На денешен ден во 1952 година е роден Горан Стефановски, еден од најзначајните македонски драмски писатели и културни творци. Стефановски е роден во Битола каде неговите родители работеле во Народниот театар – Битола. Неговиот татко, Мирко, бил театарски режисер, а неговата мајка, Нада, глумица. Голем дел од детството Горан го поминал во театрите. Негов помлад брат е Влатко Стефановски, познат виртуоз гитарист. Горан Стефановски завршил ...

Разрешување на директорот веднаш, доколку има непочитување на законите, има несовесно работење и предизвикување материјална штета, се само дел од измените и дополнувањата на Законот за јавните претпријатија кој е во собраниска процедура. Со измените државата најавува значајно заострување на условите за избор и разрешување на директорите, како и воведување посилни механизми за транспарентност, отчетност и професионално управување. Реформата ...

Иако многумина парфемите ги доживуваат како долгорочна инвестиција што треба да се користи до последната капка, експертите предупредуваат дека и тие имаат рок на траење и дека нивната употреба по истекот може да носи ризици, пишува „Дневно“. Според стручњакот за парфеми Алекс Годард, најголемиот дел од секој парфем е алкохолот, кој не само што овозможува мирисот да се распрснува, туку делува и како природен конзерванс. Благодарение на тоа, ...

„Моите родители крвареле за оваа држава. Мајка ми била во бугарски затвор, татко ми ранет го закопавме со бугарски куршум, па не може Јане Ченто да ја сака оваа држава повеќе од мене. Мајка ми на сремски фронт била, ранета е на Сремски фронт. Кој му дава за право дека тој ја сака оваа држава повеќе од мене“, вели за „Слободен печат“, поранешната обвинителка Вилма Русковска откако осудениот за упадот во Собрание, Јане Ченто најави дека денеска ...

Јане Ченто, еден од осудените за крвавиот упад што се случи во Собранието на 27 април 2017 година, заедно со дел од обвинетите за овој случај кој потоа беа амнестирани, поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска до Јавното обвинителство, за попречување на правдата и за злоупотреба на службената положба. Во изјава за медиумите тој рече дека доставиле докази кои го доведувале во прашање начинот на кој била ...

Утрово Вардар го потврди засилувањето од Франција, Матео Фадуил кој во актуелната сезона е член на Трембле, а од наредната ќе го носи црвено-црниот дрес. Фадуил е среден бек кој својата цела досегашна кариера ја помина во Франција, а во помладите категории беше дел и од Нант. Низ кариерата настапуваше уште за Кретеј и Саран. Во овој момент тој е четврти стрелец во француската лига со 160 гола од 266 шута и 60.15% процент на реализација. ...

Патничка во Црна Гора обвинува за дискриминација додека се возела во автобус, откако, како што тврди, не ѝ било дозволено да седи во предниот дел од возилото, бидејќи носела шамија, објавуваат црногорските медиуми. Марсела Сукиќ изјави на социјалните мрежи дека возачот на автобусот ѝ рекол дека не може да седи зад него, со образложение дека „не може да ја гледа позади себе“, и дека ѝ било наредено да оди на крајот од автобусот. Нејзината ...

На натпреварот од Втората шпанска лига меѓу Уеска и Сарагоса која се играше вчера, фудбалот остана во втор план поради инцидент што предизвика вистински хаос на теренот. Во центарот на вниманието се најде голманот на Сарагоса, Естебан Андрада. Тој најпрво оттурна противнички играч, по што заработи втор жолт картон и автоматско исклучување. Но тука не застана, револтиран од одлуката, се врати и со удар во глава го нокаутираше истиот фудбалер. ...

Кога британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила ќе му се придружат на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, се очекува менито за државна вечера, на која влоговите се високи, да остави силен впечаток, пишува „Фокс њуз диџитал“. Бакингемската палата на 31 март објави дека кралот и кралицата ќе отпатуваат во САД за да ја одбележат 250-годишнината од американската независност. Трамп соопшти дека кралската двојка ќе ...

