Наташа Мешковска носталгично се присети на својот татко, големиот актер Димче Мешковски, кој почина на 20 март 2023 година. Поранешната пливачка шампионка дојде на големиот јубилеј – 80 години Драмски театар Скопје, не само како поддржувач на уметноста, туку и како горда ќерка која го носи наследството на еден од столбовите на Драмски – великанот Димче Мешковски. „Солунски патрдии“ и „Викенд на мртовци“ се само дел од антологиските претстави ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на социјалната мрежа „Трут сошл“ дека Иран го информирал дека земјата е во состојба на колапс. Во објавата се додава дека Иран бара Ормускиот Tеснец да се отвори што е можно поскоро додека се обидува да ја реши својата лидерска ситуација, а објавата потекнува од платформата „Трут сошл“. „Иран штотуку нè информираше дека се во „состојба на колапс“. Тие сакаат што е можно поскоро ...

Дваесетгодишен Австриец со потекло од Северна Македонија денеска на суд признал дека планирал џихадистички напад на концертот на светската мизичка ѕвезда Тејлор Свифт во Виена во август 2024 година, овјави „Њујорк тајмс“. Мажот, идентификуван само како Беран А., исто така признал дека е член на терористичка организација, иако ги негирал другите обвиненија, вклучително и вмешаност во планирањето напад во исламскиот свет град Мека во Саудиска ...

Оскар Пјастри верува дека промените на правилата за продолжување на сезоната во Формула 1 се чекор во вистинската насока, но предупредува дека во иднина ќе бидат потребни дополнителни подобрувања. Новите правила стапуваат на сила од Големата награда на Мајами, а меѓу клучните промени се зголемување на моќноста на „суперклипингот“ од 250 kW на 350 kW, намалување на максималното ниво на обновување на енергијата од 8 MJ на 7 MJ, како и ...

Македонија низ годините знаела да се израдува на големи спортски успеси – од незаборавни кошаркарски победи, преку ракометни триумфи, до индивидуални подвизи што ја ставија земјата на светската мапа. Но, зад секој резултат што го славиме стојат години работа, одрекувања и силна психолошка издржливост, која често останува во сенка на медалите и трофеите. Токму прашањето како се гради таа внатрешна сила, но и колку општеството вложува во ...

Американскиот пејач Крис Браун стана татко по четврти пат, доби дете со неговата партнерка Џејда Валас. Валас ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил. Таа објави серија фотографии, меѓу кои и фотографии од нејзината бременост и првите моменти со нивниот новороден син. – Најчиста љубов -напиша Валас во својата објава. На фотографијата, Валас го храни детето по породувањето, додека момчето е завиткано во ќебе. Инаку, Браун има три ...

Професорите на најстариот и најголемиот универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“, денеска повторно ја избраа актуелната ректорка, Билјана Ангелова, на функцијата. Според изборната комисија, Ангелова освоила 2924 поени, наспроти нејзиниот против кандидат Дарко Данев кој освоил 2675 поени. Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за ...

Англискиот репрезентативец Џон Стоунс (31) ќе го напушти Манчестер сити на крајот од сезоната, стои во денешната објава на фудбалскиот клуб. Стоунс го облече дресот на „Граѓаните“ Доаѓајќи од редовите на Евертон во 2016 година. За клубот од „Етихад“ забележа вкупно 293 настапи во кои има постигнато 19 гола и запиша девет асистенции. Стоунс има освоено 19 трофеи со клубот, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата, една во Лигата на ...

Љубителите на лута храна имаат нова причина за задоволство. Голем број научни студии покажуваат дека редовното јадење чили пиперки може да биде поврзано со подолг живот и помал ризик од кардиоваскуларни болести. Иако не станува збор за чудотворен лек, истражувачите наведуваат дека јадењето лута храна само еднаш неделно може да помогне во регулирањето на холестеролот, да ја поддржи функцијата на крвните садови и намалувањето на оксидативниот ...

Владата на Србија му го одзеде српското државјанство на Јакуб Салманович Закариев, внук на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој беше српски државјанин само пет дена, пишува Н1.рс. Повикувајќи се на Законот за општа управна постапка и Законот за Влада, српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска потпишал одлука со која му се одзема српското државјанство на Јакуб Закриев (36), која беше објавена во „Службен весник“. Закриев, според медиумите, е внук ...

