Македонската фудбалска репрезентација денеска го обави својот собир по повод претстојните предизвици кои следуваат, што пријателски што квалификациски. Најпрво нашиот национален тим на домашен терен на 13 ноември ќе ја пречека селекцијата на Летонија во претходно закажаниот пријателски меч, за да потоа, на 18 ноември одиме во Велс да го одиграме последниот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања. Нашиот национален тим за овој ...
Македонскиот национален тим до 21. година денеска во Битола, на „Петар Милошевски“, го игра петтиот квалификациски дуел од тековната кампања. Противникот е Шведска, репрезентација која што во моментов има идентични три бода како и нашиот состав, и која реално е во слична ситуавија во моментов. Ние пак, по неуспехот во Црна Гора, едноставно и немаме друга опција освен три бода доколку сакаме секако да останеме во игра за што повисок пласман до ...
Дарко Чурлинов беше присутен на денешната прес-конференција по повод утрешниот пријателски натпревар против Латвија. „Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме с од себе да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Латвија. Потоа ќе го насочиме нашиот фокус кон квалификацискиот натпревар против Велс кој, секако, има друга тежина“, изјави ...
И покрај тоа што овој натпревар е пред важниот квалификациски дуел против Велс, селекторот Благоја Милевски вели дека утре ќе одиме на победа и нема да се штедиме. „Против Летонија нема да се штедиме бидејќи имаме пет дена одмор до мечот со Велс. Кога игра Македонија нема простор за штедење и калкулација, сите кои ќе играат ќе го дадат максимумот и ќе се обидеме да извлечеме колку што е можно повеќе и на физички и на тактички план. Има работи ...
Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 18:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра пријателскиот дуел против селекцијата на Летонија. Ова ќе биде претпоследната активност на нашиот национален тим во овој циклус, пред оној последниот мундијалски предизвик на гости против Велс на 18 ноември. Овој дуел кој што е во рамките на оние десет „обавезателни“ термини од УЕФА, треба да е генерална проба за гостувањето во ...
Македонската А репрезентација денеска ја започна ноемвриската репрезентативна акција со официјалната прозивка во хотел „Хилтон“ во Скопје. Овој собир е во пресрет на двата последни натпревари за годинава, пријателскиот меч со Летонија на 13 ноември во Скопје и завршниот квалификациски дуел против Велс на 18 ноември во Кардиф. Фудбалерот од средниот ред на Раднички Крагујевац, Лука Станковски верува дека мечот со Летонија може да ни донесе ...
Во пресрет на пријателскиот меч на Македонија, против Летонија во Скопје и квалификациската средба против Велс во Кардиф, напаѓачот Лука Станковски, најавува дека очекува позитивни резултати од двата дуели. Секако многу поважен ќе биде натпреварот против Велс во гости, кога ќе се крои табелата во квалификациите за СП 2026 и ќе се знае дали Македонија или Велшаните ќе бидат втори на крајот. „Тоа ќе биде клучен меч за нас. Се надевам дека ќе го ...

