Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте Попладневни вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 15 и 30 часот гледајте ...

Џим Кертис, новиот партнер на холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, неодамна гостувал во телевизиската емисија „Тудеј“, каде што зборувал за почетоците на нивната врска, но и за сериозната здравствена состојба што му го променила животот од корен. Кертис, кој денес е познат како експерт за хипноза и лајф-коучинг, повеќе од две децении работи во областа на здравјето и личниот развој, иако неговиот пат до оваа професија бил исполнет со ...

Уставниот суд на Црна Гора го укина како неуставен членот од Законот за внатрешна трговија кој им ја забранува работата во недела на некои бизниси, објави „Вјести“. Судот оцени дека со таа одредба се нарушува слободата на претприемништво загарантирана со Уставот, како и уставниот принцип на еднаквост на сите пред законот, бидејќи на една група претприемачи и трговци им било дозволено да вршат дејност во недела и за време на државни и други ...

Владата го почна процесот на укинување на Пржинската или техничката влада и без консензус од сите праламентарни партии. Уште утре, а најдоцна следната недела, измените на Законот за Влада ќе бидат доставени до пратениците, брифира за Слободен печат“ висок функционер од Владата. Предлогот е техничката влада да важи уште за следните избори, а дефинитивно ќе замине во историјата на изборите потоа, иако опозицискиот СДСМ е против, а ДУИ уште чека ...

„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали мислите дека новиот закон за пушењето ќе се спроведува?“. Според резултатите, дури 76,5 отсто не очекуваат да се спроведува новиот закон, додека 18,73 проценти очекуваат законот да функционира. Гласајте на нашето ново прашање на неделата достапно на нашата веб-страница „Како ја оценувате македонската надворешна политика?“. „Слободен печат“ минатата ...

Според ново истражување на Conference Board, глобален центар за истражување на бизнисот, Данска е најатрактивната европска земја за вработување во 2026 година. Силни вештини, висока продуктивност и умерени трошоци за работна сила се главните предности на Данска, која е на врвот на листата. На второ место е Швајцарија, која постигна максимум 100 поени во категоријата талент и вештини, но сепак претставува предизвик поради високите трошоци за ...

На авион на „Бритиш ервејс“ на лет од Лас Вегас до Лондон му отпадна тркало веднаш по полетувањето. Инцидентот се случил во понеделникот вечерта, а станува збор за авион „ербас А350-1000“ кој, и покрај дефектот, безбедно слета на својата дестинација, лондонскиот аеродром „Хитроу“, пишува „Телеграф“. Видео објавено од „Флајт-радар“ покажува искри од десната главна писта за слетување на „ербас“ за време на полетувањето. Само неколку моменти ...

Екипата на Челси испрати апел до своите фанови кои пристигнаа во Неапол за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите, повикувајќи ги на зголемена внимателност по инцидент во кој двајца навивачи на лондонскиот тим беа повредени и хоспитализирани. Од клубот потврдија дека се запознаени со настанот што се случил во вторник навечер во италијанскиот град, при што двајца нивни фанови добиле медицинска помош. Според официјалните информации, ...

Во зората на нуклеарната ера, научниците го создадоа „Часовникот на судниот ден“ како симболична претстава за тоа колку човештвото е блиску до уништување на светот. Сега, речиси осум децении подоцна, часовникот беше наместен на 85 секунди до полноќ — најблиску што некогаш бил до полноќ, според „Билтенот на атомските научници“, кој го основал часовникот во 1947 година, пренесува Си-ен-ен. Полноќ го претставува моментот на апокалипсата. ...

Инцидент со закани и со агресивно однесување се случил на 20 декември, во пехчевското село Црник, кога полициска интервенција при контрола на дрвна маса прераснала во тензична ситуација. Момче, на 20-годишна возраст, кое било жител на селото, се однесувало агресивно кон полицајците. При контролата, полицијата утврдила дека дрвната маса е нежигосана и без соодветна документација, по што осомничениот се обидел да ја запали. Дрвокрадец со ...

