Европската унија ќе разговара за одговор доколку разговорите за царините со САД не дадат прифатливо решение, изјави германскиот министер за финансии Јоерг Кукиес. „Во моментов сме во добра ситуација бидејќи имаме прилично долг период во кој има потенцијал за преговори, и секако, американската страна мора да биде свесна дека ако преговорите не успеат, тогаш ќе имаме нова дискусија за механизмите за одговор“, рече Кукиес пред неформалниот состанок ...
Екс министерите за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, добија куќен притвор заедно со уште петмина, во рамки на проширената истрага со која се опфатени нови 19 лица, за пожарот во т.н дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска на прес-конференција информираше дека од 19 новоосомничени, за четворица се бара притвор, за седум лица куќен притвор комбиниран со забрана за комуникација, додека за уште ...
По наредба на ЈО, во рамките на истрагата за трагичниот пожар во Кочани, полицијата денес ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу,Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН. Меѓу осомничените, наводно е и Дритон Кучи, поранешен министер за економија, ...
Со проширувањето на истрагата за трагедијата во Кочани кога во пожар во кабарето Пулс загинаа 61 млади луѓе, а над 200 се повредени, опфатени се и повеќе поранешни министри за економија. Меѓу приведените, според сознанија на Телма се поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири (министри во периодот од 2011 до 2016). Претходно, беше приведен и во притвор е Крешник Бектеши, министер за економија од 2017 до 2024. Од обвинителството и ...
Нови апсења и нови осомничени има денеска во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице. Досега има 30 осомничени, а истрагата на обвинителството е проширена уште за најмалку 23. Јавното обвинителство и МВР соопштија дека во тек е приведување на повеќе лица, но не соопштија детали, најавувајќи го тоа за подоцна во денот. Но некои медиуми веќе објавија за кого станува збор во оваа нова акција. Меѓу нив се ...

