Белград
5ᴼ /
4ᴼ
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници, се наведува во соопштението на Герасимовски. „Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб ...
Заменик претседателката на Општинската изборна комисија, Тања Стојковска, денеска, им ги додели уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево Иван Гоцевски и членовите на новиот Совет на Општината. Стојковска им посака успешна и одговорна работа во интерес на граѓаните на Делчево. Новиот состав на Советот на Општина Делчево, го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ со освоени десет советнички мандати, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија. -Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско национално ...
Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, моја цел е да воспоставиме вистинска транспарентност и отчетност во трошењето на народните пари. Граѓаните имаат право да знаат каде оди секој денар и како се носат одлуките што директно влијаат врз нивниот живот, се наведува во соопштението на Трајановски. Ќе воведам јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој ...
Коалицијата ВРЕДИ најавува дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику, стои во соопштението на коалициата. Оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври, кога со ЕДЕН ГЛАС рекоа „ДУИ не“ во повеќето албански општини. Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја ...
Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, за кого рече дека е „трудољубив ...
Билал Касами, првиот човек на БЕСА, тргна и против своите партнери од Вреди, со неговата изјава односно повик за гласање во вториот круг за скандалозниот кандидат на ДУИ за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Според дел од аналитичарите, Касами, кој по јасната порака од премиерот Христијан Мицкоски, ретерираше од кажаното – сепак покажа несогласување со другите од “Вреди”. Касами подоцна се переше дека неговиот став е ист со оној на ...
Али Ахмети е веќе испукана пушка, нервозен како никогаш претходно, а причината е катастрофалниот пораз на локалните избори. По резултатите во неделата лидерот на ДУИ го немаше никаде пет дена, по што се појави на прес конференција, каде сподели свои математики, според кои сепак тие биле победници на изборите. Според познавачите ваквата лажна реторика повеќе не „пали“ ниту кај самото партиско членство. Политикологот Џенур Исени за Алфа вели дека ...
Во услови кога државата бележи значителен пораст во извозот на земјоделски производи, а Македонија важи за квалитетна и конкурента земја со препознатливо производство кое го освојува и странските пазари, проблем број еден останува недостатокот на работна сила. Младите бегаат од нивите, земјоделството не им е привлечна стопанска гранка. Интересот за враќање во руралните средини исчезнува. Штом ќе заминат во средно училиште, веќе никој не се враќа ...
Сонцето им даде надеж на оризопроизводителите од кочанскиот регион. По неколкудневните врнежи од дожд, временските услови се подобрија и со трактори земјоделците, повторно влегоа во нивите за да жнеат. Велат, дека секој сончев ден им е од голема важност. Оптимисти се дека до крајот на ноември жетва целосно ќе биде завршена. Досега се ожнеани околу 30% од посеаните оризови полиња. Овогодинешната реколта е со богат род и има добар квалитет. „Во ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар, стои во соопштението на Општината. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет. Герасимовски, потенцира дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило ...
ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник во Брвеница. ВЛЕН исто така вади кандидат во Брвеница и во вториот круг се обединија со ДУИ против кандидатот на Мицкоски, се наведува во соопштението на Левица. ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник за Кичево. Влен вади свој кандидат за Кичево. За вториот круг, Касами јавно ја дава поддршката за ДУИ, додека кичевско ВЛЕН срамежливо вели “по сопствено убедување да се гласа”. Соодветен реципроцитет на ...
По бројните проблеми со неисправни автобуси и намален број возила на улиците, синдикатот на „ЈСП“ бара „Обвинителството“ и „Финансова полиција“ да спроведат детална истрага во Јавното сообраќајно претпријатие, исто како што тоа го направија во „Комунална хигиена“. Од таму посочуваат дека постои сомнеж дел од возилата да не се во функција заради дефектите кои настанале како резултат на неправилностите во набавките со гориво и деловите за ...
Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, за кого рече дека е „трудољубив ...
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода возачи во Битола и Македонски Брод поради безобѕирно управување возило. Првиот, 27-годишен битолчанец управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта, а вториот, жител на Македонски Брод биле со измерени 2,03 промили алкохол. Двајцата биле исклучени од сообраќај и против нив се изречени кривични пријави. Од секторот за односи со јавност при СВР Битола информираа дека утрово во 03:42 часот ...
