Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Пред почетокот на новата фудбалска сезона 2026/27, Премиер лигата постави нов рекорд по бројот на промени на клупите. Девет клуба влегуваат во новата сезона со нов менаџер, рекорд што никогаш порано не се случил. Последната промена дојде со заминувањето на Еди Хау од Њукасл, кој се придружи на листата на менаџери кои ги напуштија своите клубови од крајот на минатата сезона. Новите тренерски имиња во Премиер лигата се: Марко Розе (Борнмут), ...
Големото невреме со силен ветар кое пред десетина дена го погоди Скопје предизвика оштетувања и на коритото на реката Серава, кое беше обновено и изѕидано минатата година. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека по невремето се забележани оштетувања и веднаш е активирана гаранцијата, за да се санираат појавените штети. Проектот има 10-годишна гаранција за квалитетна изведба и поради тоа веднаш издадов налог да се ...
Суд во Босна и Херцеговина му одреди едномесечен притвор на 31-годишниот полски државјанин Бартоломеј Краковјак, кој е осомничен дека осквернил статуи на Богородица и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во католичкото светилиште Меѓугорје во Босна и Херцеговина, пишува „Слободна Далмација“. Краковјак е преобратен тврдокорен верник, кој пред десетина години тргнал пеш од Варшава во Меѓугорје, каде според католичките ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите ...
Стриминг-платформата „Нетфликс“ се соочува со тужба вредна 105 милиони долари, откако од нејзините канцеларии во Лос Анџелес бил украден хард-диск што содржел необјавена копија од воениот шпионски трилер „Фортитјуд“ (Fortitude) со Николас Кејџ во главната улога. Филмот, чиј буџет изнесува околу 45 милиони долари, бил доставен до „Нетфликс“ во јуни годинава, откако компанијата претходно покажала интерес за неговата промоција. Според ...
Актерката Ана Стојановска роденденот го прослави во летна атмосфера, уживајќи во убавините на Трпејца во Охрид. На социјалните мрежи сподели моменти од денот поминат на бродче, капење во кристално чистите води на Охридското Езеро и дружење со својата миленичка. На една од фотографиите Ана насмеана позира на бродче, додека на друга е фотографирана како плива во езерото заедно со своето куче. На Инстаграм роденденот ѝ го честиташе нејзината ...
Еден од најблиските советници на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка во знак на протест против планот за продажба на удел во комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Карлос Кордеиро, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Соединетите Американски Држави и еден од советниците на ФИФА во работната група на Белата куќа за овогодинешното Светско првенство, го обвини Инфантино за ...
Осумдесет и едно годишната холивудска легенда Дени Девито откри во какви односи е со својата поранешна сопруга, актерката Рeа Перлман која има 78 години. Изминаа девет години откако ѕвездата на серијата „It’s Always Sunny in Philadelphia“ и ѕвездата од „Cheers“ се разделија, но тоа не ги спречи да го зачуваат блискиот однос, пишува „Е Њуз“. Актерот откри дека не само што се слушаат секој ден, туку и редовно заедно појадуваат и ручаат. „Сè ...
Група алпинисти предводени од познатиот непалски планинар и поранешен воен службеник Нирмал Нимс Пурџа исчезнаа по лавината на планината Брод Пик во Пакистан. Во потрагата досега се најдени четири тела, но останатите шест алпинисти сѐ уште се водат како исчезнати, пренесува Еј-би-си. Лавината на една од 12-те највисоки планини во светот (висока 8.051 метри) се случи вчера, а во групата што ја зафати имаше алпинисти од Непал, САД, Пакистан, ...
Актерката Дона Милс, која се прослави со улогата на Еби Канингем во култната телевизиска серија „Јазли на слетувањето“ (Knots Landing), ги изненади своите обожаватели откако на 85-годишна возраст отвори профил на платформата Онлифанс, пишува „Пипл“. Таа вели дека воопшто не ѝ пречи можноста да биде највозрасната креаторка на содржини на оваа платформа. Според Милс, повеќе од пет децении поминати во актерската професија ѝ покажале дека ...
