Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Поранешната ѕвезда на Дизни, Мејтленд Ворд, откри колкави се нејзините приходи од платформата „Онлифанс“ и ги спореди со парите што ги заработувала глумејќи во популарната серија „Момчето го запознава светот“ (Boy Meets World) кон крајот на деведесеттите години. Таа зборуваше за својата заработка за време на гостувањето во серијалот „Холивудски демони“ (Hollywood Demons), кој се занимава со темната страна на славата, пишува „Индепендент“. Во ...
Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, повторно е обвинет, овој пат поради тоа што објавил фотографија од бројки направени од школки, за кои претставници на Министерството за правда тврдат дека претставуваат закана за претседателот Доналд Трамп, потврдиле три извори за Си-ен-ен. Ова е втор обид на администрацијата на сегашниот шеф на Белата куќа да гони еден од неговите најголеми политички противници. Трамп долго време инсистираше неговите ...
Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 1:0 во победи против Жалгирис во плејофот на Евролигата, откако славеа со 89:78 на домашен терен во Истанбул, Турција. Фенербахче го предводеше Тарик Биберовиќ со 16 поени, а најефикасен играчи за литванскиот клуб беше Најџел Вилијамс-Гос со 24 поени. Плејоф серијата се игра до три победи, а следниот натпревар ќе се игра на 28 април, повторно во Истанбул. Грчкиот Олимпијакос го совлада Монако со 91:70 на ...
Актерката Лора Дерн се придружува на екипата на четвртата сезона од популарната серија „Белиот лотос“, откако Хелена Бонам Картер ненадејно го напушти проектот. Веста за промената на кастингот доаѓа една недела откако беше откриено дека Бонам Картер се откажала од новата сезона на драмата на Ејч-би-о. Сега е потврдено дека ѕвездата на „Големи мали лаги“, Лора Дерн, долгогодишна соработничка на креаторот на серијата Мајк Вајт, ќе влезе по ...
Кошаркарите на Денвер нагетс ја победија Минесота со 125:113, на крилјата на фантастичниот Никола Јокиќ и ја продолжија оваа серија, сега е 3:2 за Тимбервулвс. Српскиот ас го заврши натпреварот со 27 поени, 16 асистенции и 12 скока, со многу ефикасни девет од 15 од игра и 8 од 10 за два поени. Во редовите на Денвер блескаше и Спенсер Џонс (20 поени, четири тројки, 7/9 од игра), како и од Камерон Џонсон кој го заврши мечот со 18 поени, шест ...
Сте раскинале, сте продолжиле понатаму и конечно сте се вратиле на себе. Кога одеднаш, тој повторно се појавува. Ако ви е познато ова сценарио, не сте сами. Ова е чест образец во современите врски, а објаснувањето лежи подлабоко од романтиката, пишува „Сенса“. „Пред години бев во врска со човек кој не можеше да се одлучи дали сака сериозност. Сè беше по негово – повремени пораки, ретки средби, но никогаш вистинска врска. На крај се изморив и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, тврдејќи дека „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“, објавија светските медиуми. Тој исто така рече дека ако Техеран добие нуклеарна бомба, „целиот свет ќе биде заложник“ и дека во моментов презема чекори кон Иран што, тврди тој, другите земји и претседатели требало да ги преземат одамна. „Германскиот канцелар Фридрих Мерц мисли дека е ...
Конечно е решена енигмата за мистериозното „златно јајце“ кое беше откриено на дното на океанот во близина на Алјаска пред повеќе од две и пол години. Необичниот пронајдок, извлечен од длабочина од 3.250 метри за време на експедиција на американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA), со години ги збунуваше светските зоолози, пишува „Биорхив“. Кога подморницата на далечинско управување првпат го сними објектот во 2023 ...
Владата „опипува“ околу Зијадин Села и дали тој би бил подготвен да стане дел од неа, а за оваа можност „се комуницира на повеќе нивоа“, откри вечерва еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити, во интервју за телевизијата „24“. „Постои опција Зијадин Села да ѝ се приклучи на Владата. Вратата му е подоотворена, комуницираме на различни нивоа“, рече Меџити. Тој најави дека во најавената реконструкција во Владата ќе има и смена на ресори, но и ...
Денеска во првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европската лига ракометарите на Вардар 1961 забележаа пораз од 33:23 на гостувањето во Франција против Монпеље. Македонскиот претставник во првите 60 минути од овој двомеч беше ослабен без едни од најдобрите играчи оваа сезона, недостасуваа Јака Малус поради повреда и Дмитро Хориха поради болест. Скопските „црвено-црни“ резултатски добро се држеа во текот на првото полувреме, на стартот ...
