Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Верниците на Римокатоличката црква и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денес го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа се служеше божикна полноќна света литургија. По повод празникот Рождество Христово, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, д-р ...
Клучна институција за заштита на правата на граѓаните со месеци функционира без прв човек, а политички договор за нејзино деблокирање сѐ уште нема. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оцени дека состојбата со неизборот на народен правобранител е недозволива и апелираше до пратеничките групи итно да се изнајде политичка волја за избор. На последниот брифинг со новинарите во оваа календарска година, Гаши посочи дека процедурално ...
Државниот врв на Македонија им го честита Божик на верниците што денеска го прославуваат Рождеството Христово. Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, им посака на верниците добро здравје, духовен мир и радост и ги повика божикните празници да бидат поттик за чинење добри дела и заемно почитување. Премиерот Христијан Мицкоски, во божикната честитка, порача дека празничните мигови треба да бидат потсетник за обединување, ...
СДСМ влезе во лични пресметки со своите критичари. Со лични пресметки и етикетирања удрија и кон својот поранешен партиски функционер и екс градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ. Ова доаѓа откако тој реагираше на соопштението на опозициската партија, каде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, го нарекоа „Манасије српски- првиот македонски бод. Според Богдановиќ вавките пораки изгледаат како да ги пишува некој задоеник со усташка ...
Енергетскиот сектор и потрошувачката во зима се најдоа во фокусот на последната тура пратенички прашања во Собранието годинава. Опозицијата критикуваше за поскапувањето на електричната енергија и прогласувањето на кризна состојба на пазарот со струја за да се искористат државните резерви на мазут поради блокадата на граничните премини со Грција. Премиерот Мицкоски одговара дека СДСМ манипулирала со раст на цената на електричната енергија од ...
Се тенчи трпението на пензионерите. По неуспешниот обид на Уставен да им ги ускрати повисоките пензии кои ги добија со одлука на влада, највозрасните граѓани им порачаа на дел од судиите. „Нашите пензии не се само бројка на хартија, туку живот“. „Не ни ги кратете парите од удобните фотелји, затоа што ние живееме од нив“. Пензионерите категорични, велат дека никој нема право да си игра со нивните судбини и животи и апелираат судиите да ...
Обдукциските наоди се нецелосни и да се направат дополнителни токсиколошки анализи бараат родителите на загинагите во кочанското кабаре „Пулс“. Според нив, постои сомнеж дека во телата на жртвите имало цијанид, како последица на согорување на материјалите во клубот, но тоа не било испитано. Форензичките анализи на МВР не ја потврдиле можноста за цијанид, иако тоа било наведено како ризик, тврди Александар Наунов од Здружението на граѓани „16 ...
Слаби врнежи од снег има на патните правци Пехчево-Обозна-Берово и Суви Лаки, кој во мометов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража-Ѓавато и Крушево, информира ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на ...
Со извршената ревизија за 2024 година утврдено е дека ФИТР нема воспоставено механизам за систематско и сеопфатно следење на постигнатите резултати од поддржаните проекти по нивното завршување, ниту се врши длабинска деловна и финансиска анализа на истите. На крајот на известувачкиот период искажува неподмирени обврски во износ од 13.863.000 евра, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија. Фондот за иновации и технолошки развој ...
Учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ преку Младинската заедница и оваа година ја организират новогодишната хуманитарна акција „Подари компјутер“. Станува збор за акција преку која се собираат стари исклужени компјутери, лаптопи, таблети што не се користат, но се функционални или можат лесно да се оспособат. Акцијата има за цел да им помогне на ученици и семејства од социјално ранливи категории, кои немаат соодветен пристап до компјутерска ...
Крводарителска акција, реализира денеска кавадаречкиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и здруженијата „Жта“ и „Винотек“. Секој крводарител добива и црвено вино од овие здруженија, во кои членуваат производители на вина и ракии. -Црвениот крст што ја покрива територијата на општините Кавадарци и Росоман, за оваа прилика имаше и посебно изненадување за екипата на ИТМ со која имаме прекрасна соработка. Во нашите ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек. -Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со ...
Клиничка болница-Штип во годината што изминува работеше на намалување на дефицитот на лекари, медицински сестри, болничари. Во текот на годината реализирани се 36 вработувања, а преку владиниот проект се вработија и 18 приватни специјализанти. Оваа болница, која е од регионален карактер со години функционира со околу 30 отсто помалку кадар од предвиденото, согласно систематизацијата на работни места. Директорот на Клиничка болница-Штип, ...
Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпушти седум вработени Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците – институција од клучно значење за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката еднаквост во државата, стои во соопштението на ДУИ. Оваа одлука претставува директен удар врз ...
Одбраната на обвинетиот Александар Нацев, во воведен збор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, тврди дека во текот на постапката ќе докажат дека „обвинетиот Александар Нацев не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на правното лице „Рубикон“, како и дека припадниците на обезбедување ноќта на трагичниот настан не биле задолжени или ангажирани да вршат контрола на бројот на присутни гости во кабарето, да вршат ...