Во рамки на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби, реагираат од Министерството за здравство, во врска со објавите за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. – Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност и функционалната инфраструктура на јавните ...
Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно е тоа што се уште не сме усогласени во однос на божиќните празници кои различно се одбележуваат согласно јулијанскиот и греогоријанскиот календар, оценуваат стопанствениците. Дел од нив повторно укажуваат и на потребата да се работи и во недела. – Реално, промената од еден час порано или подоцна не е некоја голема разлика ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека во моментов Скопје се соочува со најлоша состојба досега. Според него со добра организација проблемите можат брзо да се решат и дека во првите 72 часа ќе се спроведе голема акција за чистење на градот, во која ќе бидат вклучени сите општини, јавни претпријатија и општествено одговорни компании, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Треба само ...
Шокирани, но не и изненадени, го слушнавме Али Ахмети како повторно избувнува со банален, навредлив и недостоен јазик за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците. Од „загарите“ до „газиместан“, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше својот народ како приватна сопственост. Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што ...
Сојузот на борци од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и граѓаните продолжувачи од Тетово во соопштение изнесе осуда на искажаните ставови на дел од политичките партии во пресрет на вториот круг на локалните избори. Тие сметаат дека се искажани ставови и изјави кои придонесуваат за етничка нетрпеливост и раздор, како и дека се насочени кон загрозување на територијалниот интегритет и унитарноста на државата. -Иако ...
Здружението „Аксиос“ во соработка со „ЗЕТА – организација за попреченост и правда“, во рамки на проектот „Инклузивна еднаквост” за 2025 година – финансиски поддржан oд Владата, во Скопје организираа дебата на тема „Еднаквост и недискриминација“. Општата цел на проектот во вид на обука е да се унапреди партиципативна демократија преку воспоставување дијалог за унапредување на системите, преку примена на инклузивната еднаквост во политиките на ...
ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. По 19 октомври и апсолутната победа во првиот круг од овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на оваа историска победа. 550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на ...
Бројот на случаи на семејно насилство во Прилеп се зголемува. Според податоците од прилепскиот Центар за социјални работи, за 10 месеци во Прилеп се пријавени жртви на семејно насилство колку за целата година лани. Досега се евидентирани 86, а лани, до декември, биле 88. Бројките се зголемуваат, главно се жените, но не се изоставени ниту децата. Според Центарот, во прашање е зголеменото пријавување на насилството. Но, според психологот Ана ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави современ проект за нов систем на енергетски ефикасни згради, кој ќе придонесе за подобрување на условите за живеење, зачувување на животната средина и разубавување на урбаното јадро на Општината, се вели во соопштение од неговиот ПР тим. „Преку грантови од Општината ќе ги реконструираме фасадите на сите згради и ќе ги направиме енергетски ефикасни. Секоја зграда е дел од ...
Кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо. Одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци или да не сакаат да им изгледа тоа остварливо, вели кандидатот за градоначалник за град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „Од надмудрувања ...
Независниот кандидат за градоначалник, Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци, оние кои веруваат дека градот може поинаку, кои сакаат Куманово да го видат како развиен, кои бараат подобри услови за живот. На денешната прес-конференција, независниот кандидат негираше каква било поврзаност со кој било и кажа дека зад него не стои „урбана мафија“. -Ниту сум се слушнал, ниту сум се сретнал со Оливер Спасовски. Погледнете ги ...
Скопјанка возела пребрзо во централно градско подрачје, кумановец и злетовец возеле под дејство на алкохол, полицијата ќе им поднесе кривични пријави за безобѕирно управување на моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 15:06 часот на булевраот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициските службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 33-годишната Г.Ф. од Скопје затоа што при контрола со радар констатирале дека ...
На денешниот настан одржан во општина Лозово, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски кој истакна дека ќе продолжи да работи чесно и одговорно, со визија за иднината во општина Лозово за да младите останат, а возрасните живеат достоинствено. -Ветувам дека нема да застанам, ќе продолжам со иста енергија, со иста решителност и со ...
Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг, денеска, на прес-конференција заедно со избраните советници од граѓанските иницијативи обединети во платформата „Независни заедно“. Кој и да ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди освен во крајните југозападни делови каде има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југозападен ветер. Максималната ...