Македонија вечерва го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за ривал имаме уште една сериозна, амбициозна репрезентација која сака медал од овој турнир-тоа е Португалија. Средбата во Хернинг е закажана за 18 часот и селекторот Кирил Лазаров одлучи кои играчи ќе бидат во комбинација за настап. Лазаров направи две промени во споредба со натпреварот со Данска, па во составот се враќаа најискусните, голманот Никола Митревски и ...

Се наговестува голема драма и израмнет дуел меѓу Македонија и Португалија. По првите триесет минути нашиот национален тим заостанува за два гола зад четвртата сила од последниот Мундијал (13-15). Лазаров ги врати Митревски и Пешевски во ростерот, а почна со Велковски, Џонов, и Стојковиќ во стартната седморка. Мечот добро го отвори Митревски, а првите наши голови еба дело на Велковски и Кузмановски. На крилата на нашиот голман и неговите ...

По поразот од Данска, натпреварот на Македонија против Португалија на Европското ракометно првенство заврши нерешено. Кузмановски со 15 голови беше најефикасен на натпреварот. Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Првото полувреме заврши со резултат 13:15 за Португалија. На Македонската репрезентација ѝ претстои натпреварот со Романија кој ќе се одигра на 20-ти јануари. Тоа ќе биде последниот натпревар за ...

Ракометарите денеска нема да одржат тренинг, селекторот сака добро да се одморат, да се релаксираат и со максимална свежина да ја нападнат Романија и да дојдеме до посакуваната победа. „Треба да се подготвиме добро и да имаме правилен пристап, бидејќи Македонија ретко по квалитетна партија знаела да повтори особено во 48 часа. Не сум загрижен бидејќи мислам дека овие момци прераснуваат во сериозни ракометни ликови, па мислам дека се свесни се ...

По очекуваниот пораз од Данска и големото реми со фаворитот Португалија, македонската репрезентација повторно ја разбуди надежта кај ракометната јавност и ги задржа шансите за пласман во главната рунда на Европското првенство. Освоениот бод против една од најсилните селекции на турнирот донесе оптимизам, но и обврска – да се потврди формата против Романија. На редовната прес-конференција, селекторот Кирил Лазаров најмногу внимание посвети ...

Македонија со дуелот против Романија ќе ја заокружи првата фаза на Европското првенство, натпревар на кој мораме да забележиме победа за да ги задржиме шансите за место во наредниот круг на собирот на најквалитетните ракометни селекции на стариот континент. Средбата во Хернинг се игра од 18 часот, а селекторот Кирил Лазаров направи една промена во составот во споредба од мечот со Португалија. Поради повреда отпишан е Петар Атанасијевиќ, ...

Македонската ракометна репрезентација чекори кон остварување на првата цел – победа против романската селекција. По првите триесет минути од одлучувачкиот дуел од третото коло во групата во Хернинг, момците н Кирил Лазаров водат против Романија со 13-9. Нашите момци играат подобро од ривалот, допадливо и на моменти атрактивно, и се на добар пат кон првата победа на Европското првенство. Лазаров изврши една замена и го внесе Гоце Ојлески на ...

Македонската репрезентација на Македонија денеска ја очекува клучниот натпревар против Романија, последен во групната фаза на Европското првенство во кој мораме да победиме, а потоа и да чекаме услуга од Данска за следна фаза. Селекторот Кирил Лазаров ќе мора да направи одредени промени во составот, бидејќи поради повреда нема да може да смета на Петар Атанасијевиќ. Неговото место ќе го заземе Гоце Ојлески, додека надвор од комбинација за ...