Крцкав помфрит без вишок масло? Искусните готвачи го откриваат трикот за совршена кора и мека внатрешност што сите ја сакаат. Не постои човек што барем еднаш не посакал совршен, крцкав помфрит дома, а завршил со мрсни и млитави стапчиња. Повеќето од нас ги фрлаат компирите во врело масло и се надеваат на најдоброто. Вистинската промена започнува со целосно обратен пристап. Компирите не се фрлаат во врело масло, туку во ладно – и тука лежи ...

Многу жени веруваат дека тајната за слабеење е едноставна – помалку храна и повеќе вежбање. Сепак, нутриционистката Маријана Зубац предупредува дека вишокот килограми често не е само резултат на внесот на калории, туку на повеќе фактори како хормоналниот баланс, стресот, квалитетот на спиењето и целокупниот начин на живот, пишува „Н1“. Таа посочува дека жените често се премногу строги кон себе, а токму таквиот пристап може дополнително да го ...

Првиот љубовен состанок за многумина е возбудлив, но истовремено и стресен. Запознавањето нова личност во романтичен контекст често носи трема, па затоа неколку секунди тишина лесно можат да изгледаат како знак дека средбата не оди во посакуваната насока. Но, според Џехан Раџендра, основач на „Аџилис“ (Agilis), непријатната тишина најчесто не е показател дека нешто не е во ред, туку последица на прекумерно размислување, пишува „Вајс“. ...

Британскиот бенд „Масив атак“ е под истрага во Сингапур откако на концертот во средата јавно изрази поддршка за Палестина, што, според локалните власти, може да претставува прекршување на условите за одржување на настанот и на законите за јавно изразување политички ставови. Како што објави „Ролинг стоун“, повикувајќи се на „Ченел њуз Ејжа“, сингапурската полиција и Управата за развој на информатичките и медиумските комуникации (ИМДА) ...

Московски суд денес нареди притвор за Жана Немцова, ќерката на убиениот критичар на Кремљ, Борис Немцов, објави „Москва тајмс“. Немцова е обвинета за наводно организирање активности на „непожелна“ организација, за што максималната казна е шест години затвор. Засега не е познато кога руските власти издале налог за апсење на Немцова, која веќе неколку години живее во Европа. Немцова е основачка на Фондацијата „Борис Немцов за слобода“, која ...

Понекогаш животот не го менува некој голем настан, туку една случајно изговорена реченица што доаѓа во вистинскиот момент. Пред неколку години, еден претприемач бил на работ да се откаже од својот сон. Банка по банка му ги одбивале барањата за кредити, пријателите го советувале да најде посигурен пат, а дома често слушал: „Можеби едноставно не било пишано“. Тој ден, по уште едно одбивање од банка, излегувајќи од дома, му паднал телефонот и ...

Директор на погребално претпријатие денес беше осуден на 20 години затвор во Велика Британија откако на ожалостени семејства им давал туѓа пепел наместо да ги кремира телата на нивните блиски, објави „Би-би-си“. Полицијата при претрес во погребалната куќа „Легаси индепендент фјунерал директорс“ во градот Хал, во март 2024 година, пронашла околу 35 тела и повеќе од 100 садови со пепел. Според истрагата, осомничениот Роберт Буш мешал пепел од ...

На 31 јули 1944 година светот го загуби човекот кој засекогаш го промени начинот на кој размислуваме за љубовта, пријателството и смислата на животот. Францускиот писател и пилот Антоан де Сент-Егзипери полетал од Корзика на извидувачка мисија над окупирана Франција и никогаш не се вратил. Тој тогаш имал само 44 години. Со неговото исчезнување започна една од најголемите мистерии на 20. век. Со децении никој не знаел што точно се случило со ...

Американски борбен авион „Ф-35“ денес се урна во близина на воздухопловна база во Сан Диего, при што избувна помал пожар, објави „Сан Диего унион трибјун“. „Пилотот се катапултираше и беше пренесен во локална болница. Тој е во стабилна состојба и се здобил со повреди кои не се опасни по живот“, соопшти портпарол на базата. Несреќата се случила околу 10 часот по локално време, недалеку од главните хангари на базата, западно од патот Кирни ...