Левица објави снимка на која се гледа како полицајци денеска во Скопје го апсат претседателот на подмладокот на партијата, Андреј Куцуловски, поради тоа што развеал палестинско знаме на училишниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Израел. „Пред малку, на денешниот ракометен натрпревар Македонија-Израел, претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на ...

Легендарниот актер Гоце Тодоровски по долго време се појави на јавен настан, а поводот беше специјален. Тодоровски дојде на прославата на јубилејот – осум децении постоење на еден од најважните столбови на македонската култура, Драмски театар Скопје. Во оваа прилика, присуството на доајените не е само чест, туку и емотивно потсетување на златните времиња. Помеѓу бројните гости на црвениот тепих беше и Гоце, кој речиси целиот свој работен век ...

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија одигра одличен турнир на Светското училишно првенство што се одржа во Скопје и избори пласман во големото финале. Во финалниот натпревар, нашите ракометарки предводени од селекторот Даниела Новеска беа поразени од селекцијата на Хрватска со резултат 28:26, по голема борба и неизвесност до самиот крај. Со својата игра, пожртвуваност и тимски дух, ракометарките достојно ја претставија ...

Актерот Нејтан Чејсинг Хорс, познат по улогата во филмот „Танц со волците“ од 1990 година, е осуден на доживотна казна затвор поради сексуални напади врз жени и девојчиња од домородно потекло. Пресудата ја изрече суд во Невада, откако поротата го прогласи за виновен по 13 точки од обвинението, најголем дел поврзани со сексуално насилство. Обвиненијата беа поднесени од три жртви, меѓу кои и една која имала 14 години кога започнале ...

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, упати остра порака до јавноста и институциите, повикувајќи на јасно позиционирање во однос на работничките права. „Секој сам бира на која страна ќе застане, на правилната со работниците или на погрешната против работниците!“, порача Трендафилов. Тој најави дека протестите ќе продолжат со засилено темпо. „Денеска на протест, за три дена, на нов протест. Кој е вашиот ...

Македонската пејачка Каролина Гочева денеска го прославува својот 46. роденден. По тој повод таа објави фотографија на својот инстаграм-профил, на која позира со чаша вино во раката, а насмевката не ја трга од лицето. Гочева доби бројни роденденски честитки од најблиските пријатели и соработници, па таа покрај фотографијата им се заблагодари за убавите желби. – Вистинско чувство, 26. Ви благодарам на сите за убавите желби – напиша пејачката. ...

Помеѓу тетовските села Селце и Вејце, на Шар Планина, претставници на армијата, полицијата и на политички партии денеска одбележаа 25 години од најсуровото злосторство извршено за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, пренесе „Телма“. На тоа место, во заседа поставена од милитанти на Ослободителната народна армија (ОНА) загинаа четворица полицајци и четворица специјалци на АРМ од единицата „Волци“, сите од Битола, на ...

Луѓето ширум светот се воодушевени од новата интерактивна алатка на НАСА, која им овозможува на корисниците да го испишат своето име користејќи вистински природни форми како реки, планини и крајбрежја снимени од вселената, пренесува „Јаху“. Во соработка со Геолошки завод на САД, НАСА ја претстави оваа функција по повод Денот на планетата Земја, повикувајќи ги луѓето да ја истражат нашата планета на креативен и поинаков начин. Преку алатката ...

Емотивна приказна за синот Горазд објави пејачката Маја Вукичевиќ, која долги години живее во Австралија. Поводот е роденденот на синот, кој е нејзината најголема среќа и гордост. „Те родив во пролет, ти славиш роденден на есен. Среќен роденден, синко, те сака мама“, напиша Маја. Пејачката во една прилика на социјалните мрежи сподели приказна за синот, за кој рече дека го родила млада и дека израснале заедно. Приказната Маја ја сподели кога ...

Многу забуни кај скопјани кои користат јавен превоз предизвикаа измените на линискиот превоз на патници, со што всушност се направи реален приказ на линиите и на динамиката со која возат автобусите согласно бројот на автобусите кои во моментов сообраќаат по градските улици. Измената следеше откако претходно речиси три години советниците во Советот на Град Скопје не дозволуваа да се промени возниот ред кој беше изгласан во времето кога на ...

