Бразилскиот фудбалер Бруно Гимараеш ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, пишува францускиот „Л’Екип“. Гимараеш ја изрази својата желба да се пресели во Арсенал за време на Светското првенство, кое на Њукасл му понуди 60 милиони евра за бразилскиот интернационалец. Првата понуда на Арсенал беше одбиена, а по еден месец преговори, двете страни конечно успеаја да постигнат договор. Арсенал на крајот ќе му плати на Њукасл 90 милиони евра плус 10 ...

Жена од Велс, Веелика Британија, страда од губење на меморијата и епилептични напади откако ја каснал крлеж додека бил на одмор во Грција. Поради енцефалитис предизвикан од крлеж, таа поминала 42 дена во индуцирана кома, а седум години подоцна сè уште ги чувствува последиците од болеста, пишува Би-би-си. Викторија Стелас (51) од Англси развила симптоми слични на грип додека била на грчкиот остров Сирос во 2019 година. Откако се вратила дома, ...

Млади луѓе качени на автомобил, во позадина ечи музика, а од оружје се пука во воздух. Ваквите снимки се проширија по социјалните мрежи, а граѓаните реагираа дека ова се случува среде град, па побараа надлежните да излезат на терен и да истражат за случајот. Снимката прв ја објави активистот и адвокат Умејр Мухамеди, прашувајќи „дали е ова Гостивар или Курдистан?“, но потоа ја тргна од Фејсбук поради коректност према сопственикот на ...

Кошаркарскиот клуб Работнички АД Скопје ја известува јавноста и сите љубители на клубот дека Лука Петровски го продолжи договорот и ќе ги брани боите на Работнички и во претстојната сезона. Со својата пожртвуваност, борбеност, снаодливост и тимски дух, Петровски претставува значаен дел од составот на Работнички. Секогаш подготвен да го даде својот максимум на теренот, тој и во наредната сезона ќе биде дел од „црвено-белото“ семејство. Ја ...

Швајцарскиот клуб Ксамакс го промовираше новото летно засилување, македонскиот фудбалер Никола Ѓорѓев (28). Нашиот крилен играч пристигнува од Фарензе во португалската втора лига. Ѓорѓев е познато лице во швајцарската лига, бидејќи помина низ младинските редови на Грасхопер Клуб Цирих. Приклучувајќи се кон првиот тим во јануари 2015 година, тој одигра 12 натпревари во Супер лигата во првите неколку месеци како професионалец. Откако го ...

Додека светските медиуми не престануваат да шпекулираат за нивната претстојна свадба, атрактивната Георгина Родригез (32) одлучи дополнително да објави фотографии од одморот со семејството, покажувајќи ја својата совршена линија во црно бикини, пишува „Сан“. Георгина, која веќе цела деценија е во врска со фудбалската легенда Кристијано Роналдо (41), ги сподели фотографии од луксузната јахта со своите 76,6 милиони следбеници на Инстаграм. На ...

Диего Басанесе е едно од новите засилувања во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер за новата сезона. Младиот десен бек е кадетски репрезентативец на Хрватска и со голем ентузијазам ја почна својата авантура во Битола. Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. Басанесе потпиша четиригодишен договор со клубот од Битола. Покрај ...

Еколошката организација „О2 Иницијатива“ продолжува со своите јавни објави и реакции за состојбата на плажите крај Охридското Езеро, за кои рекоа дека се „дива лига“ — насекаде се поставени лежалки и не се почитуваат препораките на УНЕСКО. Се обратиле и до општинарите за овој проблем, но од таму добиле одговор дека локалната самоуправа нема склучено договори за закуп и нема издадено плажи на концесии на езерото. „Општината нема склучено ...

Без разлика колку внимателно е испланирано едно патување, резервирано сместување, истражени знаменитости и подготвен детален распоред, највредните спомени најчесто произлегуваат од непредвидени ситуации. Наместо совршено организираниот план, во сеќавањето остануваат миговите што дошле сосема случајно – предолго возење со локален автобус, мала семејна гостилница во која сте влегле за да се засолните од дождот или разговор со жител кој ви ...

