Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година. Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование. Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 7 февруари 2026 година, првопријавената, која била поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека доколку не ја врати на работа или не ѝ исплати 5.000 евра, ќе објави фотографии на ...
Популарното списание Archaeology Magazine, едно од најчитаните во светот во областа на археологијата, објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека вклучување македонски артефакти во списанието е врвна афирмација за нашето културно наследство. – Во најновиот број на Archaeology Magazine е објавен напис за древните модели на куќи во светот, со посебен осврт на ...
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, повика на значително понатамошно зголемување на економскиот притисок врз Русија за да се помогне во ставањето крај на војната во Украина. Во интервју за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД вчера, Калас рече дека е потребна акција против таканаречената руска флота во сенка, која Москва ја користи за извоз и дистрибуција на нафта, со што генерира приходи за војната. Таа рече дека ...
Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари по барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека американската војска би можела да ги заврши своите воени акции во Иран во рок од две до три недели, додека одговорноста за повторно отворање на Ормуската Теснина би ја презеле други нации. Трамп, исто така, информира дека ќе му се обрати на американскиот народ по повод војната на ...
На Клиниката за гастроентерохепатологија во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје денеска ќе се одржи настан по повод започнувањето на две нови медицински процедури: Холангиоскопија и Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS). Настанот ќе се одржи во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката. Како што информираат од Клиниката почесен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, професор по ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената ...
Поданоста и слепата послушност кон Зоран Заев, Венко Филипче го чини топење на, и така неговиот и партиски слаб рејтинг, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. На Филипче и СДСM, не им беа доволно и не извлекоа поука од последователните катастрофални изборни порази, каде дојдоа на одвај 130 илјади гласа, па продолжи дословно да ги исполнуваат желбите на Заев, со поставување на негови луѓе во раководните партиски тела, и да слушаат лоши ПР ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, почнува национална превентивна кампања насочена кон унапредување на безбедноста на пешаците во сообраќајот. Кампањата ќе опфати низа активности, вклучувајќи едукативни содржини, јавни настани, работилници, медиумски пораки и теренски активности, со посебен акцент на правилното користење на пешачките премини, почитување на ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -3 степени и 57 сантиметри снежна покривка, а температура под нулата е измерена и во Mаврови Анови (-1 степен). Нула степени во Лазарополе и Kрушево, 1 степен во Ѓуриште, Пожаране, Радовиш и Пожар, 2 степена во Берово и Тополчани, 3 степени во Претор, 4 во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, 6 степени во Скопје – Зајчев Рид, Велес, ...
Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај и потпретседателот на Здружението „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, Никола Ангеловски, потпишаа Меморандум за соработка. Целта, на документот потпишан во Тирана, е заедничка промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво. -Искажавме интерес за градење на партнерство во спроведување на ...
Папата Лео Четиринаесетти вчера изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран. „Се надевам дека бара излез“, рече папата кога го праша новинар пред неговата резиденција во Кастел Гандолфо во близина на Рим. „Се надевам дека бара начин да се намали количината на насилство, на бомбардирањето“. 70-годишникот е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави. Папата беше ...
Кина би можела оваа година да се соочи со обилни поплави и суша во различни делови на земјата, јави државната телевизија ЦЦТВ, повикувајќи се на Министерството за водни ресурси на Кина. Телевизијата наведе дека сезоната на поплави, која почнува денеска на 1 април, ќе донесе посилни поплави на северот на земјата, додека тајфуни би можеле да ги погодат внатрешните подрачја. Од април до мај, делтите на Бисерната Река, покраините Фуџијан и ...
Во многу земји ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на шегата, 1 април, а луѓето на овој ден традиционално смислуваат безопасни, симпатични шеги за да се забавуваат и да ги насмеат своите ближни. Во некои земји 1 април се одбележува само претпладне, додека во некои луѓето се шегуваат во текот на целиот ден. Во Велика Британија, Австралија и Јужноафриканската Република шеги се прават само до пладне, а оној кој ќе ги направи ...