Полната Месечина во јули, на англиски позната како „Еленска Месечина“ (“Buck Moon”) оваа година низ објективите ја забележаа фотографи од цела Македонија беше видлива над Македонија, а нејзиниот сјај беше овековечен во фотографии од различни делови на земјата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Неговата смрт е една од најголемите мистерии на 20. век — авторот на „Малиот принц“ полета на мисија и никогаш не се врати 2 ...

Владата соопшти дека на денешната седница донела одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални ...

Неколку дена по смртта на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, неговата ќерка Сашенка сподели вреден спомен од него. На социјалните мрежи таа објави краток исечок од култниот филм „Викенд на мртовци“, со емотивна порака: „Нормални времиња. Стомак да те боли од смеење, такво чувство…“ Со овие неколку зборови таа потсети на времињата кога нејзиниот татко со своите улоги ја засмеваше цела Македонија. Гоце Тодоровски почина на 27 ...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денес го погоди италијанскиот регион Кампи Флегреи во близина на градот Неапол, предизвикувајќи големи свлечишта и прекини во снабдувањето со електрична енергија, јави агенцијата АНСА. Земјотресот бил регистриран во 19:46 часот по локално време, а епицентарот бил во областа Кампи Флегреи, на длабочина од околу три километри, соопшти Италијанскиот национален институт за геофизика и ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) објави видео на кое спротивставува две изјави на премиерот Христијан Мицкоски околу летувањето, дадени во мај и денеска. Во првата изјава, на 4 мај годинава, Мицкоски ги повика македонските граѓани да го поминат годишниот одмор во земјава, наведувајќи дека таа има „прекрасни езера, прекрасни планини“. „Јас ги повикувам македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на ...

Денес во Завидовиќи, Босна и Херцеговина, кајакарите на Кајак Кану Клуб Арка-Борец Велес го имаа првиот настап и тоа со одлични резултати. Во С2 сениори, Александар Златаров и Љубомир Спасиќ го освоија првото место. Балкански шампион стана и Александар Златаров во С1 сениори, а во истата конкуренција третопласиран беше Енис Небиовски. Во К1 Жени У14, Софија Спасиќ се најде на третата позиција, додека во Мастерс 35+, првопласиран беше Љубомир ...

Познато е дека фитнес рутината на славната актерка Џенифер Анистон е внимателно испланирана и дека таа најдисциплинирано се придржува до неа. Новите фотографии од оваа холивудска ѕвезда во костим за капење се доказ за таа посветеност. Џенифер Анистон (57) ужива на Мајорка, Шпанија, со своето момче Џим Кертис, со кого сè почесто јавно разменува нежности, со најдобрата пријателка Кортни Кокс и со колегата и пријател Педро Паскал. Омилената ...

Италијанската влада одлучи привремено да го суспендира режимот на слободно движење во рамките на Шенген за поморските и воздушните врски со Шпанија и повторно воведе гранични контроли, објави „АНСА“. „Ова е вонредна мерка, донесена со цел да се заштити националната безбедност и да се спречат можните последици за нашата земја. Заштитата на нашите граници значи заштита на безбедноста на граѓаните, борба против илегалната миграција и насочување ...

Претстојниот викенд на 1 и 2 август во Тирана, Албанија, ќе се одржи Балканското првенство во џудо за сениори во машка и женска конкуренција. Македонија кај жените ќе ја претставуваат: -52 кг Анамарија Стојмиловска, -57 кг Азра Заими и -63 кг Ива Богдановска А кај мажите: -60 кг Сергеј Димитриоски, -81 кг Никола Петров, -90 кг Владимир Милчиноск и -100 кг Никола Павловски. Македонските репрезентативци ги предводи селекторот Горан Мицковски, ...

Англискиот фудбалски клуб Челси е казнет со 10 милиони фунти, или 11,7 милиони евра, и доби условна забрана за регистрација на играчи за два преодни рока поради кршење на финансиските правила за време на ерата на поранешниот сопственик Роман Абрамович. Клубот од Стемфорд Бриџ е под долга истрага, а санкциите дојдоа откако беа обвинети за 74 прекршувања на правилата на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) во септември минатата година. ...