Струмичанец со нож ја нападнал поранешната сопруга во кафуле. Тој ја повредил на лицето, па се пуштил да бега, но потоа се пријавил во полициска станица во Струмица. Обвинителството го гони за обид за убиство. „На 31.07.2026 во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ...

Коктелите веќе не се резервирани само за слатки вкусови, овошни комбинации и класични рецепти. Во последно време сè поголема популарност добиваат лутите и солени коктели, во кои бармените комбинираат лути пиперки, билки, зачини и необични состојки, пишува „Асошиејтед прес“. Овој тренд особено се забележува во баровите во Лондон и Њујорк, каде гостите сè почесто бараат пијалаци со поизразен карактер – со малку лутина, киселост и солени ...

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, вчера доживеала сообраќајна несреќа во тунелот Кастелец на автопатот Копар-Љубљана, во која се здобила со полесни повреди, пишува словенечко „Дело“. По укажаната помош во Општата болница во Изола, претседателката се чувствува добро и се очекува да биде пуштена на домашно лекување во текот на денот. Несреќата се случила вчера во 16:57 часот во тунелот Кастелец, на автопатот Приморје во правец ...

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава тројца скопјани, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. „Приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. И.Т., со помош на другите две лица, се обидел во една ...

На 72- годишна возраст во Скопје почина Исмаил Бојда, почесен председател на Сојузот на Македонците со исламска религија. „Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен председател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како пример за идните генерации како треба ...

Кога имала само десет години, девојче од американската сојузна држава Мисури решило да го полага Бине-Симоновиот тест – еден од најпознатите индивидуални тестови за интелигенција. Резултатот што го добила во 1956 година бил толку необичен што практично ја надминал тогашната скала за мерење, пишува „Телеграф“. Нејзината ментална возраст била проценета на речиси 23 години, а коефициентот на интелигенција (IQ) изнесувал неверојатни 228. За ...

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути.“ На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да избори место во разигрувањето за повисок пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска. Во натпреварот за пласман, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ беа поразени од селекцијата на Финска со 98:77. Финската репрезентација беше подобар противник, особено во првото полувреме, во кое ја создаде предноста што подоцна успешно ја зачува до крајот на ...

Кошаркарскиот клуб Монако е информиран дека Комитетот за жалби на Француската кошаркарска федерација (FFBB) ја отфрлил жалбата на клубот откако не успеале да ја добијат потребната финансиска документација во продолжениот рок и дека клубот од Кнежевството нема да учествува во Француската лига следната сезона. „Црвено-белите“ од Кнежевството се актуелни шампиони на Француската лига, а прво беа одбиени од федерацијата на гореспоменатата земја ...

Битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК „Битола“, се врати во Македонија, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Марјан Николоски. Николоски тврди патувањето било неопходно. На премиерот Христијан Мицкоски кој најави истрага за ова, адвокатот му порача дека се е законско во случајот. Пред три дена медиумите објавија дека бизнисменот, кому Основниот суд во Струга му го врати пасошот откако приложил ...

Турскиот фудбалски клуб Бешикташ веќе некое време се поврзува со Мохамед Салах, но Трабзон би можел побрзо да ги обезбеди услугите на искусниот напаѓач. Имено, Египќанецот побара од Истанбулските „орли“ 15.000.000 евра по сезона, што беше премногу пари за нив, па Трабзон се вмеша и му понуди двегодишен договор, каде што би заработувал 17.000.000 евра по сезона. Трабзон, кој нема вистинска ѕвезда во своите редови, сака да застане рамо до рамо ...

Жаклин Кенеди Оназис Ли Бувие е родена на денешен ден во 1929, таа била сопруга на 35-тиот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, и служела како прва дама на САД во текот на неговото претседателствување од 1961 до неговото убиство во 1963 година. По трагедијата, откако речси целосно закрепна од загубара на сопругот, стапи во брак со грчкиот трговски магнат Аристотел Оназис од 1968 па сè до неговата смрт во 1975 година. Нејзиниот препознатлив ...