Во Германија од денеска на сила е новата регулатива за формирањето на цените на горивата на бензинските станици, по остриот раст на цените по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Според новите правила, бензинските станици смеат да ги зголемат цените само еднаш дневно, и тоа напладне. Целта е да се ограничат ценовните флуктуации и да се обезбеди поголема транспарентност. Намалувањето на цените и натаму ќе биде дозволено во секое време. ...
Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје, денеска ќе организира универзитетскиот саем Study in Greece, на кој ќе бидат претставени академските можности што ги нудат грчките државни универзитети за меѓународни студенти. На саемот ќе учествува платформата Study in Greece, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, кои ќе презентираат програми за дипломски и магистерски студии на англиски ...
На Факултетот за образовни науки во Штип денеска ќе се одржи работилница на тема „Планирање час со Noticing: Како вештачката интелигенција им помага на наставниците да ги доразвијат сопствените идеи“. Настанот е посветен на современите начини на примена на вештачката интелигенција во образованието, со акцент на унапредување на наставните практики и поттикнување на креативноста кај наставниците. Работилницата ќе ја водат ко-авторите д-р Елена ...
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација,предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. ...
На сцената на Македонскиот народен театар денеска во рамки на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Како што информираат од МНТ, претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот ...
Во Општина Гевгелија вечерва во 18 часот ќе се одржи трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ почна на 18 март од општина Босилово. Како што најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, посетени ќе бидат над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава во Белата куќа, рече дека очекува САД да ја „довршат работата“ во Иран „во рок од можеби две недели, можеби неколку дена подолго“. На новинарско прашање кога САД ќе бидат „надвор или готови со војната“ во Иран, Трамп одговори: „Мислам за две или три недели“, пренесе ДПА. – Ќе си заминеме затоа што нема причина да го правиме ова – продолжи Трамп. Тој подоцна дообјасни дека иако промената на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа изјави дека изборите во Србија, без да прецизира дали тоа се однесува и на парламентарни и на претседателски избори, ќе се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден, 28 јуни. – Ги бараа, ќе видиме кога ќе бидат изборите – изјави Вучиќ за телевизијата Информер. Тој додаде дека владата ќе ја почитува одлуката на народот на тие избори, како и да одлучи. Вучиќ по повод синоќешниот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да присуствува на денешното сослушување на Врховниот суд на САД за прашањето за правото на државјанство по раѓање, што го прави првиот актуелен претседател на САД што присуствува на усни аргументи во највисокиот суд во земјата. Судиите на Врховниот суд на САД денеска ќе ја разгледаат жалбата на Трамп на пресудата на понискиот суд, со која се поништи неговата извршна наредба, со која се ограничува ...
Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштањето во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во Општина Гази Баба. Во февруари лани кога почна реконструкцијата, беше посочено дека Домот на културата ќе биде на површина од 1.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција изнесуваше 84.240.000 денари, средства обезбедени од Владата. Беше нагласено дека објектот ќе се гради според европски стандарди, ќе биде енергетско ...
Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз, каде што ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Во фокусот на разговорите, како што соопшти МНРиНТ, ќе бидат натамошното унапредување на билатералните ...
Јавното обвинителство денеска соопшти дека синот кој го уби таткото во Гостивар се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. – Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција, наведува Обвинителството во денешното соопштение. Триесет и ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД ја гледаат „завршната фаза“ од војната со Иран, како и дека по конфликтот ќе треба да ги преиспитаат односите со НАТО. „Ја гледаме завршната фаза. Нема да биде денеска, нема да биде утре, но е наскоро“, изјави Рубио во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“. Војната започна на 28 февруари, со американско-израелски напади врз Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел ...
Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој од престојува во официјална посета на земјата, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Претседателката Сиљановска-Давкова вчера го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“ по што следуваа тет-а-тет средба и заедничка ...