Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
На меѓународен план новата година започна како што се очекуваше. Жестоко! Прес-конференцијата на новоизбраниот претседател на САД, како и неколкуте негови изјави, дадени во медиумите, ја возбудија меѓународната јавност, но и дипломатијата. Неговиот стил на зборување, но и недоизјаснување, не можат никого да остават рамнодушен. Креира вербален хаос, кој најтешко им паѓа на аналитичарите, но и на креаторите на надворешните политики. Создава ...
Европскиот потконтинент е во војна веќе безмалку три години, а крајот сè уште не ѝ се гледа. Мнозинството европски земји, бившите империи од стариот свет што последните четири века ја освојуваа планетата, заедно со купот земјички клиенти и пациенти што неодамна настанаа со дробење на исчезнатите империи и федерации, сите ко напуфкани жолтопердувести пилиња скриени под раширените крилја на американската орел-квочка, ја повторуваат истата лажна ...
Крај на колумната И на крај Бојан Христовски, како директор на АНБ, има освен законска и морална одговорност да соработува со Панче Тошковски – Министер за Внатрешни работи и Љупчо Коцевски – главен Јавен Обвинител на следниве теми кои се поврзани со сериозни зулуми од страна на политичари, новинари и медиумски регулатори: Боки 13 (Тредичи) доби наредба од СДСМ да изрекетира бизнисмени кои се согласија со постапката демек ќе добивале државно ...
Додека го гледав очајот и збунетоста на либералите ширум светот во врска со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во ноември, имав впечаток дека тоа го доживеав и претходно. Моментот ме врати во 1989 година, годината кога падна Берлинскиот ѕид, означувајќи го почетокот на крајот на советскиот комунизам и отстранувањето на железната завеса што ја делеше Европа од крајот на Втората светска војна. Разликата беше во тоа што ...
Трамп на едночасовната прес-конференција во Мар-а-Лаго, зборувал за „Зората на златното доба на Америка“, во рамките на која „Америка на прво место“ и „повторно Америка да ја направиме голема“. Зборувал за територијално најголема Америка на цел свет. Како реакција на глупостите на Путин, Трамп се чини дека сака да ја прецрта картата на западната хемисфера и да ја направи Америка многу поголема без да испука ниеден куршум. Понекогаш среќата ...
Едно време, кратко, се гледавме со татко му Томе. Се лекуваше во Струга, на дијализа. Доаѓаше и во Супер Радио. Во една прилика ми се понуди, да ми даде некаква литература за да се стекнам “со поинаков поглед”! Ме изненади, бидејќи знаев дека во комунистичко, југословенско време, беше директор на Домот на културата во Делчево. Нејсе, сега неговиот син, бевме пратеници во исто време, ја клевети партијата која самиот ja основаше, односно му ја ...
Пишува: Слободан ТОМИЌ Македонија, и покрај својата мала големина, историски е позиционирана како геостратешки мост кој сите го преминуваат, но никој вистински не го гради. Со поканата за премиерот Христијан Мицкоски да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, земјата добива исклучителна можност да ја истакне својата важност на глобалната сцена. Ова е првпат еден македонски премиер да присуствува на инаугурација на американски ...
Филм и секс Не постои добар политички нарачан филм. Таков нема да биде и филмот за Тоше Проески. Што, слушам, го порачал Христијан. И обезбедил пари за продукцијата. Од буџетот. Не од својот џеб. Всушност, тој порачал филм за себе. Народот ќе плаче над славната и тажна судбината на големиот талент и во тоа море од солзи ќе ја удави маката за страшната стварност. За сопственито исчезнување. И ќе најде повод да му прости на Надвојводата за сето ...
Зошто да се чека изградба на нови гасни електроцентрали со систем за централно затоплување кога граѓаните можат и денес да се приклучат на постојниот систем? Темата за загадување на воздухот во градовите во Република Македонија (РМ), особено во Скопје, е многу актуелна и така ќе биде уште најмалку неколку години. Последиците од ваквата состојба се алармантни бидејќи аерозагадувањето е причина за релативно голем број смртни случаи и за ...
Никица Корубин Во сите приказни околу “идентитетот” сите овие 30-тина години независност, кои варираа низ различни форми, а кулминираа после потпишувањето на Договорот со Бугарија, а потоа и Преспанскиот договор; “јавноста” никогаш не ги удостои граѓаните со основни информации: кои институции на системот, формално, стручно и меѓународно верификувано го “чуваат” нашиот идентитет? Надвор од наменските памфлети, пропаганда и манипулации, кои ...
