Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 10 и 30 часот гледајте Вести ...
Од Јавното претпријатие за државни патишта информираа дека започнува доградбата и проширувањето на наплатната станица Миладиновци, со што конечно ќе се прошири една од најфреквентните патарини во скопскиот регион, но и во државата. Од ЈПДП соопштија дека со проектот за доградба, на оваа патарина ќе се овозможи електронско наплата со смарт-картичката „М – кард“ и уредот за бесконтактна наплата „М – таг“. -Јавното претпријатие за државни ...
Екипата на Пелистер оствари голема победа над актуелниот шампион МЗТ Скопје (74-85) на гостувањето во Аеродром, во рамки на претпоследното коло од втората фаза во Суперлигата. Овој триумф има дополнителна тежина за битолчани, бидејќи станува збор за прва победа против МЗТ на гости по шест меѓусебни дуели во сите натпреварувања. Воедно, „зелените“ за првпат по 2024 година слават во Аеродром. Најголем бенефит од ваквиот исход има ТФТ, кој ...
Одлуката на австриската влада да го запре семејно спојување на бегалцитe со одобрен азил отвори сериозен судир меѓу правото и политиката. Формално, владата се повикува на исклучок предвиден во европските договори за вонредни ситуации. Суштински, критичарите тврдат дека таква состојба не постои и дека станува збор за злоупотреба на правна алатка за да се ограничи миграцијата. Во оваа ситуација, Европската комисија е ставена пред тест, дали ќе ...
Пред три децении, предвременото раѓање речиси секогаш значеше неизвесна борба за живот на новороденчето. Денес, благодарение на напредокот на медицината, современата неонатална нега и подобреното следење на бременоста, шансите за преживување и нормален развој на овие бебиња се значително зголемени. Но, предизвиците остануваат и за медицинските тимови и за родителите. Во разговор со д-р Наташа Најдановска-Алулоска, специјалист по педијатрија и ...
Џорџ Клуни застана во одбрана на Џими Кимел по обидот на Доналд Трамп да изврши притисок врз Еј-би-си да го отпушти водителот. Американскиот претседател го осуди „одвратниот повик на насилство“ на Кимел во понеделникот, осврнувајќи се на шегата за Меланија Трамп дека зрачи како „вдовица во исчекување“. Коментарот беше даден за време на еден скеч на „Џими Кимел во живо!“ што се емитуваше два дена пред пукањето на вечерата на дописниците на ...
Граѓанска организација „Еко правда“ покрена јавна онлајн петиција против предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, кои се наоѓаат во собраниска процедура. Сметаат дека предложените измени отвораат сериозни прашања од јавен интерес и носат потенцијални ризици кои директно влијаат врз животната средина, приватната сопственост и квалитетот на живот. „Предложените измени создаваат ...
Пијалакот од овес и бадем, кој често се нарекува млеко, се разликуваат по бројот на калории и хранливиот состав, но и двата можат да бидат дел од балансирана исхрана. Станува збор за вегански производи без лактоза кои станаа чест избор како алтернатива на кравјото млеко. Сепак, нивниот состав и влијанието врз здравјето и животната средина не се исти, пишува „Хелт“. Споредба на хранливите вредности Во една шолја, односно околу 240 мл, ...
Од ЕВН Македонија АД соопштуваат дека денеска поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, дел од жителите на Скопје привремено ќе останат без електрична енергија. Прекинот ќе се одвива од 09:00 до 14:00 часот и ќе ги засегне корисниците на улиците „Козле 2″ и „Јуриј Гагарин” во Општина Карпош. Од ЕВН Македонија АД соопштуваат дека денеска поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, дел од жителите на Скопје ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...
Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, во недамнешно интервју призна дека десетте години во улогата на прва дама на Франција длабоко ја промениле. Поранешната професорка отворено изјави дека станала тажна, цинична и песимистична како никогаш претходно, и дека одблизу ја видела „темнината на светот, глупавоста и злобата“. Во интервјуто за „La Tribune Dimanche“, таа го спореди својот живот пред и по влегувањето во ...
