Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 ноември. Денеска е Преподобен Јоаникиј Велики. Црквата ретко дава некому назив Велик. А кога свеста на соборната личност, т.е. на Црквата, ќе го даде некому овој назив, значи дека се работи за извонреден светител. Една таква извонредна светлина за светот беше овој преподобен Јоаникиј. Се роди во Витинија, во селото Мариката. Како момче беше овчарче и уште тогаш го засака молитвеното ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 ноември. Денеска е Св. маченик Јерон со дружината или св. 33 Мелитински маченици. Овој Јерон беше кападокиец. Мајка му беше слепа и тој ја гледаше со голема љубов. Не сакајќи да ја остави сама, а и бидејќи беше ревносен христијанин, па не сакаше да им принесува жртви на идолите, кога дојдоа царевите слуги да го земат во војска, тој ги истепа и ги истера. Затоа подоцна го фатија и ...
Охрид, 19. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани го прославуваат денешниот ден во чест на Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски. Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна постела, ужалените верни го прашуваа кого го остава зад себе за архипастир на словесното стадо Христово. Болниот патријарх им рече: „Ако сакате да имате патријарх којшто ќе ве учи и ќе ви блеска со добродетел, изберете го Павле, а ако сакате да ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември. Денеска е Св. Павле Исповедник. Црквата ги нарекува исповедници тие кои многу пострадаа од еретиците во заштита на правата вера. Овој свети Павле беше патријарх во Константинопол во времето кога се појави итрата ерес на Ариј. Двапати беше симнат од страна на аријанците од цариградскиот трон и прогонет во Ерменија. Најпосле, истите и го удавија додека служеше Литургија, во 351 ...
Охрид, 18. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани го прославуваат денешниот ден во чест на Преподобните маченици Галактион и Епистима. Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабошци. Мајка му на Галактион беше бездетна сè додека не се крсти. Потоа, таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 ноември. Денеска е Св. маченици Галактион и Епистима. Потекнуваа од Едеса Феникиска. Кога Галактион стаса за женење, татко му го сврши за некоја девојка Епистима. Меѓутоа, тие продолжија да живеат девствено и наскоро се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, а Епистима во женски манастир, и многу напреднаа во доблесниот живот. Повторно се видоа дури пред смрт. Зашто во тоа ...
Охрид, 17. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани го прославуваат денешниот ден во чест на Преподобен Јоаникиј Велики. Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати, во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа, го ...