Се приближува важен момент во процесот што ќе доведе до нов изглед на евро-банкнотите. На крајот на април оваа година истекува рокот за меѓународниот натпревар за дизајн на идната серија, со што започнува клучна фаза на промени што ќе бидат видливи во секојдневниот живот на граѓаните низ цела Европа во наредните години. Промената има за цел да го освежи изгледот на банкнотите по повеќе од две децении од нивното воведување, а воедно да ги ...

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата“, истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија. Во обраќањето беше истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се заокружува значаен процес на нејзино ...

Ќе ми биде жал и за земјата и за граѓаните на Македонија ако Владата не ја искористи можноста што е создадена сега околу приклучувањето на Европската Унија. Проблемот не е само во вклучувањето на Бугарите во Уставот, туку и во неостварената реформска агенда, посочи во интервју за Еуроњуз на бугарски јазик, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц. Тој додаде дека во моментов не гледа никаков напредок и никакви реформи во ...

Македонскиот ракомет остана без свој долгогодишен делегат, почина Љупчо Јаневски, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Во текот на својата кариера беше дел од ракометните терени најпрво како судија. Беше дел од ракометните терени и како делегат-контролор, оставајќи белег на својата посветеност и професионален однос. Ракометната федерација на Македонија изразува сочувство до семејството и блиските. Македонскиот ракомет остана ...

Сто италијански готвачи во Старото градско собрание на Челси во Лондон го направија најдолгото тирамису во светот и го срушија Гинисовиот рекорд, пренесува „Ројтерс“. Тие направија тирамису долго над 440,58 метри, со што го срушија рекордот од 2019 година поставен од Миланезе Галбани во Милано, кој изнесуваше 273,5 метри. Во текот на два дена, користејќи само свежи состојки, готвачите работеа напорно за да го подготват овој италијански ...

Претседателот на авиокомпанијата „Емирати“, Тим Кларк, ја објави можноста за воведување приватни бањи во луксузните апартмани на летовите од првата класа. „Работиме на воведување бањи како дел од апартманите од прва класа. Сакам сите да го слушнат тоа, за да можат сите да брзаат да видат како можат да вклучат бањи во апартманите од прва класа“, рече тој на Самитот на лидери на авиокомпании Capa 2026 во Берлин минатата недела, објави ...

Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...

Кошаркарите на Хјустон славеа убедлива победа над Лос Анџелес Лејкерс со 115:96 во четвртиот натпревар од првата рунда во плејофот на Западната конференција, намалувајќи ја предноста на „езерџиите“ на 3:1 во серијата. И покрај тоа што беа на работ на елиминација и ослабени без повредениот Кевин Дурант (скочен зглоб), младиот состав на Хјустон одигра одличен меч и јасно стави до знаење дека нема лесно да се предаде. Серијата сега се сели во ...

Актерката и најстара ќерка на познатата Мерил Стрип, Меми Гамер, се разведува од сценаристот Мехар Сети, по шест години брак. Според судските документи до кои стигна „ТМЗ“, датумот на разделба е наведен како 6 мај 2023 година. Поранешните сопружници, Гамер и Сети, имаат две деца – седумгодишниот син Питер и четиригодишната ќерка Мери. Во своето барање за развод, Гамер барала заедничко старателство над децата. Документите поврзани со ...

Делови од општините Карпош и Петровец денеска ќе останат без електрична енергија поради најавени зафати во мрежата, информираат од ЕВН Македонија. Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од дел од комплексот „Св. Јован“ во населбата Злокуќани, во Општина Карпош. Од 09:00 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од делови од улиците број 1 и број 4 во селото Ржаничино, во Општина Петровец. ...

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи иако еден месец не доаѓа на работа и заминал кај семејството во Брисел, потврда за тоа од премиерот Христијан Мицкоски јавноста официјално доби вчера. Владата, пак, и натаму молчи дали Фетаи ќе земе плата иако не одел на работа, ниту дали вицепремиерското столче и неговите работни обврски ќе чекаат до реконструкцијата на Владата, најавена од премиерот за крајот на мај или за почетокот на јуни. ...

