Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...
Партиите од власта, денешниот годишен говор на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во Собранието го оценија како издржано образложение на нејзините годишни активности и предизвиците со кои се соочува државата меѓу другото и во контекст на евроинтеграциите. Додека, пак, за партиите од опозицијата, во говорот на шефицата на државата имало недостиг на визија и оти таа според нив, ја поддржала агендата на владеачката партија, а не ...
Денеска на владината седница се разгледува барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба на пазарот со електрична енергија. Се очекува тоа да биде прогласено за да се овозможи трошење на државните резерви на мазут. Ваквиот потег се презема, бидејќи се јавија тешкотии во снабдувањето поради протестите на грчките земјоделци, од каде јагленот се доставува со задоцнување, а има проблеми и со испораката на мазут. На почетокот на месецов, ЕСМ ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. во својство на извршен член на oдбор на директори на Друштво за спортски дејности кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 в.в со ст. 1 од КЗ на Република Северна Македонија. Пријавениот В.Б., во ...
Во Општина Куманово денеска се одржа конститутивна седница на Советот за развој на североисточен плански регион, СИПР. На седницата, како што информираат од Општината биле верифицирани мандатите на членовите на советодавното тело, усвоени предлог – одлуки за отпочнување на процесите за избор на претставник од бизнис заедницата, за распишување на јавен повик и разгледување и усвојување на финансиски и акциски план за работа на Центарот за ...
Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието, посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од СДСМ. „Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат над 5.000 гигават ...
Општина Маврово и Ростуше подготвува стратешки план за туристички бум, со кој очекува мавровско-реканскиот регион, идната година, да го посетат над 10 илјади странски туристи, информираше Фикрет Ибраими, советник за односи со јавноста во општината. -Во тие рамки повереникот за надележности на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, одржа работна средба со претставници на реномираниот Македонски туроператор „DMC Balkans ...
Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни миленици. Како што вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, до средината на 2026 година се очекува да бидат договорени основите и за кафилеријата и за гробиштата за миленици (локации, инфраструктура), по што треба да почне и практичната реализација на терен. Според Миланов, досега ...
Доколку деструктивните структури на СДСМ, Националната алијанса за интеграција и советниците на Рамиз Мерко продолжат да ја држат Струга во целосна парализа,бојкотирајќи го обидот да се избере претседател-во март идната година ќе има избори за нов советнички состав.Тоа го потврди градоначалникот Менди Ќира,изнесувајќи ги своите сомнежи дека претставниците на спомнатите политички гарнитури имаат формирано тајна коалиција со цел да ги ...
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денес изврши увид на дел од улицата „Драмечка“, како и на крак од истата улица, каде што во моментов се реализира проект за изградба на дел од улицата и дел од атмосферската канализација. Како што информира Гоцевски, целта на теренската посета била директно запознавање со текот и квалитетот на досегашните градежни активности. -Проектот предвидува изградба на улица со вкупна должина од 155 метри, со ...
Од денеска, Советот на Општина Битола, за седниците на комисиите и седниците на општинскиот Совет имплементира електроско гласање. Според претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, со електронско гласање ќе се обезбеди поголема транспраентност во локалната самоуправа. -Воведовме пилот-проект за електронско гласање, побрзо, поефикасно и потранспарентно од кога било досега. На денешната Комисија за јавни дејности, членовите ...
Со дополнување на доказната постапка и завршни зборови на обвинителството и одбраната, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје заврши судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Пресудата ќе биде објавена на 29 декември. Во текот на ...
Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип со свечена академија денеска одбележа 30 години од своето постоење. Деканот на ФОН при УГД-Штип, Трајче Стојанов по повод 30 годишниот јубилеј истакна дека на овој факултет се создавале учители и педагошки кадар кои го носат образованието низ целата држава. -Ова значи дека оваа долга традиција не обврзува да продолжиме да работиме во истата насока, дури и уште ...
Уставниот суд беше одговорен кога во февруари ја донесе одлуката за измените на Кривичниот законик, бидејќи разгледуваше повеќе можни сценарија за да спречи правен вакуум, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на панел дискусијата „Чекајќи го Годо… и правдата: Очекувања од новите измени на Кривичниот законик“. -Применивме новина – интерпретативна одлука, со која го толкувавме Уставот во однос на измените и утврдивме сомнеж ...
По завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје за случајот во кој беше смртно прегазен 68-годишниот Југослав Николовски, неговата ќерка Маја Бошковска, изјави дека семејството очекува висока и правична казна за обвинетиот Фатон Љури кој на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар го прегазил Николовски и го напуштил местото на несреќата. Бошковска истакна ...
Во просториите на Дебарското муфтиство беше одржан работен состанок, на кој беше спроведена постапката за избор на новите членови на џамиските одбори, како и членовите на Муфтиството и Меџлисот на Исламската верска заедница, објави Муфтиството. На писутните им се обратил Дебарскиот муфтијата Решат ефенди Качалнику, кој на новоизбраните членови им посакал успех. -Состанокот помина во конструктивна и работна атмосфера, со цел унапредување на ...
Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура денеска на прес-конференција обвини дека политичките структури од НАИ, СДСМ и независната листа на Рамис Мерко формирале тајна коалиција со цел да го блокираат работењето на Општината. Ваквата ракција доаѓа откако вчера пропадна и третиот обид за избор на претседател на општинскиот Совет поради немање кворум. Седницата ја напуштија осуммината советници на НАИ, а тројцата од независната листа на ...
На сите мали потрошувачи им се дава сигнал да одат на слободниот пазар на електрична енергија каде ќе си обезбедат 30 – 40 отсто пониски цени од оние на ЕСМ. Целта ни е да ги намалуваме количините на електрична енергија што ги обезбедува ЕСМ и ЕСМ што е можно повеќе да биде активна на слободниот пазар, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Според него, ЕСМ треба да биде многу поактивна на ...
На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до 12 часа и бараа највисок степен на подготовка, експертиза, прецизност и тимска координација. Операциите се извршени под менторство на проф. д-р Јан Јерун Вранкс од Белгија, истакнат европски и светски експерт во областа на реконструктивната микрохирургија и визитинг професор на Медицинскиот ...
Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска официјално ги пуштија во употреба целосно реконструираните спортски игралишта во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Проектот е реализиран во соработка меѓу Министерството за спорт и Општина Карпош, по барање на студентите, а со него е извршена комплетна санација и уредување на просторот за спорт и рекреација во најголемиот државен ...
Општина Дебар, која до сега има реализирано повеќе проекти со општини од соседна Албанија, поддржани од Европската унија, за првпат спроведува заеднички проект со општина од Грција, поврзан со управувањето со комуналниот отпад и неговото рециклирање. -Учеството на Општина Дебар во прекугранични проекти поддржани од Европската Унија треба да биде почесто, бидејќи овие проекти создаваат можности за спроведување на конкретни активности и ...
Општина Бутел обезбеди прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „11 Октомври“. Целта на оваа активност е подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и намалување на последиците од аерозагадувањето кај најмладите, објави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил. -Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас, порача Костовски. ...
Локалниот пат кон росоманското село Трстеник е загрозен поради изместување на коритото на Црна Река, информираше денеска градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски. Крстевски посочи дека состојбата е сериозна и бара итна реакција од надлежните институции. – Заедно со директорот на АД Водостопанство Тиквеш и директорот на ЈПКД Росоман, сме на терен на Црна Река, на патниот правец кон село Трстеник, каде што е забележано загрозување на ...
Кому му одговара да бидеме надвор од ЕУ, ако не на третите сили? Кој отвора влијание за трети сили? Зарем е можно тоа да биде земја – членка на ЕУ и наш прв сосед? Како ЕУ претендира да биде геополитичка Унија, а притоа да ја држи нашата земја и Западниот Балкан во геополитички вакуум? Македонските евроинтеграции се школски пример за последиците од занемарување од процедурата како гаранција за демократијата, истакна претседателката Гордана ...
Градоначалникот на Оштина Новаци Стевче Стевановски во обраќање до јавноста извести за опасности на регионалниот патен правец Новаци – Маково, предизвикани од свлечиште. Деформацијата во моментов ја санираат екипи на РЕК Битола и ЈП за одржување на патишта, информира Стевановски. -Ве информираме дека, согласно информација доставена од РЦУК – Битола, а добиена од РЕК Битола во текот на ноќта значително се влоши состојбата на регионалниот патен ...
Лани 16,9 проценти од луѓето во ЕУ живееле во пренаселени домаќинства што претставува намалување во однос на 2014 година кога таа стапка изнесувала 18,1 отсто, соопшти Европската статистичка агеција – Евростат. Според Евростат, стапката на пренаселени домаќинства е значително повисока во Западниот Балкан, при што најниска е во земјава и изнесува 38,1 отсто. Во Србија во пренаселени домаќинства живеат 46,6 проценти од граѓаните, во Албанија ...
На ден 22.12.2025 година се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули. Покрај членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, на настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој ја нагласи значајната улога која ја имаат почесните конзули во одржувањето на севкупните односи помеѓу земјите кои ги претставуваат и Македонија. Притоа, министерот Муцунски ...
Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите. На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок со над 300 трактори беше поставен на 1 ...
„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно намалување на цените од 0,2 отсто. „Во последните ...
Со консензуален пристап, широка вклученост и јасна инклузивност, почитувајќи ги принципите на транспарентност, отчетност и партнерство, беше донесена Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година, со што беа поставени темелите на долгорочниот развоен правец – документ кој првпат на еден системски и сеопфатен начин ја дефинира визијата каде сакаме да бидеме како држава во следните две децении, истакна премиерот Христијан ...