Два-три дена пред „најлудата ноќ“, Владата, преку својот ресорен орган соопшти дека на земјоделците им се исплаќаат субвенциите и дека целосно им се исплатени заостанатите. „Органот“ се пофали дека е тоа историска сума и дека со тоа се враќа довербата на земјоделците кон државата. Тоа е убаво и пријатно да се чуе, ама цените си растат, ли си растат! Како е тоа можно? Па, тоа е можно само кај нас. Секоја власт на почетокот се залетува со ...
Пишува Стефан Митиќ Прашањето не е дали треба да се регулира ТикТок, туку како да се балансира технолошкиот напредок со заштитата на корисниците. Moментално се развива дигитална револуција, која со себе носи комплексна мрежа на можности и предизвици. Во центарот на овој вртлог стои TикТок, платформата за кратки видеа што го обзеде светот. Додека Албанија ги презема своите први пробни чекори кон регулација, а Македонија (како и многу други ...
Две теми на кои постојано се навраќам се тешкотиите за спроведување на промените и исчезнувањето на етничките нации на Запад. Она што моментално се случува во Франција е приказна што ги поврзува двете прашања. Партијата на Марин Ле Пен, Националното собрание (порано Национален фронт) е најголемата партија во Франција, но систематски се истиснува од власт со спојување на сите други партии. Партијата на Ле Пен се залага за зачувување на ...
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 08.07.1998 година) Пред три децении (Господи, колку бргу врви времето!), како млад докторант, престојував една година на Макс Планковиот Институт за странско и меѓународно казнено право во Фрајбург им Брајзгау (СР Германија). И тогаш беше тоа добра, но релативно мала институција. Нас, гостите, нѐ имаше само петмина (Југословен, Унгарец, Италијанец, Шпанец и Јапонец). Од време на време Институтот организираше ...
Порано се пишуваа текстови, анализи, предвидувања на секои шест месеци кога некоја земја членка требаше да го преземе претседателството на Европската Унија. Така беше некако слично пред половина година кога кормилото на ротациското водство го презеде Унгарија. Какви сѐ не очекувања се калапеа околу моќта и умешноста на најдолговечниот на власт во ЕУ, Виктор Орбан, неговиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, околу напредокот на ...
Со новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа, ќе ја има надлежноста за раководење, трансформирање на Управата на матични книги во Министерството за дигитална трансформација. За дигиталната трансформација на земјата, добра основа даваат ревизорските извештаи, препораките за надминување на околностите, има основа за поголема одговорност, секако Обвинителството треба и мора да ги разгледа овие ревизорски извештаи, да ...
Стопати повторената лага – останува лага, и никогаш и никаде не станала вистина. Не само за историјата, инаку полна со лаги и лажговци многу поумни од овие од сектана викана сдсм (малите букви се одраз на нивниот повеќегодишен придонес за демократијата во земјава!), туку и за совремието. Или – особено за совремието. Впрочем, зарем нивните континуирани седумгодишни монструозни лаги и манипулации не ќе имаа поинаков ефект односно резултат од ...
Голема помпа од фалби се крена за поканата на нашиот премиер Христијан Мицкоски да присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Бил единствен од регионот што му била искажана таква чест. Тоа е од огромно значење за иднината на Македонија ќе јават на сите sвона партиските и медиумските пропагандисти на власта. Фактот што досега на претседателските инаугурации на американските претседатели немало покани на високи ...
Република Северна Македонија влегува во 2025 година обременета од економски бури што ја разнишаа стабилноста во изминатата година. Земјата стои на крстосница, соочена со итна потреба од нова визија и стратегија. Високата инфлација што беснее како невидлив данок врз граѓаните, јавниот долг што го загрозува фискалниот суверенитет и буџет што претежно служи за гаснење краткорочни пожари, ја оставаат економијата заробена во маѓепсан круг на ...
Првите денови од новата година секогаш се полни со надеж. Пред неполна година ја напуштив Македонија. Шетам по плажа, опуштена и без некој посебен план. Единствено, овие денови имам право на вакво опуштено тело и ум. Мислите, како миленици што трчаат по километарската плажа, се бркаат и се испреплетуваат, секоја со своја приказна и правец. Сакам да ги средам, да направам некаков план, но тие, инаетливи, одбиваат да се скротат. Ок, си велам, ...
