Биткоинот, најголемата светска криптовалута, денеска достигна највисоко ниво во последните две години од 56.000 долари, подигајќи го поширокиот крипто пазар. Цената на биткоинот порасна за повеќе од 10 отсто за два дена, според податоците на CoinMarketCap, откако фирмата за крипто инвестиции и софтвер MicroStrategy објави дека во понеделникот купила околу 3.000 биткоини за 155 милиони долари. Компанијата со седиште во Вирџинија моментално е ...

HMD потпиша партнерство со Mattel за развој на телефон базиран на најпопуларната кукла во историјата. Иако помина повеќе од половина година од прикажувањето на филмот во кината, се чини дека барбиманијата се уште трае бидејќи официјалниот телефон Барби беше најавен на најголемиот светски саем за мобилни уреди, Светскиот конгрес за мобилни телефони, кој моментално се одржува во Барселона. Без камера, но со батерија која може да трае еден месец: ...

Ако барем еднаш ви се случило да ви пристигне маил кога не треба, ова е трик што треба да го пробате. На социјалната мрежа Reddit неодамна се водеше дискусија за тоа кои се тие едноставни совети кои го олеснуваат животот, а малкумина знаат за нив. Еден од коментарите со најмногу гласови е за мејловите. „Ако користите Outlook и примите е-пошта за која немате време во тој момент, но во исто време не сакате да ја заборавите, одете на десен клик или ...

Во следното ажурирање на iOS, системот за пораки iMessage ќе добие уште посигурен систем за шифрирање, според компанијата најсилниот во светот, кој исто така ќе се погрижи и квантните компјутери на иднината да не можат да го пробијат. Нов чекор кон уште посигурна кореспонденција, отпорна на прислушување или други форми на компромитирање, ќе направи Apple со претстојното ажурирање на iOS. Во својата апликација iMessage, која служи за размена на ...

Електронскиот нос дизајниран од италијанската научничка Соња Фреди може да го почувствува потеклото и свежината на виното, објави Католичкиот универзитет во Бреша. Физичарка од Бреша и координаторка на проектот „Од наноструктури до вештачка интелигенција: електронски нос за заштита и валоризација на винското наследство“, таа го создаде овој уред на одделот за физика на универзитетот. „Електронскиот нос детектира молекуларни биомаркери и го ...

Апликацијата Google Pay се исклучува во Соединетите Држави. Самостојната верзија на апликацијата Google Pay веќе нема да биде достапна за американските корисници по 4 јуни оваа година. Наместо тоа, корисниците се охрабруваат да се префрлат на Google Wallet. На другите пазари, апликациите сè уште ќе бидат достапни. Со исклучувањето на Google Pay, функциите како што се P2P плаќања, наоѓање и нудење попусти и управување со банкарски сметки исто ...

Можете ли да замислите само еден ден без струја? Без разлика дали сте на работа, дома, на училиште, на факултет, користењето на електрична енергија е секојдневие. Се користи за греење, ладење, готвење, осветлување, транспорт и многу повеќе. Сепак, начинот на кој се користи енергијата има огромно влијание врз животната средина и животот во целост. Важноста на оваа тема не опфаќа само исклучување на уредите кога не ги користиме, туку и користењето ...

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС) побара од тамошното тело за цензура на Интернет да го блокира пристапот до севернокорејскиот пропаганден канал на YouTube, соопштија официјални лица. Поставено е барање да се забрани каналот „Оливија Наташа“ во земјата, чиј водител е девојка од Северна Кореја по име ЈуМи, соопштија претставници на Комисијата за стандарди за комуникации на Јужна Кореја (KCSC). KCSC планира да одржи состанок ...

Новиот оперативен систем на брендот Xiaomi, HyperOS, доаѓа на уште еден уред на глобално ниво. Ако сè уште не сте добиле HyperOS, не грижете се, сè уште има надеж. Станува збор за оперативен систем базиран на Android 14, кој во иднина ќе го замени MIUI на Xiaomi на новите телефони. Досега, само неколку понови телефони добија HyperOS, но Xiaomi сега исто така изјави дека ажурирањето е проширено на уште два модели, еден за кинескиот пазар и еден ...

WhatsApp е една од најпопуларните апликации за пораки во светот, па затоа мора постојано да работи на приватноста и безбедноста на своите корисници, а новата функција што ја развиваат го докажува тоа. Ова е вградена функција која ќе спречи некој да направи скриншот од сликата на вашиот профил на WhatsApp. Моментално, можно е да се скрие сликата на вашиот профил кога ќе изберете Settings > Privacy > Profile Photo, а потоа ги имате опциите: ...