Жозе Мурињо е претпочитаниот кандидат на претседателот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез, за следен тренер. Поранешниот тренер на Челси и Манчестер јунајтед се приклучи на Бенфика во септември и сè уште не загубил натпревар во португалската прва лига. Но, „Специјалниот“ би можел да се врати сензационално на „Сантијаго Бернабеу“. „Атлетик“ тврди дека тренерот на Реал, Флорентино Перез, го гледа како замена за Алваро Арбелоа. ...

Во пресрет на 70-годишнината од Изборот на песна за Евровизија, Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) започна амбициозна светска иницијатива за пронаоѓање на одамна изгубени снимки од најраните години на натпреварот. Станува збор за сериозна трка со времето, односно обид да се спасат делови од телевизиската историја кои можеби сè уште постојат, но се скриени во архиви, приватни колекции или заборавени тавани. Во фокусот на оваа потрага се две ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека партијата Тиса го задржува ставот дека секоја парламентарна група треба да има свој потпретседател на Парламентот, но дека предлогот на Фидес тоа да биде Сијарто, нема да добие поддршка бидејќи „Сијарто ги предаде унгарските интереси“. Новиот унгарски премиер напиша на социјалната мрежа Х дека очекува партијата Фидес, која ја изгуби власта на изборите на 12 април, да предложи друг кандидат. TISZA will ...

Во неодамна објавените измени на Правилникот за обрасци за пасоши, бојата на корицата на српскиот пасошот е променета, грбот е адаптиран, а секоја од 32-те страници од патната исправа ќе има различен дизајн, пишуваат српските медиуми. Измените на Правилникот за обрасци за пасоши беа објавени во „Службен весник“ на 24 април и а ќе стапат во сила на 1 мај. Освен фактот дека новите пасоши ќе бидат со различна боја, планирани се и некои ...

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни позираа во елегантни комбинации на 51-то годишно доделување на наградите „Чаплин“. За оваа пригода, Амал избра краток виолетов фустан со необичен крој кој паѓаше на нејзините рамена и воедно ја истакнуваше нејзината витка фигура. Фустанот имаше и кратка наметка на задниот дел, а Амал го комплетираше своето модно издание со златни салонки и златна чанта. View this post on Instagram A post shared by ...

Десничарската владејачка партија во Грција тргна во офанзива против главната европска обвинителка Лаура Ковеши во врска со нејзината истрага за масовниот корупциски скандал во Атина во кој се вклучени стотици милиони евра од земјоделските фондови на ЕУ, објави Политико. Членовите на конзервативната партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис се тесно поврзани со истрагата на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител, а ...

Јаник Синер денеска се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид, Шпанија, откако го победи 23. играч во светот, Британецот Камерон Нори, по два сета, со 6:2, 7:5. Светскиот број еден победи по 87 минути. Италијанскиот тенисер направи два брејка во првиот сет и поведе во мечот. Синер направи брејк на Нори во петтиот гем и водеше со 3:2, а Британецот веднаш го врати брејкот во следниот гем и дојде до израмнување. Тенисерите потоа ...

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на нации што се одржува во Италија. По стартната победа во дуелот со Молдавија, избраниците на селекторот Горан Станковски доживеаја пораз од 2:1 во соочувањето со Велс. Противникот двата гола ги постигна во првиот дел, а единствениот погодок за Македонија беше дело на Велшкиот репрезентативец, Ануадике кој во 61 минута ја погоди сопствената мрежа. Во ...

Годинашниот мај носи промени што не се случајни, туку директна последица на одлуките и напорите вложени во изминатиот период. Наместо краткотрајна среќа, овој месец носи конкретни резултати, стабилност и чувство дека работите конечно доаѓаат на свое место, пишува „Атма“. По турбулентниот април, обележан со силни астролошки влијанија, следува период на појасни насоки, позрели одлуки и реални поместувања. Енергијата се стабилизира, а акцентот ...

Македонската музичка сцена е побогата за уште една искрена посвета. Познатото дуо Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, во соработка со легендарната фолк-пејачка Блага Петреска, создадоа нова серенада посветена на Прилеп. Песната, која самите автори ја опишуваат како дело создадено со многу срце, има за цел да го долови автентичниот дух на градот – мирисот на тутунот и препознатливата топлина на прилепчани. Со нејзиниот моќен и емотивен ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1012
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
96%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
66%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
82%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Рутениум

51376.89

Калај

50.03

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

12.06

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Родиум

319899.93