Враќањето на долгот од еврообврзница која чини 700 милиони евра и дополнителни 200 милиони долгови кон странство ќе биде главниот предизвик пред кој ќе се соочи државниот буџет во следната 2026 година. Токму поради ова е планирано и ново задолжување со еврообврзница за која Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека е можно да надмине и над милијарда евра. Инаку Владата денеска го усвои предлог буџетот за следната година во ...

За десет месеци од годинава, капиталните расходи од Буџетот не се реализирани ниту половина од предвидените, односно заклучно со 30 октомври, за кога се последните податоци на интернет страницата на Министерството за финансии, потрошени се 21,5 милијарди денари (околу 350 милиони евра) или само 45,47 отсто од предвиденото за годинава. Со ребалансот на Буџетот, усвоен во јули годинава, капиталните расходи беа проектирани на 47,4 милијарди ...

Нашите капитални инвестиции се минималистички и тие минималистички не ги реализираме, истакна Абил Бауш, економски аналитичар, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ. „Под претпоставка, тие средства да ги насочиме на некоја сметка за економски раст и развој, пак останува кои се капитални инвестиции кои се стратешки за нашата држава. Доаѓаме до главниот дефект на капиталните инвестиции – начинот на реализација, деновите и колку имаме ...

Наредната година е планирано во државната каса да се соберат 6 милијарди евра, но да се потрошат 6,7 милијарди. Од нив за капитални расходи се наменети 658,5 милиони евра, што е 111 милиони евра помалку отколку со буџетот за 2025 година. За министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска токму во нивото на капиталните расходи се гледа развојната компонента на буџетот. Препорачано – Во буџетот посебен акцент е ставен на развојната ...

Проектираниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 3,8 проценти за следната година, предвиден во предлог-буџетот од над 6,7 милијарди евра, е тешко достижен, предупредуваат економските експерти. Иако Владата најавува стабилен буџет насочен кон заштита на животниот стандард и континуитет, аналитичарите укажуваат дека без подобра реализација на капиталните инвестиции, посакуваниот економски раст ќе остане само проекција. „Не сум голем ...

Предлог- буџетот за наредната година е традиционално за покривање на државните трошоци и заштита на животниот стандард. Но, проектираниот раст на БДП од 3,8 проценти во вакви геополитички случувања е тешко остварлив. Ова се првичните коментари на експертите за државната каса која следната година ќе биде тешка над 6,73 милијарди евра. Јас не сум преголем оптимиста дека ќе успееме да ја реализираме, иако навистина таа стапка реално е остварлива ...

Развоен буџет или вовед во предвремени избори? Што се крие зад бројките од буџетот за идната година? Намалување на капитални инвестиции во историски најголем буџет, со ново странско и домашно задолжување од 950 милиони евра е нелогично, велат експертите. Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека ова е буџет кој повеќе личи на политички, отколку на развоен документ. Според него, драстичното намалување на капиталните ...

Предлог- буџетот за наредната година е традиционално за покривање на државните трошоци и заштита на животниот стандард. Но, проектираниот раст на БДП од 3,8 проценти во вакви геополитички случувања е тешко остварлив. Ова се првичните коментари на експертите за државната каса која следната година ќе биде тешка над 6,73 милијарди евра. -Јас не сум преголем оптимиста дека ќе успееме да ја реализираме, иако навистина таа стапка реално е остварлива ...