Овие наслови се придружуваат на франшизи како што се Minecraft, Call of Duty, Overwatch и Diablo – кои веќе допираат до гејмерите и љубителите на игри на повеќе платформи. Xbox објави дека четири омилени Xbox игри на фановите доаѓаат на платформите Nintendo Switch и Sony оваа пролет. Тоа се игрите Pentiment, Hi-Fi RUSH, Grounded и добро познатото Sea of Thieves. Pentiment е навистина уникатна, признаена и наградувана наративна авантура, со ...

Како ви звучи видео игра во која се враќате назад во времето во средниот век, но носите калашников и возите пикап? Тоа е Kingmakers, нова акциона/стратешка игра создадена од Redemption Road, во која водите лик кој патува низ времето кој се бори против ордите витези. Сепак, се разликува од другите игри со слична тема, бидејќи тука можете да користите модерно оружје и модерни возила – според промотивниот материјал, ќе донесете „митралези, ...

Јапонската компанија Sony би можела да ја објави новата конзола PlayStation 5 Pro до крајот на 2024 година. Агенцијата Kantan Games верува дека Sony ќе побрза да издаде нова конзола на пазарот поради падот на продажбата на стандардната конзола PS5, како и да се подготви за објавување на нова верзија на популарната видео игра GTA VI на почетокот на 2025 година, објави CNBC. GTA е една од најпопуларните видео игри на сите времиња, а Sony се надева ...

Елон Маск продолжува да најавува нови услуги и подобрувања за X платформата, а овој пат добиваме услуга за е-пошта. Илон Маск, сопственикот на платформата X, го најави почетокот на новата услуга за електронска пошта, која ќе се вика Xmail. Xmail e замислен како алтернатива на постоечките и популарни услуги за е-пошта, како што е Gmail од Google. It’s coming — Elon Musk (@elonmusk) February 23, 2024 Член на безбедносната инженерска програма на ...

Ако симболот VoLTE се појавил на вашиот телефон покрај сигналот, еве што значи тоа. Кога сакаме да разговараме со мобилен телефон преку повик и во исто време да користиме интернет, односно мобилни податоци, опцијата VoLTE (Voice over long-term evolution) е овозможена. VoLTE е технологија за пренос на податоци базирана на IP која овозможува услуги за повици и податоци преку 4G и 5G мрежи. Покрај тоа, VoLTE има и некои други предности: овозможува ...

На 18 февруари почна да се применува Регулативата на Европскиот парламент и Советот на ЕУ за батериите. Целиот животен циклус на сите батерии пласирани на пазарот на ЕУ е регулиран во еден правен инструмент – од ископ на суровини до дизајн, производство, маркетинг, употреба и на крајот управување со отпад. Регулативата се однесува на сите категории на батерии, без разлика на нивната форма, маса, дизајн, состав на материјалот, хемиски својства, ...

Алатките за надзор напредуваат на сите полиња, и во однос на функционалноста и присутноста, но се поставува прашањето како тоа ќе влијае на приватноста на корисниците. Стартапот, наречен Albedo Space, создава сателити во ниска орбита способни да зумираат поединечни луѓе на Земјата, пишува Њујорк Тајмс. Ко-основачите на компанијата велат дека сателитите нема да бидат опремени со технологија за препознавање лица за идентификација, но ќе можат да ...

Лидерите на Претставничкиот дом на САД денеска објавија дека се подготвуваат да формираат двопартиска работна група за истражување на потенцијалните закони за решавање на загриженоста за вештачката интелигенција. Претседателот на републиканскиот Претставнички дом Мајк Џонсон и лидерот на демократите Хаким Џефрис изјавија дека работната група ќе има задача да подготви сеопфатен извештај и да ги разгледа „заштитните мерки што може да бидат ...

Fortnite е играта која во моментов има најмногу соработка со други франшизи, вклучувајќи ги и светските ѕвезди. Последната меѓу нив е Лејди Гага. Откако ѕвездите како Еминем, Тревис Скот и Аријана Гранде дебитираа во популарната игра Fortnite, во играта доаѓа и Лејди Гага. *fortnite https://t.co/1FwPHmMfRJ pic.twitter.com/9BSG6S23zh — Lady Gaga (@ladygaga) February 20, 2024 Интернационалната суперѕвезда ова го објави на платформата Икс ...

Apple го удвои траењето на батеријата на уредите iPhone 15, барем според податоците што ги дава компанијата. Во неодамна ажурираниот документ за поддршка, компанијата наведува дека „батериите на iPhone 15 се дизајнирани да задржат 80% од нивниот оригинален капацитет за 1.000 целосни циклуси на полнење под идеални услови“. Ова се однесува на сите верзии на моделот iPhone 15. Онаму каде што сега бројот е „1.000“, порано беше „500“, што сè уште се ...

