Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека, соочени со американските претензии кон Гренланд, претставниците на Европската Унија треба да се сетат како реагирале на настаните на Крим во 2014 година. – За да им помогнам, би сакала да им ги препорачам нивните зборови од 2014 година. Нека погледнат што кажале за ситуацијата околу Крим. Тоа ќе им биде многу корисно за нив по прашањето за ...
Присуството на НАТО на Арктикот ја дестабилизира ситуацијата, а обидите за создавање закани за безбедноста на Русија ќе имаат последици, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова нагласи дека Русија ги смета плановите на НАТО за лансирање на мисијата „Арктик Сентинел“ како провокација. „Русија се согласува со ставот на Кина дека наводните активности на Москва и Пекинг во близина на ...
Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во протестите низ Иран, според американската група за човекови права ХРАНА, додека само мало зголемување на интернет активноста во земјата е регистрирано по осумдневното затворање. ХРАНА соопшти дека потврдила 3.090 смртни случаи, вклучувајќи 2.885 демонстранти, додека жителите и државните медиуми изјавија дека безбедносните мерки во голема мера ги задушија протестите досега и дека апсењата продолжуваат, објави ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека сноси одговорност за „жртвите и штетите“ поврзани со масовните протести што ја потресоа земјата од крајот на декември. Според него, немирите не биле спонтан израз на незадоволство, туку поттикнати и насочувани однадвор, со улога на САД и Израел, а дел од учесниците ги нарече инструменти на „странски агенди“. Изјавите на Хаменеи доаѓаат по ...
Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи првпат јавно призна дека за време на неодамнешните протести во земјата биле убиени илјадници луѓе, дел од нив, како што рече, „на нехуман и дивјачки начин“. Според податоците на иранската новинска агенција за човекови права HRANA, во насилниот одговор на безбедносните сили загинале најмалку 3.090 лица, додека активистички организации предупредуваат дека вистинскиот број на жртви може да биде значително ...