Во пристаништето Феодосија во окупираниот Крим утрово се слушнаа неколку експлозии, а целите на нападите веројатно биле локалното пристаниште и складиште за нафта. Според украинските медиуми бел чад се гледал над пристаништето, додека густ, темно сив чад се наѕирал над складиштето за нафта, објавува Украинска правда. Чад над клучните објекти Дописник на порталот Крим.реалити, проект на Радио Слободна Европа, известува дека видел бел чад како ...

Јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција вчера донел наредба за спроведување истрага против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Откако двајца од осомничените набавиле наркотична дрога-марихуана, ја сместиле во автомобил со странски таблички кое било купено за таа намена. ...

Фудбалска вечер полна со многу неизвесност нè очекува вечерва од 21 часот, кога истовремено ќе се одиграат сите 18 натпревари од последното коло во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Пред завршните 90 минути, дури 32 од 36 учесници сè уште се во игра за продолжување на европската авантура, што гарантира драматична разврска на сите стадиони. Резултатите од вечерашните дуели ќе ја скројат конечната табела и ќе ги одредат екипите што ...

Среде семејната расправија, Бруклин Бекам објави интимна фотографија од својата сопруга Никола Пелц разголена во креветот. Синот на Викторија и Дејвид Бекам сподели серија романтични фотографии со Пелц на својот инстаграм-профил од нивниот одмор. На една од фотографиите се гледа Пелц, покриена само со бел шаршаф, во кревет гушкајќи го нивното кученце. На друга, двојката е прикажана како се бакнува на трпезариската маса. Фотографиите од ...

Со Neo QLED телевизорите, ArtStore и ВИП услугата за големи ТВ уреди, Samsung го трансформира вашиот дом во простор каде стилот се среќава со паметното живеење, претворајќи го секој момент во извонредно искуство на уметност и забава. Дневната соба е „срцето“ на секој дом. Но, во ера кога естетиката на просторот влијае на нашето расположение, телевизорот повеќе не е само функционален уред, туку е и централен дел од внатрешното уредување кој ...

Обилните дождови и силните ветрови што ја погодија Португалија во текот на ноќта предизвикаа најмалку две жртви и големи штети во областа на Лисабон и во центарот на земјата, според спасувачките служби, пренесува Ројтерс. Минувањето на бурата Кристин беше обележано со обилни дождови и налети на ветер што достигнуваа и до 150 километри на час, предизвикувајќи паднати дрвја, поплави и лизгање на земјиштето и принудувајќи ги спасувачките служби ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика властите во Иран да седнат на преговарачка маса, заканувајќи се дека во спротивно Соединетите Американски Држави ќе извршат напад посилен од оној минатата година, во кој американските сили го нападнаа Иран и неговите нуклеарни постројки, објави Ал Џезира. „Се надеваме дека Иран брзо ќе седне на преговарачка маса и ќе преговара за фер и праведен договор што не вклучува нуклеарно оружје, ...

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17:00 часот во Скопје ќе функционира посебен режим на сообраќај поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија. Синдикалците на протест за повисоки плати, бараат минималец од 600 евра Протестниот марш ќе започне во 17:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикати на улицата „Мирче Ацев“, по што учесниците ќе се движат низ централното градско подрачје по ...

Додека сè уште се чека одлука за судбината на модернистичкиот хотел „Интернационал“ во Зеница, за чие зачувување пред неколку месеци реагираше стручната јавност и граѓаните во Босна и Херцеговина и регионот, како и за тоа како ќе изгледа по реновирањето на ентериерот, вниманието повторно е насочено кон други дела на истиот архитект во овој град. Едно од нив е Ламела, станбена зграда што претставува еден од највпечатливите примери на ...

За прв пат, Европската унија ќе го отвори прашањето за долгорочен престој во Шенген на институционално ниво за професионалци кои мора да се движат меѓу неколку земји-членки поради работа, а меѓу нив има и професионални возачи од трети земји кои во моментов ги блокираат товарните премини, дознава „Блиц бизнис“. Оваа визна стратегија, според нив ќе биде објавена утре во Брисел. Во работниот документ на Европската комисија, до кој „Блиц бизнис“ ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо решително ги негираше наводите на бриселскиот портал „Политико“ дека наводно изразил загриженост за менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат медиумите во регионот. За потсетување, „Политико“, повикувајќи се на пет анонимни европски дипломати, објави дека минатата недела Фицо им кажал на лидерите на Европската Унија на самитот дека средбата со Доналд Трамп го шокирала поради ...