Мај е идеално време за подготовка на домашни џемови бидејќи започнува сезоната на сочно, зрело овошје, особено јагодите. Ви претставуваме пет докажани и вкусни рецепти за џемови што најчесто се прават во мај, а првиот од нив – џем од јагоди – е навистина најомилен. 1. Домашен џем од јагоди (класичен рецепт) Состојки: – 2 кг зрели јагоди – 1,2 кг шеќер – сок од 1 лимон Подготовка: Измијте ги јагодите, исчистете ги петелките и исечете ги на ...
Цената на златото на светските берзи денес бележи благо намалување и се продава по 127 евра за грам. Ваквата цена е последица на глобалните економски и геополитички тензии. Според најновите податоци од европските пазари, цената на златото изнесува околу 3.950 – 4.000 евра за една унца (31,1 грам), со дневни осцилации од околу 1%. Денешното тргување покажува благ пад во однос на претходниот ден – околу -1%, што аналитичарите го толкуваат како ...
Брижит Макрон, сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон, призна дека нејзиното време како прва дама на Франција ја направило потажна и поцинична, пренесува „Телеграф“. 73-годишната поранешна наставничка по драма изјави дека речиси една деценија помината на позицијата француски претседател, нејзиниот сопруг Емануел Макрон, ја изложил на „глупавоста“ и „злото“ на светот. Таа ги даде коментарите откако Макрон изјави дека ќе ја напушти ...
Утре делови од скопската населба Козле, во општината Карпош, ќе бидат пет часа без струја поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Електродистрибуција. Како што е соопштено, од 9 до 14 часот струја ќе немаат дел од потрошувачите на улиците „Козле 2“ и „Јуриј Гагарин“. Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот е неопходен поради реализација на планирани активности за подобрување на квалитетот и сигурноста во ...
Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода останат корисниците на дел од улиците „Париска“ „Варшавска“ и „Хелсинки“, вклучително и СУГС „Георги Димитров“ во ...
Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, во гостување на телевизијата „21“ зборуваше за европската перспектива на Македонија, меѓу другото наведувајќи дека повеќе од една година државата воопшто не се споменува во Брисел кога станува збор за членство во Европската Унија. „Томас Вајц беше најгласниот поддржувач. Но, денес тој излегува со став дека Северна Македонија во изминатата година не направила ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 28 април, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, имате енергија за нови почетоци, но не брзајте со одлуките. Размислете добро пред да се откажете. Денес сте директни и отворени, но внимавајте да не претерувате со импулсивност. Партнерот може да бара повеќе внимание од вообичаеното. Вишок енергија. Ќе уживате во физичка активност. Бик Бикови, фокусирани сте и упорни, што ви носи ...
Турската влада планира сеопфатни даночни олеснувања во обид да ги привлече бизнисите и иселениците назад во земјата, пишуваат турските медиуми. Претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека сите што не биле даночни резиденти во Турција во последните три години, се ослободуваат од данок на приходот заработен во странство во период од 20 години по нивното враќање. Зборувајќи на конференцијата со наслов „Турција – силна локација за ...
Леденото кафе, односно со мраз, чија популарност постојано расте, може да ви наштети на забите без да сте свесни за тоа, а една честа навика дополнително го влошува проблемот. Стоматолозите предупредуваат дека проблемот не е толку во самиот пијалак, колку во начинот на кој го пиеме, а имаат лоши вести за милиони луѓе што го пијат своето ладно кафе полека наутро, пишува „Унилад“. Д-р Дипа Чопра, стоматолог во „Вајтс дентал“, вели дека ...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс Монро, претседател на САД од 1817 до 1925 година. Во 1823 година ја прокламирал „Монровата доктрина“ под мотото „Америка на Американците“. Основната цел на ова мото беше да се потиснат европските сили од американското тло. 1813.- Во Болеславец, Полска, умрел Михаил Иларионович Кутузов, познат руски војсководец, стратег, кој и покрај противењето на царот и на генералот, за време на нападот на ...
