Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Петнаесет ученици од прва, втора и трета година и двајца професори од Средното општинско училиште „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево, во периодот од 23 до 28 март престојуваат во Тирана, Република Албанија, каде ја реализираат втората возвратна размена во рамки на проектот „Bridges to Unity“, дел од програмата „SuperSchools“. Со оваа активност се заокружува четвртиот циклус од проектот, чија цел е унапредување на меѓукултурниот дијалог, ...
Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо турс“ од Гостивар, што беше спроведена на влез во државата на граничен премин „Табановце“. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени, кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО – Куманово, а истрагата е проширена и ...
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имаше работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детаљно биле презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговарало за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и за граѓаните. – Со реализацијата на овој проект се очекува значително намалување на сообраќајниот метеж, ...
Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја анализата на Државниот завод за статистика за исплатените плати во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека продолжувањето на трендот на раст на платите е позитивен податок, но нагласи дека цел на извршната власт е континуирано сузбивање на инфлацијата и ...
Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на отварањето на новата трафостаница „ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН. Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека ...
Министерот за здравство Азир Алиу нагласи дека кога ќе заврши лабораториската анализа во РЕК „Битола“, каде што се пожалиле на симптоми на труење, ќе излезат со подетаљни информации. – ДЗСИ веќе беше на терен. Знаете дека процедурата трае 48 часа. Кога ќе заврши лабораториската анализа, ќе излеземе со информации – рече Алиу на денешната прес-конференција. Надлежните институции испитуваат што ги предизвикало стомачните тегоби, на кои завчера ...
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, денеска ја посети општина Куманово и се сретна со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. На средбата, како што информираат од Општината, се разговарало за тековните реализирани проекти со поддршка на ЕУ. – Денеска, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, и заменик-амбасадорот Бен Нупнау во рамките на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светската банка, предводена од г-ѓа Шјијаокинг Ју, директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија. Како што соопштија од МЕРМС, оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои посебен акцент е ставен на ...
Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“ имаше јасна цел: да ја постави академската соработка како стратешки приоритет за регионот и да ги позиционира шесте држави повисоко во европските и глобалните мрежи на високото образование зголемувајќи ја нивната видливост, но и влијание. Тоа е важно затоа што се соочуваме со реални демографски предизвици, кои ...
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, го посети Албанскиот театар по повод Меѓународниот ден на театарот во рамките на активностите организирани за Деновтеи на отворен театар. За време на посетата, тој имаше можност да се сретне и со повеќе деца, кај кои јасно се забележуваше желбата и љубовта што оваа генерација ја негува кон културата и театарската уметност. Заедно со директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани, ги посетија ...
Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата, како што соопштија од локалната самоуправа, беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за ...
Образованието е еден од клучните фактори за развој на државата и Владата континуирано инвестира во него преку инфраструктурни проекти вредни повеќе од стотина милиони евра – истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на отворањето на новата трафостаница „Централна“ во Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, дека не ...
Претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, во однос на одлуката да не ѝ биде продолжен мандатот во ОЈО ГОКК на обвинителката Ивана Алексовска-Трајчевска, која ги работеше предметите против полициски службеници поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели дека „Советот е колективно тело и одлуката е колективна“ и „колешката не е ни прва ни последна што не е избрана или е избрана“. – Вие бевте внатре и видовте ...
Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност не оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги написите во медиумите, во кои се наведува дека Грција реагирала бидејќи сопругата на претседателот на САД, Меланија Трамп, го употребила името Македонија на настанот во Вашингтон, на кој присуствуваше сопругата на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за една изборна единица и гласање на дијаспората одговарајќи на новинарско прашање поврзано со разговорите во рамките на работната група за Изборниот законик. – Ние сме за една изборна единица и не ги менуваме ставовите и тоа го кажав и на лидерската средба, но да има еден праг што би го договориле со другите политички партии. Во таа една изборна единица логично е ...
Министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција најави дека следната недела на ЕНЕР ќе биде објавен нов закон за лекови усогласен со европските стандарди. Потенцира дека актуелното законско решение за лекови е застарено и се јавила потреба да се усогласи со европските регулативи. Информира дека на новото законско решение се работело три години. – Со законот воведуваме современи решенија за поефикасни, побрзи постапки за ...
