Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Како што е наведено во соопштението на Општината, во рамки на проектот се доделуваат канти за пластична (ПЕТ) амбалажа на 60 домаќинства, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Проектот, ...
По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 Мај, попладнево во Скопје ќе се одржи мото-дефиле во организација на СОС Детско село и Мото клубот „Вепар“. Дефилето е закажано за 17 часот, а збирното место на моторџиите е локацијата „Фонтана парк“ во Скопје. На стартот се најавени изјави од претставници на СОС Детско село и на Мото клубот „Вепар“. Организаторите информираат дека настанот има за цел да испрати порака за важноста на семејството, ...
Пратеникот Бејџан Иљас, во својство на претседател на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, денеска оствари средба со делегацијата на пратеници од Република Турција. Како што соопштија од собраниската прес-служба, во состав на делегацијата беа претседателката на Форумот на жените на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар – Букојчани. – Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар – Букојчани, а потоа Кичево – Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна ...
Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи, се вели во соопштението од ЗНАМ. СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции. Сѐ започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно ...
Под покровителство на Град Скопје од 19 до 22 мај ќе се одржи 17. меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло 2026“. Предвидени се две концертни вечери, на кои ќе настапат странски светски познати гитаристи. Првиот концерт ќе се одржи на 19 мај во Музејот на македонската борба од 18.30 часот, на кој ќе настапи Милош Вуковиќ од Србија, а како музички спектакл се најавува настапот на Националната филхармонија со „Аир фламенко“ ...
Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. – Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...
Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новите правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, ...
Македонско друштво „Илинден“-Тирана, денеска одбележува единаесет години од приемот за рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), највисоката малцинска организација во Европа. -Нашето друштво стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН на конгресот што се одржа на 15 мај 2015 година во Комотини, Грција. Од тогаш до денес, дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број ...
Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да се прекине истрагата за овој предмет, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Заклучокот е јасен. Иако јавноста е изненадена на непријатен начин, сепак главниот обвинител во ЈО ГОKK, Ислам Абази, веројатно има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата кариера. Се разбира, оваа конесија е ...
Дваесетгодишен возач од Скопје е лишен од слобода, поради тоа што со возило удрил во велосипед управуван од 13-годишник, соопшти МВР. Во СВР Скопје вчера во 16:10 часот било пријавено дека на ул.„Коце Металец“ патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник од Скопје. Во несреќата, како што соопшти МВР, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во делови од ...
Комисијата за заразни болести одржа седница со цел разгледување на состојбата со појавата на кластер на хантавирус – варијанта андес во светски рамки и оцени дека во нашата држава е низок ризикот од појава и ширење на вирусот. Здравствениот систем е подготвен за справување со евентуална појава на инфекцијата – соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско ...
Заев започна со бришење на терминот „македонски’’ од сите државни институции, а сега неговиот потрчко и чувар на фотелјата во СДСМ, Венко Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес – конференција, стои во соопштението од Центар за комуникации на партијата. Само СДСМ и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува „северномакедонци’’, затоа за ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Форумот на жени на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и со пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, Рукије Генч Тој, кои престојуваат во Скопје во рамки на конференцијата организирана како дел од програмата „Од срце до срце“ (Gönülden Gönüle) за Балканот. Како што соопштија од кабинетот на Гаши, на средбата, претседателот на Собранието им ја ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10 до 20 мај спроведува контроли во сите синџир-маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки – соопшти денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тима се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот на надзорите, забележано е одредено поевтинување кај овошјето и зеленчукот. Засега, рече ...
Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, со кој се обезбедени 11 милиони и 340 илјади денари, објави денеска Министерството за економија и труд. Ќе се кофинансираат 40 отсто од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по барател. Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а право на учество имаат микро, мали и ...
На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата донесе одлука за отворање на Амбасада на Македонија во Република Литванија, со седиште во Вилнус. Воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус, како што информираат од МНРиНТ, ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на нашите национални интереси и унапредување на билатералната ...
Изготвувањето на просечната потрошувачка кошничка е при крај, а рокот за нејзиното донесување е 30 јуни. Разгледана е од членовите на Економско-социјалниот совет (ЕСС), доставени се забелешките од нивна страна и веќе се обработуваат- рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши на прес-конференција информира дека кошничката ќе биде ставена на дневен ред на следната седница на ЕСС, ќе биде разгледана и ако е потребно уште ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. ...
Актуелните состојби во земјоделството, откупот, наводнувањето и мерките што ги преземаме за поддршка на домашното производство биле теми на разговоро за време на вчерашната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трупуновски на Јосифово и Балинци во општина Валандово. Посетата била во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, а за неа министерот информираше преку Фејсбук. Објавата ...
Најтопло утрово е во Гевгелија, каде се измерени 14 степени, а најладно е на Попова Шапка каде се регистрирани 3 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Демир Капија измерени се 13 степени, 12 во Штип и Струмица, 10 во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Велес, Куманово и Виница, 9 во Кавадарци, 8 во Охрид, Прилеп, Претор и Радовиш, 7 во Битола, Крива Паланка и Берово, 6 во Mаврови Анови и Kрушево, како и 5 степени во Лазарополе. ...
Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДСМ и ДУИ. ...
Венко Филипче, кој место со победа на избори на власт сака да дојде со предавства и отстапки за националниот идентитет, стана поголем негатор и од најголемите негатори на Македонија, бугарските власти, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче го фатил патот на Зоран Заев и како пиун на Румен Радев е спремен да потпише нови капитулации за Македонија и македонскиот народ, во надеж дека така некој друг ќе го донесе на власт. Нема ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше за можноста од евентуални предвремени избори, при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за нив кога и да се одржат во согласност со анкетите што укажуваат на несомнената доверба што партијата ја ужива од страна на граѓаните, а државниот интерес е реализација на инвестиции и програми на кои е посветена Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Мислам дека како Влада имаме навистина ...
Со стихови од плејада творци од првите генерации на современата македонска поезија, вчера свечено се отворија Деновите на поезијата, на поетската сцена на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во Скопје Сити Мол. Инспириран од песната на Анте Поповски „Памети тој“, со слика на птицата која го надлетала неговиот свет и со моќниот стих „не умира и мртов памети поетот“, изборот на песни за свеченото отворање посведочи за трајното присуство на ...
Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија – потврдија од НУ Завод и Музеј – Битола. Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври – април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за ...
Поради неопходен зафат, односно дислокација на дел од главниот цевковод од водоводот Росоки – Дебар, утре и следните два дена прекин во снабдувањето ќе има за сите корисници на вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар. -Станува збор за реконструкција на дел од патот во близина на село Долно Косоврасти и заштита на главната водоводна цевка, која во должина од 200 метри треба да се дислоцира. Поради оваа причина, на 16, 17 и 18 мај (сабота, ...
Поттикнување општествени промени иницирани од лицата со попреченост, со цел создавање потранспарентно, поодговорно и поинклузивно управување на локално ниво, се целите на проектот што Здружението „Хендикеп плус” го реализираше во соработка со Општина Штип. Претседателката на здружението, Бранкица Димитровска, информираше дека на завршниот настан биле презентирани резултатите од проектот, финансиран во рамки на Бугарска помош за развој. Во ...
Во Буџетот на Општина Центар за годинава се издвоени околу четири милиони денари како финансиска поддршка за новороденчиња од кои досега исплатени се 696.681 денар. – Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче, истакнува градоначалникот на Центар, Горан ...