Собранието на денешната седница со 83 гласа „за“ го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Во продолжение на седницата, пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. ...

Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот snestorovskaa, денеска ни приготви лесен, вкусен и здрав оброк – туна крем-салата. Состојки: – 1 туна во маслиново масло – 125 грама интегрални макарони, сварени – половина главица кромид, сечкано на ситно – 1+1/2 канче грчки јогурт (од 150 грама) – 170 грама пченка (мала конзерва) – сок од 1 лимон – 1/2 лажичка оригано – сол и бибер по желба Подготовка: Во голем, длабок сад се ...

Рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес во Кремљ ќе разговараат за прашања поврзани со присуството на руските вооружени сили во Сирија, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател. „Не се сомневам дека сите прашања поврзани со присуството на нашата војска во Сирија ќе бидат покренати за време на разговорите меѓу рускиот и сирискиот претседател“, изјави Песков за новинарите, објави РИА ...

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство вчера соопшти дека од македонскиот пазар се повлекува бебешка формула поради сомневање за опасна контаминација, денеска регионалните медиуми објавија дека истиот производ се повлекува во Хрватска и десетици други земји, додека во Франција се истражуваат смртни случаи на бебиња кои консумирале од истата формула. – Хрватскиот Државен инспекторат во среда информираше дека од пазарот се повлекува ...

Жоел Герио, поранешен сенатор во Франција, беше прогласен за виновен за дрогирање на пратеничката Сандрин Жосо без нејзино знаење со цел сексуално да ја нападне, пренесува Гардијан. 68-годишниот Герио беше осуден во вторник на четири години затвор, со минимум 18 месеци да ги отслужи зад решетки. Судењето на Герио, кое доби голем публицитет, доаѓа неколку месеци по шокантниот случај на Доминик Пелико, кој беше осуден на 20 години затвор за ...

Страшна трагедија ја потресе цела Грција кога кај романскиот град Темишвар се судрија камион и комбе во кое се наоѓаа навивачи на ПАОК, а сега е откриена и причината за кобната несреќа. Во тешката сообраќајна несреќа загинаа седум навивачи кои патувале на натпреварот на „црно-белите“ против Лион. Снимката од страшниот судир веќе беше објавенаа, а сега се дозна и зошто комбето, по претекнувањето на еден камион, завршило во левата сообраќајна ...

Еден од најпознатите македонски пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска премиерно ја објави својата најнова песна со наслов „Купи ме“, со која најавува и голем солистички концерт во март. Новото музичко издание е придружено со видеоспот што визуелно ја надополнува атмосферата и емоцијата на песната. Во спотот, покрај Лозано, се појавува и манекенката Марта Михајловски во главната женска улога. Режијата е на Гордан Божиновски, додека ...

Калифорниската мисица или како што ја нарекуваа кралицата на убавината, Андреа Андраде почина на 35-годишна возраст, девет години откако ѝ беше дијагностициран рак на дебелото црево. Андраде починала на 16 јануари, а веста ја потврди нејзиниот сопруг Крис Вилсон за локалните медиуми, пренесува магазинот „Пипл“. „Моја вечна љубов. Знам дека ова не е збогум. Ќе се видиме на другата страна, душо. Чувај ме во своите небесни раце, те сакам, љубов ...

По две децении од референдумот, Шведска повторно го отвора прашањето за приклучување кон Еврозоната. Шведската Умерена партија (Умерени) ќе формира посебна комисија која ќе ги разгледа предностите и недостатоците од воведувањето на еврото, доколку остане на власт по парламентарните избори во септември, изјави министерката за финансии Елизабет Свантесон. На референдумот во 2003 година, Швеѓаните го отфрлија членството во еврозоната, но ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1002
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
10.29
74%
1000
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
995
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
93%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.41
99%
1008
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.69
72%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
87%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
91%
1008
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
96%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Кобалт

64.04