Почитувани читатели, ја почнувам Новата 2025-та година со нова колумна на стара тема, посветена на стечајот на Еуростандард банка. Веќе петта година по ред, просечно по 45 до 50 колумни на годишно ниво објавувам на порталите низ Македонија, укажувајќи на пропустите направени од страна на Народна банка за носењето на Еуростандард банка во стечај, потенцирајќи ги соучесниците кои на Народна банка ѝ дадоа ветер во грб за ваквиот злостор. ...
Страшо АНГЕЛОВСКИ Конечно, добри вести за нормалното мнозинство во светот – САД и Руската Федерација, односно Трамп и Путин, се подготвени да седнат на заедничка маса и да почнат дијалог, да почнат да разговараат, да се обидат да го заменат оружјето со зборот. Имено, луѓето блиски до Трамп, оние кои ќе бидат дел од новата администрација, најавија дека веќе ја подготвуваат средбата на Трамп со Путин, на која единствена тема ќе биде сопирање на ...
Годишното обраќање на претседателката на државата на 25-тата седница на Собранието, првото по преземањето на мандатот, ќе остане запаметено како сложен микс на философска рефлексија и политичка парализа што доминира во земјата. Изречено со тон што изгледаше попријатен за амфитеатар и за лекции, обраќањето се осврна на суштината на волјата за единство, но исто така и со доза на иронија и парадокс, одразувајќи лидерство што изгледа како да е ...
Пишува: Слободан Томиќ Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), продолжува да се наоѓа во центарот на политичките турбуленции во Македонија. Со својата реторика и контроверзни изјави, како што е неговото тврдење дека „не загубил ниту една војна“, Ахмети не само што ги разгорува старите етнички поделби, туку и се наметнува како фактор кој создава нестабилност во земјата и регионот. Неговото појавување во униформа на ...
Пискотници се слушаа од Инвернес до Портсмут, што тешка несреќа ги збрка, и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? Тоа антивладините конзервативни медиуми и разни ториевски симпатизери ја дознаа веста дека Садик Кан, градоначалник на Лондон, во три наврати, добил витешка титула од Кралот. Поточно, станал Сер, за политички и хуманитарни заслуги, по предлог на владата, а со благослов на Чарлс Трети. Сер Кан, како што во ...
Листата на Форбс „Милијардери во реално време“ открива и дека уште живееме во капиталистички патријархат. На листата на милијардери од почетокот на 2025 нема ниту една жена во првите 16 милијардери кои „тежат“ над 100 милијарди долари! На листата од околу 250-тина милијардери кои тежат од 10 до 100 милијарди долари ќе наидете на неколку десетици жени, но убедливото мнозинство од нив го стекнале богатството како наследнички или преку развод. ...
Мицкоски вели дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните стратешки интереси. На масата има две понуди, една од Димитриевски и една од Филипче. Доколку неговата подготвеност не се вуди на дело, ќе биде јасно дека станува збор за уште една медиумска мантра за залажување на граѓаните, кои од избори на избори ја губат довербата дека ...
Позната е метафората за надворешната политика на Америка во која таа се споредува со огромен танкер на кого му треба време да застане и да смени правец. За правецот, како што покажуваат последните одлуки на претседателот Бајден, многу зависи од капетанот на бродот. Иако новоизбраниот претседател најави мировни преговори со рускиот претседател Путин, Бјаден продолжува да испорачува нови контингенти оружје заедно со дозволата да се бијат цели ...
Загадениот воздух, не само во Скопје туку и во останатите градови низ Македонија, особено во зимските денови – станува наше секојдневие на кое се навикнуваме како на нешто најнормално. За жал, нашето здравје го плаќа данокот на загаденоста. Како никогаш досега, прогласени сме за светски прваци, први по загаденост на воздухот! Скопје, Струмица и други градови во Македонија го носат атрибутот на најзагадени градови во светот. Сведоци сме дека ...
Не треба да претпоставувам, очигледно е: универзитетската фела (со чест на исклучоци) оддамна е тивка и молчалива и не функционира како интелектуален глас на јавноста, подготвена да го поврзе своето знаење и експертиза со поголеми јавни прашања. Универзитетите кај нас престанаа да бидат посредници меѓу светот на идеите и јавниот свет, способни да видат над и надвор од постоечките дебати, да се симнат од комфорот на својата позиција во ...