Косовските власти рушат објекти во подрачјето на езерото Газиводe кои се во сопственост на Срби, а досега се урнати 17 вили, објави „Радио ким“. Министерката за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Фиторе Пацоли, денеска во објава на социјалните мрежи порача дека уривањето на објектите, кои властите ги сметаат за дивоградби, ќе продолжи „без компромис“ и ќе биде проширено и на други делови од Косово. „Уривањето на ...
Двајца полициски службеници од Струга се соочуваат со кривична и дисциплинска постапка поради сомнение дека употребиле прекумерна физичка сила врз човек лишен од слобода, кој во моментот бил со лисици на рацете. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Т.М., полициски службеник во полициската станица Струга, и И.Ш., главен полицаец ...
Ние трпиме булинг од една земја членка, а таа ја претставува Европската Унија. И во процесот на интегрирање, за жал, за нас адресата не е Брисел, туку Софија. Иако Софија се обидува да префрли сè на Брисел, ние немаме проблем со Европската Унија. Но, тоа е само метафорично изразување за некои нијанси, вели заменикот министер за надворешни работи Зоран Димитровски во интервју за „Слободен печат“. – Но, бидејќи се тие рамноправни, нашиот ...
Во текот на вчерашниот ден Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски даде неколку изјави на прес-конференција поврзани со изградбата на дата-центри, со кои ги навреди не само еколошките здруженија и организации ширум државата туку и интелигенцијата на целокупната македонска јавност, реагираат од иницијативата „Зелен хуман град“. „Имено, Андоновски не само што изјави дека ‘се консултирал со многу експерти и сите до еден му ...
Пензионерските домови се речиси исполнети до последното место, јавните домови за стари лица немаат дневен или полудневен престој, дел од објектите со години чекаат темелна реконструкција, а пензионерите предупредуваат дека во многу домови се затворени рестораните и аптеките што некогаш биле дел од секојдневниот живот на станарите. Во исто време, државата најавува инвестиции, изградба на нови капацитети и уверува дека редовно врши инспекциски ...
Масовниот премин на мигранти од Мароко во шпанската северноафриканска ексклава Сеута предизвика хуманитарна и безбедносна криза, но отвори и дипломатски фронт меѓу две големи европски држави. Италија ја обвинува Шпанија дека со поблагата миграциска политика создава проблем за целиот Шенген, додека, пак, Мадрид возвраќа дека Рим ја користи трагедијата за партиска пропаганда. Овој судир открива повеќе европски слабости, од неусогласените ...
Пакувањето куфер е една од оние вечни патнички дилеми. Дали облеката треба уредно да се здипли или да се свитка во ролни за да собере што повеќе работи? Додека едни тврдат дека ролањето заштедува простор, други се „колнат“ во класичното диплење бидејќи облеката останува поуредна и помалку се набира. Иако не постои универзално правило што ќе му одговара на секој патник, експертите за патувања се согласуваат за едно – најдобрата метода зависи ...
Денеска, на 31 јули, роденден слави Илина Арсова, првата Македонка која го освои Монт Еверест, ликовна уметница, алпинистка и скијачка. Оваа извонредна жена со својата храброст, посветеност и нескршлив дух остави неизбришлива трага во македонскиот спорт, уметноста и екологијата. Родена во Скопје во 1982 година, Арсова уште во детството ги спои уметничкото творештво и љубовта кон природата. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности ...
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњес нареди засилување на контролите на границата со Шпанија поради стравувањата дека илјадниците мигранти кои, според извештаите, насилно влегле во шпанската енклава Сеута, би можеле непречено да се движат низ Шенген-зоната, објави „Политико“. Нуњез соопшти дека во контролите ќе бидат вклучени локалната полиција и воени единици, а за радиото РТЛ изјави дека е во постојан контакт со шпанските ...