Цените на нафтата се зголемија откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно застанаа. Брент, глобалниот репер за цена, се зголеми за речиси 2% на 107,26 долари (79,25 фунти) за барел, додека суровата нафта се зголеми за 1% на 95,40 долари. Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека Вашингтон ги откажал плановите за испраќање тим во Пакистан за преговори со нивните ирански ...

Министерството за здравство на Либан соопшти дека во израелските напади врз земјата вчера загинале 14 лица, вклучувајќи две деца и две жени, а 37 се повредени. Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно издаде предупредувања за евакуација за неколку села во Јужен Либан, пишувајќи дека жителите мора веднаш да се евакуираат и дека останувањето би го загрозило нивниот живот, пренесува Ројтерс. ИДФ подоцна соопшти дека извршиле ...

Во крајбрежниот град Де Пане, на брегот на Северното Море, се одржа шестото Европско првенство во имитирање на крикот на галебите, на кое учествуваа 75 натпреварувачи од 15 земји. Учесниците беа поделени во три категории – возрасни, млади и тимови („колонии“), составени од две до пет лица, а најдобрите беа прогласени за најуспешни „имитатори на галеби“ во Европа. Победата во категоријата возрасни ја однесе Норвежанката Карина Гронхолц, ...

Во текот на 2026 година Кинотеката на Македонија одбележува 50-годишен јубилеј на континуирана работа, додека за нејзината мисија разговаравме со Бошко Грујоски, директор на Кинотеката. Програма со македонски филмови и промоција на поштенска марка беа предвесник на свечената прослава на значајниот јубилеј на Кинотеката на Македонија. Според историските записи, на 29 април 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотеката на ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на нов протест на 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, кој ќе започне од 11 часот Работничкиот дом во Скопје, овој пат под мотото „За плата се бориме, не се молиме“. „Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права. 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога ...

Легендарниот фронтмен на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, во текот на кариерата двапати за малку ја избегнал смртта, се наведува во новата биографија на музичката група. Во книгата „Ролинг стоунс: биографијата“, авторот Боб Спиц опишува драматичен инцидент од 1976 година, кога Џегер наводно речиси се предозирал со хероин во стан во Њујорк. Според сведочењето на музичкиот продуцент Маршал Чес, пејачот доцна навечер побарал дрога, по што двајцата ...

Кинеската економија штотуку почнуваше да се отвора кон крајот на 1980-тите, кога еден решителен ученик што го напуштил средното училиште се упатил кон Пекинг со 600 пара чевли. Динг Шижонг ги направил во фабриката на роднина и почнал да ги продава. Парите што ги заработил биле од корист за неговата прва работилница каде што почнал да прави обувки за други компании. 17-годишникот бил еден од многуте нови претприемачи во Кина додека ...

Чувствата на премиерот Христијан Мицкоски дека наскоро ќе се гонат поранешни премиери на СДСМ и нивни блиски од семејството се засилуваат, но неговите најголеми политички непријатели што се споменуваат на секоја партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев, се уште на слобода, а нема јавни информации дека се води некаква истрага против нив, додека, пак, предистрагите се тајни. Поранешниот ...

Возачот на БК8 Гресини рејсинг, Шпанецот Алекс Маркез, победи на денешната трка во рамките од Мото ГП шампионатот на трката за Големата награда на Шпанија во Херез. Алекс Маркез дојде до својата прва победа во сезоната со време од 40:48,86. Тоа беше негова четврта победа во кариерата во „кралската класа“. Второто место му припадна на возачот на Априлија, Марко Бецеки од Италија, со заостанување од 1,903 секунди зад победникот. Третото место ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
79%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1018
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
80%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
67%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
82%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
81%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Родиум

319899.93

Злато

166450.52

Цинк

3.35