Трагичната смрт на принцезата Дијана во 1997 година го потресе светот, но нејзиниот тестамент откри тајни што ги изненадија дури и нејзините најблиски соработници. Заедно со принцовите Вилијам и Хари, на списокот на наследници се најде и еден човек од сенка на кого принцезата Дијана му оставила значителна сума. Принцезата Дијана го потпишала својот тестамент на 1 јуни 1993 година, кога имала 32 години. Тестаментот на принцезата Дијана, ...

Нуклеарната централа „Пакс“ во Унгарија, која произведува речиси половина од електричната енергија во земјата, би можела да биде затворена уште овој викенд поради рекордно ниските нивоа на водата во реката Дунав, изјави премиерот Петер Маѓар, објави „Асошиејтед прес“. Четирите реактори произведени во Русија работат само со една четвртина од нивниот вкупен капацитет од 2 гигавати и се очекуваше целосно да се исклучат следната недела за првпат ...

Аргентинскиот фудбалер и член на Тотенхем, Кристијан Ромеро наскоро би можел да го облече дресот на Интер, актуелниот италијански шампион. Според „Спортиталија“, миланскиот клуб постигнал значителен напредок во преговорите со асот на Тотенхем, како во однос на личните услови на играчот, така и со неговиот агент. Лондонскиот тим е подготвен да го продаде аргентинскиот дефанзивец за 40 милиони евра. Со месеци е јасно дека централниот бек сака ...

Најмалку 77 луѓе загинаа обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава Сеута откако дури 60.000 мигранти влегоа на малата територија од Мароко, објави „Скај њуз“. Шпанскиот премиер Педро Санчез оцени дека тоа е кршење на територијалниот интегритет на Шпанија. Масовниот прилив на мигранти, што се случи за само 24 часа, го преплави градот со околу 85.000 жители, предизвика политичка криза во Мадрид и доведе до поделени реакции од другите ...

Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со цевки и пумпи вода од река префрлеле во главниот резервоар. За тоа Обвинителството постапуваше и постапува и веќе имаме лица коишто се обезбедени, сослушани. Очекувам да имаме и проширување во истрагата, одговорноста е лоцирана и се преземаат мерки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во однос на обвинувањата од опозицијата дека ...

Секој што барем еднаш заглавил во сообраќаен метеж на автопат го знае тоа чувство – автомобилите во соседната лента изгледаат како да се движат побрзо, па многу возачи веднаш ја менуваат лентата. Но, ново истражување покажува дека сепак постои лента која во просек има мала предност кога има голема гужва, пишува „Телеграф“. Според анализата на холандскиот Државен портал за патен сообраќај, во најголем број случаи најбрзо се минува низ левата ...

Полицијата во Ниш уапси маж под сомнение дека планирал спектакуларно бегство на осуденици од Казнено-поправниот дом, пишуваат српските медиуми. Според информациите, осомничениот имал намера со дрон да вметне пиштол со муниција во затворот. Планот бил осуденик од Нови Пазар, кој издржува затворска казна во Ниш, да го преземе оружјето. Откако би го добил пиштолот, затвореникот требало да го употреби за да го совлада и киднапира затворскиот ...

Парламентот на Бугарија го одреди 25 октомври како ден кога земјата ќе го избере својот следен претседател. Претседателската функција во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата со 6,5 милиони жители ја имаат премиерот и парламентот, објавија бугарските медиуми. Сепак, претседателот е врховен командант на вооружените сили, може да стави вето на законите и да потпишува меѓународни договори. Владејачката ...

ФИФА го повлече планот, но УЕФА нема намера целата приказна да заврши само со еден чекор назад. Управното тело на европскиот фудбал ја поздрави одлуката за откажување од продажба на акции во натпреварувањата, вклучително и Светското првенство, но во исто време отворено изјави дека раководството на Џани Инфантино ја изгубило довербата. Контроверзниот предлог беше едногласно отфрлен од сите национални асоцијации на УЕФА, а бројни федерации и ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.56
26%
1010
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
4.97
53%
1012
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.67
23%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.72
33%
1012
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
8.25
39%
1011
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
59%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
3.13
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.7
33%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.48
37%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.58
39%
1012
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 36ᴼ
1.34
24%
1012
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.76
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Алуминиум

3.25