Голманот на Валенсија, голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски зборуваше во емисијата „Информатиу“ на VCF Media Radio, зборувајќи за моменталната состојба на шпанскиот фудбалски клуб. Нашиот чувар на мрежата ги сподели импресиите за неговиот одличен настап против Жирона во победата од 2:1 за важни бодови кон опстанок во Ла Лига, како и за претстојниот натпревар против Атлетико Мадрид на 2 мај на домашен терен. ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за „Алсат“ рече дека со укинувањето на техничката влада се загрозуваат фер и демократските изборни процеси во државата, а власта се подготвува за изборна кражба. „Техничка влада мора да остане затоа што на маса се фер и демократски избори. Без техничка влада нема гаранција дека тоа ќе се случи. Всушност нема да се случат фер и демократски избори. Се спрема изборна кражба“, рече Филипче. Тој ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација се закити со златото на Светското училишно првенство во ракомет што се одржа во Скопје. Играчите предводени од селекторот Горан Кузманоски во финалето одиграно во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Израел со 38:32. После првото полувреме нашата селекција имаше предност од 20:14. На патот до финалето, македонските ракометари најпрвин во групната фаза ги совладаа Бугарија (33:18), Грузија ...
Потегот на ќерката на Никол Кидман и Кит Урбан на социјалните мрежи ги поттикна шпекулациите за напнатиот однос на семејството по нивната разделба. Седумнаесетгодишната Сандеј Роуз престана да го следи својот татко на Инстаграм, што многумина брзо го забележаа, особено во контекст на неодамнешната вест за нејзините родители и нивниот развод. Иако е навидум мала промена, овој потег предизвика бројни реакции, особено затоа што Кит продолжува ...
Во Атина е уапсен 89-годишен маж осомничен за вооружен напад врз две државни институции, при што пукал во канцеларија за социјално осигурување и во зграда на суд, а во инцидентите се повредени петмина граѓани, соопштуваат грчките власти, додека истрагата за мотивите е во тек, објави „Катимерини“. Тој е уапсен во западниот пристанишен град Патра, од каде што планирал да се качи на траект за Италија. Петте жени што ги застрелал се префрлени во ...
Уметноста честопати служи како најмоќна алатка за исцелување и промена на перспективата, а тоа најдобро го покажува делото на ирачкиот визуелен уметник Мухалед Хабиб, кој пронајде неверојатен начин да ги трансформира трагите од насилство во нешто сосема неочекувано и позитивно. Неговиот тековен проект „Трансформација на куршуми“ ги користи дупките од куршуми во ѕидовите и урбаните површини како почетна точка. Наместо да ги сокрие овие траги, ...
Познатиот актер Џона Хил (42) ја шокираше јавноста со одлуката трајно да го напушти Лос Анџелес и да започне нов живот со сопругата Оливија Милар и нивните две деца во Сан Диего. За време на гостувањето во поткастот „СмартЛес“, актерот отворено зборуваше за причините поради кои реши да живее со семејството далеку од рефлекторите на Холивуд. Хил објасни дека се преселил пред три години, веднаш штом го добиле првото дете. Тој со воодушевување ...
Властите на Шри Ланка соопштија дека уапсиле 22 будистички свештеници за поседување повеќе од 110 килограми канабис, што е нелегално во јужноазиската земја. Тие биле уапсени на меѓународниот аеродром во главниот град Коломбо, во најголемата заплена досега на тој терминал, објави Си-ен-ен. Властите соопштија дека мажите, кои се враќале од Тајланд, имале куфери, секој со повеќе од пет килограми канабис, на меѓународниот аеродром ...
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го објавија своето повлекување од ОПЕК по повеќе од пет децении. Седмиот најголем производител на нафта во светот го напушта ОПЕК на 1 мај, што ќе му овозможи поголема „флексибилност во реагирањето на динамиката на пазарот“. Објавата дојде додека ОПЕК се подготвува за утрешниот состанок во Виена. Земјата, исто така, ќе го напушти поширокиот сојуз ОПЕК+, објавува The National. – Оваа одлука е донесена по ...
На доживотна казна затвор е осуден штипјанецот Денис Асанов, кој лани ја убил неговата пријателка, нејзиниот труп го распарчил и го закопал во дворот. Судијката, Јулијана Недкова денеска во Основниот суд во Штип го прогласи за виновен и ја објави пресудата за 74-годишниот Асанов за смртта на 79-годишната Борјанка Николова од Штип. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа ...