Во земјава заклучно со 30 јули се регистрирани вкупно 13 потврдени случаи на западнонилска треска, од кои 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Тројца од нив се наоѓаат во критична здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство. Поради актуелната епидемиолошка состојба и проценетиот ризик од понатамошно ширење на вирусот, Министерството го задолжи Центарот за јавно ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Оттаму велат дека вчера во 14 часот во општа болница Куманово било донесено двегодишно дете кое било затруено со средство за разредување на боја. „По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје за понатамошно лекување“, велат од полицијата. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани имаше неколку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж дали треба да ѝ се дозволи на Украина да произведува ракети за системите „Патриот“, велејќи во интервју дека „не е сигурен“ за таквиот потег. — Тоа е исклучително оружје и мора да бидеме малку внимателни кому му даваме лиценца — изјави американскиот претседател за „Фајненшел тајмс“. Претходно неделава, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со Трамп во Белата куќа, а ...
Вработени во Општина Бутел спасиле прегладнето и повредено куче кое било забележано како беспоомошно се движи покрај река, информираат од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. -Го пронајдоа во река, без сила, прегладнет и со стара повреда од скршена нога. Некој можеше да продолжи да поминува покрај него, но некој избра да застане. Денес ова куче доби нешто што можеби никогаш немало, шанса, грижа и надеж. Не можеме да ги спасиме ...
Група пратеници од „Европскиот фронт“ поднесoa до Собранието предлог-одлука за формирање на анкетна комисија со цел утврдување на сите факти и околности поврзани со сериозниот инцидент што се случи во просториите на Собранието, при кој член на владата употребил навредлив и понижувачки говор кон пратениците, соопштија од Европскиот фронт. Слободен печат“ веќе објави дека ДУИ ќе поднесе барање за анкетна комисија за министерот за локална ...
Фудбалерите на Шкендија успеаја да го елиминираат словенечкииот НК Браво со 3:1 (вкупно 4:3) и обезбедувајќи пласман за третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. По овој успех, тренерот на Шкендија Артим Положани ја даде својата анализа на играта, тактичкото маневрирање и пристапот на тимот. – Ова беше натпревар кој беше извонредно добро организиран од нашите играчи. И за тоа морам да им честитам на играчите, бидејќи тоа е ...
Кејт Мидлтон неодамна отворено зборуваше за тоа како се справувала со некои од најтешките несакани ефекти во текот на лекувањето на ракот. За време на посетата на болницата за онколошка нега „Кристи“, четириесет и четири годишната принцеза им раскажа на пациентите дека хемотерапијата ѝ предизвикала големи проблеми со концентрацијата, поради што читањето ѝ било речиси невозможно, пишува „Пипл“. Поради тоа, таа ѝ се препуштила на креативноста ...
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се одржа свеченост на која беа промовирани 53 офицери, а Министерот за одбрана посочи дека Армијата отсекогаш била една од најпочитуваните институции во државата, нагласувајќи дека одбраната има историска улога, додека современите закани не познаваат граници, со што го нагласи членството во НАТО како „повеќе од безбедносна гаранција“. „Членството во НАТО претставува повеќе од безбедносна ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја лоцира одговорноста за враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Мацкоски кај локален јавен обвинител во Вишото обвинителство Битола и најави истрага. -Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство кој е соучесник во овој процес. И тоа нема така да заврши – рече Мицкоски. Тој очекува истрага за овој случај затоа што, вели, од страна на надлежното Основно ...
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја заврши првата половина од 2026 година со подобрени резултати во работењето, приходи од над 77 милијарди денари и зголемен број на корисници на пензија. Ова беше соопштено на 36. седница на Управниот одбор на Фондот на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на институцијата. Со седницата претседаваше заменик-претседателот на Управниот одбор, Сашо Поп-Илиоски, а директорот на ...
Пацифичката островска држава Науру официјално го врати своето традиционално име и отсега ќе се нарекува Република Наоеро, јави Ал џезира. Парламентот на земјата уште во мај усвои уставен амандман со кој се менува името на државата, а претседателот Дејвид Адеанг потврди дека е откажан планот за одржување национален референдум за ова прашање. „Одлуката да не се организира референдум беше донесена по внимателно разгледување, бидејќи Наоеро не е ...