25/02/2024 05:14 - USB - +1

Експерти за вештачка интелигенција и индустриски лидери испратија отворено писмо до јавноста. Тие бараат да се воведат повеќе регулативи околу создавањето лажни ликови со помош на вештачка интелигенција, бидејќи сметаат дека тоа претставува ризик за општеството. „Денес, таканаречените „дипфејкови“ вклучуваат порнографија, измами или политичко декриминација. Бидејќи вештачката интелигенција брзо напредува и го прави „дипфејк“ лесно да се создава, ...

Microsoft користи вештачка интелигенција за да го ажурира својот оперативен систем. Microsoft автоматски ќе ги ажурира уредите со Windows 11 до најновата верзија на оперативниот систем 23H2, а за ова ќе биде одговорен интелигентниот ML модел на компанијата. Големото ажурирање 23H2 за Windows 11 влезе во нова фаза на „испорака“ до корисниците и вклучува машинско учење (ML) за автоматско ажурирање на уредите со Windows 11 до најновата верзија на ...

Xiaomi 14 Ultra е официјално претставен, дебитирајќи прво на кинескиот пазар, додека глобалната објава се очекува денеска. Xiaomi 14 Ultra пристигнува со освежен дизајн во споредба со неговиот претходник, и е достапен во три бои – има црно-бел модел со лажна кожа задна плоча, син модел кој има Dragon Crystal на задната страна и на крајот Титаниум Специјално издание, за кое Xiaomi користи титаниум од петти степен. Компанијата ја отстрани ...

Google го паузираше својот генератор на слики со вештачка интелигенција поради неговата тенденција да создава многу неточни историски илустрации, што ги натера корисниците да полудат на социјалните мрежи. Технолошкиот гигант Google објави пауза за својата алатка Gemini AI, во објава на платформата X. „Веќе работиме на решавање на неодамнешните проблеми со функцијата за генерирање слики на Gemini“, се вели во објавата. „Додека го правиме ова, ќе ...

Дали пребарувате информации за соседните и другите европски земји преку Google? Еве што покажува една интересна студија. На платформата X се појави интересна мапа која покажува кои земји најмногу ги пребаруваат читателите на пребарувачот Google. Според оваа карта во Македонија и Црна Гора најмногу се пребарува Србија. Мапата покажува и дека Србите најмногу на Google пребаруваат за Косово, додека Албанија е најгуглана на Косово. Кога станува збор ...

Google официјално го објави првиот Developer Preview (DP) за Android 15, означувајќи ги почетните чекори кон следната генерација на својот оперативен систем за мобилни уреди. За програмерите и ентузијастите кои сакаат да ѕирнат во иднината на Android, ова издание е почеток на возбудливо патување, но сè уште е неизвесно кога ќе пристигне конечната верзија. Google сугерира дека Android 15 ќе се пласира постепено, па во март ќе пристигне друга ...

Тим од компјутерски експерти, собрани во организацијата CERT-In, ги предупреди корисниците на Google Chrome за постоењето на висок ризик од безбедносни закани. Предупредувањето укажува на некои пропусти, кои се откриени во десктоп верзијата на Chrome, кои може да се користат за да им се овозможи на напаѓачите далечински да ги менуваат кодовите и да манипулираат со системите. CERT-In посочува дека откриените пропусти влијаат на сите верзии на ...

Counterpoint Research ја објави својата редовна листа на Топ 10 најпродавани телефони. На најновата листа на аналитичката компанија, која го опфаќа периодот од 2023 година, Apple е убедливо доминантен. Поконкретно, iPhone ги зазеде првите седум места на таа листа, а останатите три ги држат евтините модели на Samsung. Ова е првпат Apple да забележи ваква доминација и да ги држи првите седум позиции во однос на продажбата на телефони. Минатата ...

Вработените на платформата X/Twitter ги игнорираа наредбите од сопственикот на мрежата Илон Маск, што спречи прекршување на правилата на FTC. FTC (Федерална трговска комисија во САД) откри дека Илон Маск издал наредба до вработените во компанијата X (поранешен Твитер) која би ги прекршила правилата за приватност и безбедност на FTC доколку се спроведе. Излегува дека единствената причина поради која X/Twitter остана во согласност со правилата ...

Новата фитнес нараквица Galaxy Fit3 има сосема нов дизајн и им помага на корисниците да вежбаат попаметно, подобро да го разберат своето здравје и да уживаат во подобри поврзани искуства Samsung Electronicsја најави новата фитнес нараквица Galaxy Fit3[1] со напредната технологија на Samsung за следење на здравјето, инспирирајќи ги сите да се чувствуваат најздраво и да прифатат поздрав начин на живот. Galaxy Fit3 е најновиот носив уред на ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
92%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.72
70%
1025
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.49
92%
1026
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
84%
1022
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
83%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.45
92%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
93%
1024
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42

Платина

64479.52

Рутениум

29192.88

Сребро

2159.01

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Калај

43.93

Цинк

3.04

Родиум

258813.51

Злато

139515.92