Градоначалникот Горан Герасимовски денеска соопшти дека едногласно е донесен Буџетот на Општина Центар 2026 година и со него се овозможува реализација на сите прифатени и поддржани проекти. Основниот буџет на Општина Центар за наредната година изнесува 1.217.450.000 денари и претставува највисок буџет досега. Од вкупниот износ, 527.230.000 денари, односно 43 проценти, се наменети за капитални инвестиции, додека 690.220.000 денари, односно 57 ...
Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите во пресрет на новогодишните празници. Од утре до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото „Патека на радоста“ ќе се одржи Новогодишен базар со разновидна програма за сите генерации. -Базарот, под покровителство на Општина Илинден и на неколку општествено одговорни компании, ќе понуди богата и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во однос на поскапувањето на цената на струјата, нагласи дека изминатиот период тие постојано ја манилупирале јавноста со бројки за покачуваење на цената од над пет проценти, над десет проценти за на крај да излезе дека поскапувањето е 2 и нешто проценти. -Ова прашање можеби ...
Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДСМ молк на темата и крици на беспомошност, соопшти членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција. ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче ...
Нелегален транспорт на оружје од Турција преку Бугарија за Македонија спречила ноќеска (24-25 декември 2025) Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција преку брза размена на информации и соработка со бугарските служби односно преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија. -Во ...
Вицепремиерот за политички систем упати божиќна честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед по повод големиот празник Божиќ. – Рождеството Христово е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој нè потсетува на вистинските патишта и нè учи да ги почитуваме високите морални вредности. Божиќ е денот на радоста во душата кај секој ...
Во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје синоќа скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше полноќна божиќна света литургија, на која ја упати својата Божиќна порака. – Како католички христијани, ја завршуваме Светата Јубилејна 2025 година. Беше година на прошка и благодат од Господ, а јубилејна е затоа што го одбележува воплотувањето на Христос. Бог се воплоти за да ни даде живот, не било каков, туку живот во ...
Во земјава се чуваат повеќе од 150 признати раси на кучиња. Чувањето на домашни миленици и посебно педигрирано куче повеќе не е мода или престиж, туку тоа се прави од љубов кон кучето, вели за МИА, универзитетскиот професор по ветеринарна медицина, д-р Панче Дамески, од неодамна декан на Ветеринарен факултет при УКЛО-Битола. Според професор д-р Дамески кој освен ветеринар е и кинолошки судија, сопствениците на домашни миленици се доволно ...
Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24 декември, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево, соопштија утрово од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). – Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, потенцираа од ...
Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да се скрие зад празни зборови. Во Гостивар е извршена една од најсериозните финансиски злоупотреби што локалната самоуправа во Македонија некогаш ги видела. Сала на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради со максимална цена од 50 илјади евра, беше изградена по скандалозна цена од околу ...
Во Организација на Клубот за подводни дејности од Охрид викендов ќе се одржува 4. Македонски нуркачки конгрес со меѓународно присуство. Собирот на нуркачите од земјата прерасна во традиција на годишни среќавања на сите нуркачи од државата, како активност што придонесува за промоција на македонското нуркање низ светот. Како што соопшти Горан Балевски од Kлубот за подводни дејности „Охрид“, претходните три собири биле одлично примени кај ...
Чевларите од Куманово, денеска го слават Свети Спиридон, заштитник на занаетчиите. И годинава беше избран нов кум на празникот Александар Масевски кој заедно со стариот кум, Фросина Петровска им посакаа успех, здравје на вработените од секторот. Настанот е можност за рамена на идеи, средби. -Со децении го прославуваме чудотворниот светец Спиридон заштитник на чевларите, кумството се пренесува од едни на други колеги се крши колач се пренесува ...
Денес го носиме Буџетот за Град Скопје за 2026 година, но мора отворено да зборуваме и за реалноста што ја наследивме, еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска. За девет месеци се реализирани приходи од 2.856.417.717 денари, што значи просек од само 317.379.746 денари месечно. И во претходните години состојбата била слична, а често и полоша. За споредба, за само 40 ...
Учениците од дрвопреработувачката струка од ДСУ „Никола Карев“ Струмица, во соработка со Општина Струмица и „Комуналец“, ќе ги обноват оштетените клупи во Градскиот парк и во останатите делови од градот, соопштија од локалната самоуправа. -Учениците заедно со професорот Никола Узунов, деновиве направија увид и констатираа дека вкупно 190 клупи за седење треба да се санираат, односно да се постават нови дрвени подлоги кои ќе ги изработат ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Венко Филипче лично и во име на партијата им го честита празникот Христово раѓање – Божиќ на католичките верници и на скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов. -На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод големиот празник Божиќ. Божиќ е празник на надежта, ...