Како претседател на Владата мене ме исполнува да има повеќе инвестиции, државата да оди напред, а логично е опозицијата да критикува. Резултатите ќе ги видиме на следните избори – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за обвинувањата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со новинарите. – Логично е, тој е опозиција. Мисли дека ако критикува, ако навредува, ќе привлече внимание, важно е ние да ...
Во Братислава вчера и денеска се одржа Првата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Словачката Република. Со седницата копретседаваа заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и заменик министерот за економија на Словачката Република, Владимир Шимоњак. Во своето обраќање, Димитровски нагласи дека Владата и Министерството се фокусирани на отворање нови ...
Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој ...
Инвестицијата од 22 милиона евра во нова трафостаница носи енергетска стабилност и претставува значајно инвестициско дело и за градот Скопје, но и за државата, истакна премиерот Христијан Мицкоски. – Станува збор за инвестиција од речиси 22 милиона евра, нешто со што ќе се подобри стабилноста на системот, на мрежата, 110-киловолтно напонско ниво, и ќе отвори перспектива за следните 20-ина години да одговори на сите предизвици од енергетски ...
Ризиците и опасностите со кои се соочуваат државите и општествата кога е во прашање кибербезбедноста е тема на дискусија во рамките на 5. Интерпарламентарен форум на делегации од државите од Југоистична Европа во Парламентарното собрание на ОБСЕ, што од денеска се одржува во Охрид. Иако Македонија како држава засега не е на директна линија на меѓународни кибернапади, сепак мора да гради свои механизми за заштита од ризиците што отворено ...
Советот на јавните обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу-Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска-Јакимовска и Ана Стојковиќ-Димитриовска за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот, Башким Селими, на почетокот информира дека на огласот за пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран ...
Бизнис-конфедерација на Северна Македонија оствари средби и договори идна соработка со водечки тајвански компании и организации за време на меѓународниот саем Smart City Summit & Expo 2026, посветен на развој на паметните градови, дигиталните технологии и одржливиот развој, кој се одржа во Тајпеј од 17 до 20 март 2026 година, се наведува во соопштението од БКСМ. Учеството на БКСМ на овој престижен меѓународен настан беше насочено кон ...
Министерот за надворешени работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска имаше средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, која била посветена на реализацијата на стратешкото партнерство и унапредувањето на односите меѓу двете земји. – Разговаравме за конкретни чекори за продлабочување на соработката со акцент на области од значење за економскиот развој, како инфраструктурата, ...
СДСM и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Зоран Заев, Башановиќ. СДСM, од некогаш државотворна партија, стана прокси-партија благодарение на Филипче, Заев и Башановиќ. Коленичењето пред одредени наши соседи и уважувањето на нивните барања е политика која е антидржавна, а таа е во статутот на СДСM – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, искажа јавна поддршка на кампањата за одвикнување од пушење, која денеска беше акцентирана на работилница за зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот, организиран Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за семејна медицина, претставува продолжение ...
Водата е темел на економскиот развој, а правичното управување создава можности за сите – порача министерот Муамет Хоџа на одбележувањето на Светскиот ден на водата во Скопје. Најави дека со денешниот настан се отвора јавната консултација за управувањето со водите во сливот на реката Вардар – процес што треба да доведе до прв план за управување со речни сливови усогласен со европските стандарди. – Денес, официјално ја отвораме јавната ...
Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика на Собранието денеска ја одржа 48-та седница на која ги усвои предлог-финансискиот план за 2026 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и предлог одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за ...
Од 29 и 30 март „Визер“ воведува три нови авиолинии – до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, а на охридскиот со четири. Летниот распоред на летови од двата македонски аеродрома управувани од „ТАВ Македонија“ почнува престојниов викенд – в недела, 29 март, и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – шест нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“: Неапол, ...
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денес учествуваше на отворањето на 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој обединува здравствени професионалци од регионот, соопштија од неговиот Кабинет. Во своето обраќање, тој истакна дека оваа школа претставува вредна можност за соработка и унапредување на знаењата во служба на здравјето на децата. Според него, ваквите иницијативи придонесуваат за зајакнување на ...