Американските власти соопштија дека никој не го преживеал судирот на воен хеликоптер и патнички авион над реката Потомак, објави Си-Ен-Ен. Според шефот на пожарникарската и итната служба на Вашингтон, Џон Донели, досега се извлечени 27 тела од патничкиот авион и едно од воениот хеликоптер. Секретарот за транспорт, Шон Дафи, рече дека и авионот и хеликоптерот летале во стандардна шема на летот. Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица ...

Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош. Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер. Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката ...

Се стравува дека десетици луѓе загинале откако регионален патнички авион на компанијата „American Airlines“ и хеликоптер „Black Hawk“ на американската армија се судриле во воздух и се урнале во студената река Потомак во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ во средата вечерта по локално време, соопштија официјални лица. Иако не го наведоа точниот број на загинати, американскиот сенатор Роџер Маршал од сојузната држава Канзас, од ...

Голема авионска несреќа се случи денеска во Вашингтон кога патнички авион со 60 патници и четворица членови на екипажот се урна во реката Потомак откако се судри со воен хеликоптер. Несреќата се случила околу 21 часот по локално време, а во меѓувреме се огласи и претседателот Доналд Трамп. Тој на социјалната мрежа Трут (Truth Social) напиша дека несреќата „требало да биде спречена“. Повикувајќи се на изјави од официјални лица, „Блумберг“ ...

Шефот на вашингтонската служба за вонредни ситуации Џон Донели ги наброи и им се заблагодари на агенциите вклучени во операцијата за пребарување и спасување за нивната работа. Сепак, тој рече дека и покрај напорите на овие групи, тие сега се префрлаат од операција за спасување во операција за извлекување тела. „Не веруваме дека има преживеани од оваа несреќа“, рече тој. Шеесет и четири лица биле во авионот на Американ ерлајнс и три во воениот ...