Синот на Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ, продуцентот Алекса Балашевиќ, го доби второто дете со својата сопруга Николина. Во неговото семејство се роди момче, кое го крсти Ѓорѓе, во чест на неговиот татко, легендарниот кантавтор. Алекса и Николина пред четири години ја добија ќерката Вера, а сега нивното семејство се прошири за уште еден член. По повод оваа радосна вест се огласи и гордата баба, Оливера, која ја сподели и првата фотографија со ...
Чувството на внатрешна „киселост“ не доаѓа случајно. Често е сигнал дека нешто е претерано – во обврските, емоциите, заморот или границите што ги поставуваме. Иако на површина сè може да изгледа во ред, внатре се појавуваат раздразливост, замор и незадоволство, пишува „Сенса“. Овој едноставен тест на личност нуди насоки како да откриете што точно ви создава такво чувство во моментот. Како функционира тестот? Замислете пет лимони и одберете ...
Резолуцијата усвоена од Европскиот парламент повикува на заедничка дефиниција за силување низ целата ЕУ, наведувајќи дека секој сексуален чин без согласност треба да се смета за силување, објави „Ројтерс“. Европскиот парламент денеска одобри резолуција со која се повикува на дефиниција за силување во цела ЕУ, врз основа на отсуство на слободно дадена и информирана согласност. Сега е ред на Европската комисија да предложи закон, кој потоа ќе ...
Меланија Трамп и кралицата Камила на првиот ден од државната посета на британскиот крал Чарлс Трети на САД, избраа да носат облека на дизајнери од своите земји, што е отстапување ја традицијата. Меланија воодушеви во жолт костум направен по мерка, заедно со сопругот, претседателот на САД Доналд Трамп, ги пречекуваа кралот Чарлс и кралицата Камила во Белата куќа. View this post on Instagram A post shared by Deccan Chronicle ...
Најмалку седум луѓе загинаа, а 12 се повредени во пожар што избувна во станбена зграда денеска во Москва. Пожарот избувна на вториот и на третиот кат и зафати површина од околу 1.400 квадратни метри, пренесува РИА Новости. Руските служби за итни случаи соопштија дека пожарот избувнал во недовршена повеќекатна станбена зграда во населбата Аеродром, ширејќи се на вториот и на третиот кат. Тие рекоа дека повеќе од 30 луѓе се спасени од местото, ...
Фудбалските репрезентации кои ќе учествуваат на Светското првенство (11 јуни – 19 јули 2026 година) во САД, Канада и Мексико, непосредно пред настапот на планетарниот собир, ќе одиграат контролни натпревари како дел од подготовките. Помеѓу учесниците е и Иран за кој доста се зборува и се шпекулира во изминатиот период поради затегнатите односи по воздушните напади на САД заедно со Израел, и се стави под знак прашалник настапот на азиската ...
Поп-ѕвездата Тејлор Свифт поднесе три апликации за заштита на нејзиниот глас и лик со потпис од турнејата „Ерас“, поради зголемената загриженост за злоупотреба со вештачката интелигенција. „ТАС Рајт менаџмент“, кој ја застапува пејачката, поднесе две звучни апликации за заштитен знак кои ги покриваат фразите „Еј, тоа е Тејлор Свифт“ и „Еј, тоа е Тејлор“. Третата апликација се однесува на познатата фотографија од турнејата „Ерас“, на која ...
Министерството за внатрешни работи се огласи околу денешното апсење на лидерот на младината на Левица, Андреј Куцуловски, кој на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Израел во СЦ „Јане Сандански“ развеа знаме на Палестина. Од полицијата велат дека тој е приведен поради прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. „Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека ...
Експертите за аеродромски трансфери од компанијата „Хопа“ ги анализирале европските туристички места, оценувајќи ги според повеќе фактори, меѓу кои и просечната цена на хотелите со три ѕвезди, со цел да ги утврдат најприфатливите плажи за одмор, пишува „Дејли мејл“. 1. Фалираки, Родос (Грција) – околу 41,5 евра по ноќевање 2. Кашјуни, Сплит (Хрватска) – околу 65 евра по ноќевање 3. Бачвице, Сплит (Хрватска) – околу 65 евра по ноќевање 4. ...
Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба е одговорен за лажна пријава за експлозивна направа поставена во две училишта во Дубровник денеска, соопшти Полициската управа Дубровник-Неретва, објавија локалните медиуми. Тој ја дал лажната пријава по телефон околу 12 часот и против него е во тек полициска акција. „По приемот на пријавата, веднаш беа испратени полициски службеници на терен, кои извршија инспекции на образовните ...