентот брзо бил ставен под ...

Сезоната на јагоди почна, па време е за десерти со ова овошје, на кое тешко може да се одолее. Ако ви се јаде кремаст и сочен колач што ќе го направите „додека трепнете“, ви носиме рецепт за десерт со јагоди што не се пече. За да го направите, ќе ви требаат само 15 минути, а потоа да имате уште само малку трпение додека да се стегне во фрижидер. Но, кога ќе го пробате, ќе сфатите дека вредело да се чека. Оваа торта се подготвува брзо, ...

Вработен во основно училиште во Гостивар силувал 14-годишно девојче и снимал и објавувал експлицитни видеа од девојчето – Обвинителството во Гостивар отвори истрага против 28-годишниот осомничен, кој е од Скопје, и предложи да му се определи притвор. Тој, според Обвинителството, го навел девојчето да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа го уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него. „Детето-жртва ...

Како што одминува времето и се приближува крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), така битката за титулата, но и онаа за опстанок станува сè поинтензивна и по неизвесна. Мечеви има уште малку, а оние кои што преостанаа треба да се добијат. Лидерот Вардар не е во позиција да киксира повеќе. „Црвено-црните“ тоа пролетва веќе го направија, предноста која што ја имаа пред Шкендија се стопи и сега е само на еден бод. Токму ...

Тони Паркер сè поотворено се поврзува со преземање на тренерската позиција во АСВЕЛ, а од Франција веќе пристигнуваат информации дека се крои и составот на неговиот стручен штаб. Според најавите, поранешниот НБА шампион е подготвен да направи нов чекор и да седне на клупата на клубот со кој раководи, а како клучен соработник се споменува искусниот Венсан Коле. Станува збор за тренер со кого Паркер долго време соработуваше во репрезентацијата ...

Кај спомен-клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало утре попладне од 17 часот Општина Центар организира одбележување на роденденот на големиот драмски автор. Домаќин на настанот ќе биде неговиот син, Игор Стефановски, кој ќе ги потсети присутните на родендените што ги славеле заедно, како и на неговиот живот, хумор, идеи и оставштина. Во рамки на настанот, хорот „Мирче Ацев“ ќе изведе неколку од омилените песни на Горан Стефановски, а ...

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Чави Симонс, се здоби со тешка повреда на денешниот натпревар од Премиер лигата против Вулверхемптон. Повредата Симонс ја заработи по дуел со бекот на гостите, Хуго Буено, по што падна на тревникот, се фати за коленото и почна да вреска од болка. Иако по првичната интервенција на медицинскиот тим се обиде да се врати во игра, набрзо стана јасно дека не може да го продолжи натпреварот, па беше изнесен ...

Во Лос Анџелес, судот го отфрли барањето на пејачката и актерка Шер за привремено старателство над имотот на нејзиниот син Елајџа Блу Олман. Судијката на вчерашното рочиште оценила дека не постои доволно итна причина за таква мерка, пренесе „Пипл“. Шер поднела барање за старателство претходно овој месец, тврдејќи дека нејзиниот 49-годишен син е „тешко онеспособен“ поради проблемите со менталното здравје и зависноста, како и дека и не е во ...

Во издание на издавачката куќа „Топер“ од печат излезе романот „Златниот ангел“ на познатиот македонски адвокат и колумнист Марин Гавриловски. Ова е негова трета книга и прв роман, во кој Гавриловски на интересен и возбудлив начин нѐ води низ приказната за тајната скриена во ѕидовите на една куќа во Охрид и откривањето мистерија скриена од јавноста скоро повеќе од илјада години. Книгата, иако фикција, изобилува со голем број историски ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека тој и неговиот тим не биле свесни за никакви закани пред инцидентот со пукањето на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа, велејќи дека вооружениот човек морал „да помине низ многу работи“ за да стигне до него. На прес-конференцијата во Белата куќа по пукањето, Трамп одговори негативно кога беше прашан дали имал информации за какви било закани или дали неговиот тим имал ...

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец со криминално досие. Тој е 31-годишниот Кол Томас Ален, инженер и програмер од Јужна Калифорнија, кој до вчера им предавал математика на деца и развивал видео игри, објавува CNN. Тој признал пред полицијата дека мета му биле американските функционри на вечерата на дописниците од Белата куќа што се одржа синоќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, објави ...

Кaрдиохирургот д-р Џереми Лондон, кој е сертифициран по општа, васкуларна и торакална хирургија, открил пет навики што треба да ги избегнуваме ако сакаме да го забавиме стареењето и да го продолжиме животот. Интересно е што неговата листа не се наоѓа алкохолот, туку пушењето и „вејпингот“, седечкиот начин на живот, дебелината, хроничниот стрес и лошиот сон, пренесува британски „Мирор“. Д-р Лондон, кој често ги споделува своите совети на ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 26 април, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Ја изгубивте довербата во еден од соработниците. Иако знаете да бидете еластични и толерантни кога навистина сакате, сега некако сте го достигнале лимитот на трпеливост. Растојанието помеѓу вас и партнерот ви е доста тешко, но вие сте свесни дека сега сè зависи од него. Бик Ако сте сингл, може да очекувате интересна љубовна средба во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп беа евакуирани од вечера со Здружението на дописници од Белата куќа во саботата навечер откако вооружен човек отвори оган врз безбедносниот персонал, потврдија официјални лица. ФБИ соопшти дека вооружениот човек пукал во агент на Тајната служба. Трамп подоцна рече дека агентот преживеал благодарение на неговиот панцир и е во добра состојба. Инцидентот брзо бил ставен под ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека дојавата за поставена експлозивна направа во ТЦ „Сити мол“, која попладнево предизвика вознемиреност, паника и страв кај граѓаните и посетителите, била лажна. По извршените проверки од страна на стручните служби на МВР било констатирано дека во објектот не била пронајдена експлозивна направа, ниту друг сомнителен предмет. – Денеска 25.04.2026 на електронска адреса на Министерството за ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека нема да биде изненаден ако Киев повторно го затвори нафтоводот „Дружба“ откако доби заем од Европската Унија. Во видео порака објавена на неговата официјална Фејсбук страница, Фицо рече дека го изразил своето мислење дека таков потег може да се случи за време на неформален разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесуваат медиумите. Вчера, во разговор со ...

Дошол Трпе во музејот и шетал, шетал… па изморен одлучил да седне на еден стол, кој бил ставен во преминот. Чуварот му пришол и му се обратил: – Извинете, но не можете да седите овде. Ова е, всушност, столот на кралот Хенри VIII. Трпе одговорил: – Па, добро, не грижете се. Кога тој ќе дојде, ќе станам. Дошол Трпе во музејот и шетал, шетал… па изморен одлучил да седне на еден стол, кој бил ставен во преминот. Чуварот му пришол и му се ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1018
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
71%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 13ᴼ
0.0
44%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.25
71%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
97%
1013
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
57%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1018
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
94%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
3.6
67%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1012
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0117

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89