Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и кинескиот лидер Шји Џинпинг се согласија дека Ормуската Теснина мора да остане отворена за слободен проток на енергија, објави Белата куќа по состанокот на лидерите во Пекинг. Британските медиуми пренесуваат дека во официјалното резиме од разговорите Белата куќа наведува дека двајцата лидери разговарале за глобалната енергетска стабилност, како и за потребата од непречен проток на нафта и гас преку ...
Бизнисот добро се справува со инфлацијата, се чувствува исцрпено, но има капацитети да одолее на предизвиците. Првиот човек на стопанската комора Бранко Азески, уверува дека состојбата е стабилна, а државата и компаниите имаат доволно механизми да делуваат за амопртизација на ценовниот шок. Во услови кога изостанува значителен инфлаторен удар однадвор, состојбите полесно се менаџираат: „Ние сме секојдневно во комуникација со Владата така да ...
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали во рамки на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024–2027, организиран од Институтот за европска политика (ЕПИ) Скопје и Министерството за европски прашања, ја истакна важноста на Реформската агенда како клучен инструмент за институционална трансформација и унапредување на процесот на европска интеграција на Македонија. Како што соопшти ...
Летово ќе биде завршена физибилити студијата, по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10. Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се активностите кои се исклучително ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на планот за раст“. – Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум национален консензус за ...
Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја отвори Народната канцеларија на претседателот во Скопје на улицата Димитрие Чуповски бр. 7. Таа истакна дека новото катче е создадено за да биде отворено место за сите – младите, возрасните и пензионерите – каде што ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура. – Мислев дека е време уште едно место тука во центарот на градот да им ...
Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик – информира обвинителот Љубомир Лапе. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена за две кривични дела ...
Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година учениците од прво до трето одделение првпат ќе добијат и дигитални свидетелства, соопшти Министерството за образование и наука. Проектот е поддржан од„ Македонски Телеком“ и, како што велат од МОН, е резултат на заложбите за дигитализација на образованието и значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата. -Оваа учебна година започнуваме со ...
Не само јавниот, туку и приватниот сектор треба активно да се вклучи во борбата против корупцијата. И невладините организации, исто така, науката, академиците, стопанските комори, граѓаните, на сите нивоа. Секој треба јавно да зборува и да кажува со какви конкретни примери на корупција се соочил. Неопходно е креирање заедничка платформа во која ќе учествуваат сите општествени чинители. Само така ќе може да се стори нешто конкретно, наспроти ...
Потребен ни е дијалог со Бугарија и во тој контекст јас побарав билатерална средба со мојата колешка од Бугарија на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи во Шведска за десетина дена. И покрај сѐ она што се случи во последните денови, мојот став беше прилично јасно артикулиран и јавноста го слушна за онаа несекојдневна и навистина непријатна епизода пред некој ден – изјави денеска министерот за ...
Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани – истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова-Чамова, која го ...
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од Обвинителството и полицијата, ...
Девет пациенти завршиле на операции на срце под сомнителни медицински наоди – утврди странската лекарска комисија. Од вкупно 13 анализирани случаи, кај овие деветмина биле утврдени сомнежи за неоправдани наоди во дијагностиката и упатувањето кон кардиолошки интервенции. Кај останатите четворица пациенти третманот бил целосно оправдан и изведен според медицинските стандарди. Пациентите кои биле оперирани биле од 46 до 78 години. Случаите кои ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница донесе одлука дека Предлог законот за парнична постапка е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање и за организирање јавна расправа. Предлог законот за парнична постапка, кој пред пратениците е со европско знаменце, за заменик министерот за правда Ален Деребан, е еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството. – Станува збор за ...
Целта му биле жени, и тоа главно постари кои живееле сами. Не се знае како и зошто токму нив ги избрал, но главниот мотив му бил што го мразел женскиот род. Им влегувал дома, на некои има ставал ќебе врз глава, на други перница за да ги задуши, ги тепал, си задоволувал ниски страсти за време на чинот, а некои и ги ограбил. 25 годишниот овчар Трајче Б. од селото Малотино во Старо Нагоричане е првиот сериски убиец во Македонија чиј мотив за ...
Премногу време поминато на интернет, намален број на активностиво реалниот свет, голем интерес за содржини со агресивно однесување во медиумите… Ова се дел од главните причини коиго поттикнуваат врничкото насилство, се посочува во проектот ,,Промоција на безбедна училишна средина,, кој го изготви невладиниот сектор во соработка со МОН. Се апелира дасе слушне гласот на учениците за проблемите со кои се соочуваат,а стручните лица да работат не ...
Ужасен крај за 31-едно годишната Ајнет Вејсел од Битола. Нејзиниот 33 годишен сопруг, со кого не живееле заедно веќе подолго време, утринава нешто пред 7 часот, по жолчната расправија, ја нападнал со нож и ја избодел до смрт. Ајнет беше мајка на 4 деца. Роднините во шок раскажуваат дека сопружниците биле разделени, недоразбирањата меѓу нив биле чести, но жртвата не го пријавувала заради децата. Тврдат дека убиецот не можел да се помири дека ...
Култната претстава „Чичко Кумплунг“ се враќа на театарската сцена. Вчеравечер, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово, премиерно беше изведена претставата „Чичко Кумплунг“, работена според пиесата „Прирачник за самоуништување“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи. Оваа сатирична црна комедија носи нова обработка на еден од најпрепознатливите ликови од македонскиот филм и преку хумор и сарказам ги прикажува општествените аномалии и ...
Борба за глобална доминација или обид за мир? Големата народна сала во Пекинг беше местото кадешто зад затворени врати се одржаа двочасовните историски преговори меѓу САД и Кина предводени од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг. Кина ја покрена чувствителната тема за Тајван, нарекувајќи ја „најважното прашање“ кое може да ја обезбеди стабилноста во односите меѓу двете земји. Двајцата лидери успешно го избегнаа прашањето за Тајван. Сепак, ...
Повик за обединување околу реформските закони и агенда и планот за раст. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски ја повика опозицијата на одговорен пристап и дијалог кон европската иднина, а не дненво политички препукувања. Според него интеграцијта не е само политичка парола, туку подразбира реформи, функционални институции, владеење на правото и независно правосудство. Шефот на дипломатијата порача дека Филипче и неговите сопартијци ...
Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти. Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. За Филипче и СДСМ, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во општина Валандово ќе ги посети населените места Јосифово и Балинци. Посетата на Трипуновски е во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Кампањата почна на 18 март годинава од општина Босилово, а предвидено е, како што рече тогаш министерот, да бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. -Целта е да се слушнат ...
Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување ...
Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година. Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува. Според првичните информации, осомничениот сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки. Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот. Утрово во Битола, во семејна расправија ...
Претставници на релевантните лаборатории во нафтената индустрија во регионот, на министерствата за енергетика, регулаторните комисии, државните инспекторати, како и други релевантни институции и компании учествуваат на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што од денеска се одржува во Охрид. Симпозиумот претставува значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења и современи практики во ...
Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. – Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска ...
Општина Аеродром од 18 мај започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром. Во рамки на акцијата, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните бесплатно ќе можат да го оставаат стариот и дотраен мебел, ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени кардиохируршки операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај девет од вкупно 13 анализирани предмети. На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на ...
Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните или хируршките – ...
– Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во чиј состав се и потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, пратеникот Миле Лефков и генералниот секретар Марина Димовска, одржаа работни сесии во Берн од 12 до 14 мај во рамките на програмата „Планински дискусии за парламентарната ...