Со зголемувањето на температурите, веројатно сте забележале муви и други инсекти во вашите домови. Мувите се најомразените инсекти на многу луѓе и тешко е да се ослободите од нив, но постои начин да ги одбиете пред дури и да влезат во вашиот дом. Имено, се препорачува да се засади нане. Тоа е многу евтино растение кое можете да го купите на пазари специјализирани за земјоделство, но и на поголеми пазари. Многу е лесно за садење и одржување. ...
Чистењето теписи не е секогаш лесна задача, особено ако во домот имате миленици. Влакната, тврдокорните дамки и непријатните мириси можат значително да го отежнат одржувањето, но постои едноставен трик со три производи што многумина веќе ги имаат дома. Наместо скапи средства и долго триење, може да искористите пена за бричење, сода бикарбона и етерично масло од нане. Пред да почнете со чистење, тепихот треба добро да се исчисти со ...
Каблите за полнење уреди се веројатно најзанемарениот дел од технологијата во вашиот секојдневен живот сè додека не се расипат и не останете со празна батерија на телефонот. И ќе бидете изненадени дека вие сте причината зошто тие често престануваат да работат. Еве како подобро да се грижите за нив. Мајкл Пехт буквално ги мачи каблите за полнење. Тој е основач на Центарот за напредно инженерство на животниот циклус на Универзитетот во ...
Седум отпечатоци од стапала, откриени среде мноштво од стотици праисториски животински траги, се проценуваат на старост од 115.000 години. Фосилизираните отпечатоци во Саудиска Арабија покажуваат човечко движење на прагот на следното ледено доба, пренесува „Популар механикс“. Слично на датирањето со јаглерод, научниците користат изотопи и контекстуални показатели за да ја пресметаат приближната старост на фосилите. Овие човечки отпечатоци ...
Голем пожар го зафати селото Совеја во округот Вранча во Романија, каде што околу 300 жители беа евакуирани, а 32 куќи беа целосно уништени, објавуваат медиумите. Пожарот избувнал во утринските часови, најверојатно поради запален оџак на куќа, а за само неколку часа брзо се проширил поради силните ветрови, кои носеа искри од куќа до куќа. Мештаните велат дека куќите, претежно дрвени, се запалиле речиси истовремено. „Искри скокаа од една куќа ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави законски измени со кои полицајците ќе добијат ново овластување: веднаш да изречат итна мерка за заштита при семејно насилство, вклучително и отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контакт со жртвата. На денешната надзорна расправа во собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Тошковски рече дека семејното насилство предолго било ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска пред собраниската Комисија за надворешни работи рече дека целосно ја поддржува изјавата на премиерот дека државата не може да биде подготена да прави уставни измени без јасни гаранции и јасна предвидливост на нејзиниот европски пат. Тој потсети на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој пред околу една година рече дека нашата држава треба ...
Неверојатна сцена ја одбележа средбата од 8. коло во бразилската женска фудбалска лига меѓу Флуминенсе и Микста, која мораше привремено да биде прекината откако среде натпреварот на теренот се појави огромна испакнатина. И покрај бизарниот прекин, натпреварот се доигра, а Флуминенсе на крајот славеше со 2:0. Инцидентот се случи во неделата на стадионот Еурико Гаспар Дутра во Кујаба, само 50 секунди по почетокот на второто полувреме. При ...
Министерството за образование и наука засилено ги спроведува реформите во образованието. Во согласност со реформската агенда, до декември 2026 година имаме обврска да стигнеме до бројка од 700 компании вклучени во дуалното образование. Веќе сега таа бројка е надмината и над 800 компании се вклучени во стекнување практично знаење на учениците директно кај работодавач. И оваа бројка дополнително ќе расте затоа што компаниите го гледаат ...