Руски беспилотни летала погодија станбени згради во вториот по големина град во Украина, Харков, при што беа повредени 32 лица, меѓу кои и две деца, предизвикувајќи пожари и принудувајќи десетици лица да ги напуштат своите домови, соопштија регионалните власти. Според прелиминарните информации, руските сили лансирале 19 дронови во областите Слобидски, Основјански и Немишалски по полноќ, изјави регионалниот гувернер Олех Сињехубов, додавајќи дека ...

Федоров вели дека пет лица се во болница, меѓу кои и 17-годишно дете и оти едно рането лице е во сериозна состојба Најмалку пет лица загинаа и исто толку се повредени во југоисточниот украински град Запорожје по руски напад, објави гувернерот Иван Федоров на Телеграм. Федоров вели дека пет лица се во болница, меѓу кои и 17-годишно дете, а едно рането лице е во сериозна состојба. Според неговата објава, во нападот погодени се трговски центри, ...

Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во руски напад со дронови врз регионот на Одеса, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина. Во нападот избувнале пожари на повеќе локации, вклучително и во стамбени згради, бензинска пумпа со паркирани автомобили и административен објект. Властите информираат дека се оштетени и приватни куќи, како и неколку товарни возила. Началникот на регионална воена управа во Одеса, Олег Кипер, ...

Ова е новиот биланс на жртви. Според претходниот извештај, загинале 25 лица. Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко изјави дека 26 лица сè уште се водат како исчезнати по нападите што се случија во текот на ноќта, меѓу кои и три деца. Тој изјави дека речиси 100 лица се повредени. Русија истрела 476 дронови и 48 ракети во Украина, гаѓајќи ја енергетската и транспортната инфраструктура и предизвикувајќи итни прекини на електричната ...

Десетици жртви и повредени во нов бран израелски напади низ Газа откако нивните војници биле нападнати. Вашингтон се сомнева дека Хамас се обидува да го прекрши прекинот на огнот за да избегне разоружување и предавање на власта. Израел ги засилува и ударите во Јужен Либан во обид да го спречи јакнењето на Хезболах, кој одби целосно да се разоружа. Израелците на границата загрижено ја следат ескалацијата. „Ако нешто брзо не се промени во Либан и ...