Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време. По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција. На ...
Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче треба да каже, како тогаш дошол до златна виза за Дубаи, изјави денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение. Во таа насока, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи. Доколку Филипче навистина бил на работа во ...
СДСМ денеска соопшти дека до надлежните органи на партијата, Централниот одбор, согласно Статутот на СДСМ доставува барање за итно исклучување на Јован Деспотовски од партијата, поради, како што тврдат, дека тој во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ се обидуваат да ја дестабилизираат партијата. Во продолжение следува интегрално целото соопштение на СДСМ: Почитувани членови на СДСМ, симпатизери, граѓани на Македонија, Како верни наследници на ...
Демократската унија за интеграција најостро и без никакви резерви го осудува нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци, кои се повикани на работа и затворени во канцеларии без минимални човечки услови и без никакви работни задачи, стои во соопштението на ДУИ. Сместувањето на десетици жени и мажи во три канцеларии, без столчиња, без работни маси, без компјутери, ...
Во 11:00 часот денеска поради протестот на грчките земјоделците ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ – Скопје за православниот храм „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје се добитници на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година. Победниците синоќа ги прогласи и им ја врачи наградата претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Архитектонскиот факултет во Скопје. Годинава четири објекти пристигнале на конкурсот за наградата. За нив одлучувала ...
Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со барање за решавање спор. До регулаторното тело годинава пристигнати се 346 барања за решавање спор наспроти 363-те регистрирани во 2024 година, изјавија од АЕК. Од вкупниот број на донесени решенија, 45 ...
Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи. – До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со ...
Во Собранието мора да преовлада взаемната почит помеѓу пратениците, па и на различни политички партии. Ако не се почитуваме ние самите себеси едни кон други, немаме почит, не можеме да очекуваме дека граѓаните ќе не почитуваат. Оттука почнува се, вели претседателот на Собранието Африм Гаши. Разликите постојат и треба да останат, вели тој, но, не треба да бидеме барикадирани во нив туку низ дијалог и врз база на аргументација да доаѓаме до ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за оваа проблематика. – Од моја страна логистички ќе бидат поддржани овие заклучоци, изјави Ѓорѓиевски. За дислокацијата на цементарница Усје, вели дека тоа неможе да се реши преку ноќ и дека според него не е само ...
Четириесет нови камиони за „Комунална хигиена“ ќе бидат набавени до април, најавува градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Дел од нив ќе бидат набавени преку јавна набавка за што се обезбедени средства во Буџетот на Град Скопје, а дел преку Светска банка. – Ќе ги набавиме до април во две фази (од една страна ние самите ќе направиме јавна набавка преку „Комунална хигиена“ за што одвоивме средства во буџетот, а од друга страна ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видеоконференциска врска со македонските мировници, во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата испратени во мировни мисии. Со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска- Давкова, министерот за ...
Ако одлуките на Уставниот суд треба да се носат со Бадентерово мнозинство, тогаш граѓаните може слободно да заборават на правната држава, а институцијата да стави клуч на врата. Вака остро реагира претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, коментирајќи ги политичките условувања кои ги постави лидерот на ДУИ каков услов за влез во било која идна влада. „Ако тоа се случи, во истиот момент граѓаните можат да заборават на правната ...
Забрзува инвестицискиот циклус во Македонија. Три странски компании ќе отворат капацитети во Македонија – потврди премиерот Христијан Мицкоски. Преговорите се веќе завршени, а се работи за фирми од автомобилскиот сектор, но и од индустријата на високи технологии и фармацијата. Нивните инвестиции се во висина од 120 милиони евра, а предвидено е да вработат 1.500 луѓе. Владата преговара со уште 10 компании. „Преговараме со уште десет – дел во ...
Позитивни и емотивни моменти по повторното обединување на децата кои се на болничко лекување со своите другарчиња и наставници. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека формалното образование дава добри резултати, децата се вклучени во образовниот процес, а истовремено имаат можност за момент да побегнат од својата реалност. Откако од први септември беше воведена оваа мерка, болните дечиња кои поради состојбата мораат да ...
По премиерот, и министерот за здравство Азир Алиу смета дека локацијата на ГОБ „8-ми Септември“ е најдобра за нов клинички центар. Но, сепак последниот збор ќе го имаат експертите и Владата. Конечната одлука според министерот ќе се темели на анализи и експертски мислења, а не на политички калкулации. Според првиот човек во здравството, оваа опција ќе биде најевтина и најбрза. Последните проценки покажувале дека овој терен ги исполнува сите ...