Автомобил паркиран на директно сонце може за само еден час да достигне температура и до 70 Целзиусови степени во внатрешноста. Поради тоа, експертите предупредуваат дека во жешките летни денови возачите треба правилно да го разладат возилото пред да тргнат, но и редовно да го одржуваат климатизерот за да избегнат поскапи дефекти, пишува „Курир“. Автомеханичарот Ѓорѓе Шљукиќ за „Курир“ објаснува дека најчестата грешка е што возачите веднаш по ...

Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење на водата за пиење од шест водоснабдителни објекти во градот и околните населени места. Мерката е донесена по добиено официјално решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Одлуката за забрана е донесена врз основа на добиените резултати од лабораториските физичко-хемиски и микробиолошки анализи на примероците од водата, кои ги изврши ЈЗУ Центар за ...

Поминаа четири месеци од најавата и почетокот на приспособување на „теренот“ за да се воведе зонско паркирање во Реонски Центар и во Ново Лисиче, додека, пак, помина речиси една година од најавата за поставување ваков сообраќаен режим во населбата Автокоманда во Гази Баба. Денес, надлежните велат дека подготовките на овие локации во Скопје се во завршна фаза и се обележуваат, со што сè уште нема конкретен датум за отпочнување и целосна ...

Новинарката и водителка Јана Бурческа, во разговор за „Слободен печат“, открива како го поминува летото, што го направи ова летување посебно за неа и за нејзиното семејство, но и како го наоѓа балансот меѓу телевизиските обврски, семејството и времето за себе. Таа зборува за искуството од Евровизија, за љубовта кон телевизиската работа, модата, убавината и малите нешта што ѝ носат најголема радост во секојдневието… Летово е во полн ек. Дали ...

Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили, кој е роден на 30 јули 1967 година, почина на 11 март годинава, оставајќи зад себе голема празнина на македонската филмска и театарска сцена. Годинава, неговите најблиски за првпат го дочекаа неговиот роденден без него. По тој повод, неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова на Фејсбук сподели серија фотографии од нивните заеднички моменти низ годините, меѓу кои и фотографии од нивната младост. ...

Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32-иот Сараевски филмски фестивал. Филмот на Дина Дума во Сараево ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43-иот Филмски фестивал во ...

Премиерот Петер Маѓар денес изјави дека Унгарија влегува во една од најсериозните енергетски кризи во последните децении поради рекордно нискиот водостој на реката Дунав. Тој предупреди дека нуклеарната централа Пакс, која е единствена во земјата, би можело да биде целосно исклучена од понеделник, објави „Дејли њуз Унгарија“. На две итни прес-конференции – прво во рафинеријата на МОЛ покрај Дунав во Сазхаломбата, а потоа во нуклеарната ...

Денеска машката кадетска ракометна репрезентација претрпе пораз и во својот втор натпревар на Европското првенство 2026 во Србија. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски загубија од селекцијата на Франција со 36:25. По првото полувреме противникот во Белград имаше предност од 20:13. За нашата репрезентација најефикасен беше Поповски со шест погодоци, следен од Јовиќ со пет. На спротивната страна Нок-Боисне реализираше седум голови, а пет ...

Дејан Пецаковски ќе има нов предизвик, тој ќе биде помошник тренер на ракометниот клуб Илинден. Пецаковски зад себе има богата и успешна играчка кариера настапувајќи за Пелистер, Металург, Вардар, Зомимак, Еурофарм Работник, Пролет и Клуб Африкан од Тунис. Како капитен на младинската репрезентација настапи на Светското првенство во 2007 година, а беше дел и од сениорската селекција на Европското првенство 2014 во Данска. По завршувањето на ...

При изборот на дестинација за одмор за патниците, повеќе не се важни само плажите, рестораните или знаменитостите. Сè поважна улога има и самото сместување, па куќите и вилите со убава архитектура и уреден ентериер станаа една од главните причини за резервација. Поради тоа компанијата „Фурничр вилиџ“ спровела истражување во кое анализирала повеќе од 210 туристички дестинации низ целиот свет за да утврди каде се наоѓаат најубаво дизајнираните ...

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека се сретнал со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, наведувајќи дека на средбата „биле разменети мислења за повеќе клучни теми од заемен интерес за двете земји“. „Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.96
55%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.72
64%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.2
77%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
60%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.77
68%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
79%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
44%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.77
50%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
74%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.98
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Злато

137126.15

Калај

56.77

Платина

55652.94

Иридиум

252383.36

Бакар

13.54

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.27