Матичните гинеколози незаконски им наплаќале по 500 денари на своите пацинетки за земање на брисеви за ПАП-тест, ехо и колпоскопија, иако истите биле бесплатни и покриени од ФЗО. Фондот во ноември годинава заедно со УЈП извршиле контроли кај 49 ординации во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица поради бројни поплаки на пациентки. Кај 26 ординации не биле забележани неправилности, а кај останатите 23 биле утврдени неправилности – дел ...
Македонската полиција се поднови со 120 нови возила од марката „Peugeot 408“. Секоја полициска станица во Македонија ќе добие по најмалку една кола, а најмногу возила ќе добие Секторот за внатрешни работи Скопје. Автомобилите се опремени со современи технолошки карактериристики односно со дигитален радиокомуникациски систем кој се користи за координација помеѓу полициски службеници. Набавката МВР го чинело 3,2 милиони евра или 30 милиони ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, за време на гостувањето на дебатните емисии на една од телевизиите вечерва, отвори повеќе клучни политички теми, испраќајќи јасни пораки за состојбите во македонската политика, реформите во правосудството и европската перспектива на државата, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија. Димитриевски остро ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека националниот консензис на кој повика во годишното обраќање во Собранието треба да се изгради околу гаранциите да нема нови условувања во процест на евроинтеграциите. – Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Консензус треба да има околу тоа дека ние сме рекордер по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без да постои ...
Во организација на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ вечерва се одржа протест со блокада на крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ во Скопје. Учесниците на блокадата бараат надлежните институции да најдат решение на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, како што велат, предизвикано од работењето на Цементара Усје со нејзина дислокација. „Воздухот наш за профитот ваш“, „На хартија бело, во дробови ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостување во Дневникот на телевизија Сител изјави дека целосно го поддржува протестот поврзан со УСЈЕ и порача дека мора да има строги и континуирани контроли, не само таму, туку во сите фабрики, се вели во соопштението од Општина Центар. „Доколку тоа што се зборува е вистина, мора да следуваат ригорозни санкции “, истакна Герасимовски. Kако потпретседател на ЗЕЛС, Герасимовски нагласи ...
Со новите амбулантни возила кои ќе ги набави владата, ќе се подобри работата на брзата помош, транспорт на пациентите до болница ќе биде побрз,а подобра ќе биде и покриеноста во урбаните и во руралните средини. Како што вели раководителката од брзата помош, возилата се основниот алат за брза интервенција, а со зголемувањето на капацитетиете ќе се зголеми и сигурноста на пациентите и на персоналот. „Составен дел како што кажав се и ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието остро ја критикуваше резолуцијата донесена од парламентарното мнозинство, оценувајќи ја како директен удар врз уставниот поредок и демократските слободи. -Мислев да прашам нешто за мигрантите, ама вие донесовте резолуција која е противуставна со која што забранувате слобода на изразување, слобода на говор и се заканувате со кривични постапки, исто ...
Советот на Град Скопје без ниту еден глас против го усвои Буџетот за 2026 година, кој, според градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, претставува буџет на одговорност, развој и иднина, со јасна визија за подобар квалитет на живот на скопјани. -Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа, напиша на Фејсбук скопскиот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект. -Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да го ...
Муамет Хоџа денес официјално стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На првиот работен ден, Хоџа, како што информират од МЖСПП, одржал работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во министерството, при што бил ...
Зекирја Таири од ВЛЕН од изборната единица 1 е наредниот кандидат за пратеник во Собранието на местото на Беким Сали, кој вчера беше избран за министер за евроинтеграции. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 164-та седница го разгледа дописот од претседателот на Собранието, Африм Гаши дека согласно Уставот и изборниот законик на доскорешниот пратеник Сали му завршува мандатот и Собранието треба да го верифицира мандатот на наредниот ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа нагласи дека Министерството континуирано продолжува со спроведување на мерки против аерозагадувањето. Потенцира дека се спроведува Акцискиот план, кој е на сила од ноември 2025 година. -Министерството контринуирано продолжува со спроведување на сите мерки кои имаат иста цел – подобрување, односно заштита на амбиентот од загадување. Во тек е Акцискиот план кој се спроведува, ...