Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во организација на тим наставници од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” во Европската куќа Крива Паланка се одржа дисеминација на Еразмус плус проектот „Зелена иднина на агро- претприемништво” (Green Agripreneurship of Future). На настанот на кој присуствуваа голем број наставници и ученици беше претставена и платформата Agripreneurship.kids и успешно се реализираше интерактивна работилница посветена на зеленото претприемништво ...
Премиерот Христијан Мицкоски со убедливо највисока доверба кај граѓаните – покажува најновото истражување на Институтот за политички истражувања ИПИС. Според анкетата, довербата во Мицкоски е речиси петпати поголема од онаа во лидерот на опозицијата Венко Филипче. 27,3 проценти од граѓаните најголема доверба имаат во премиерот. Зад него се Али Ахмети со 9 проценти, Венко Филипче со 5,1 и Димитар Апасиев со 5 проценти, додека останатите се под ...
Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на ...
Оперскиот хуманитарен гала концерт закажан за вечерва во 19 часот во теaтарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес ќе го означи почеток на кампањата „Заедно за нов дом“ која ќе се спроведува во текот на 2026 година и ќе овозможи запознавање со услугата „Живеење со поддршка“ и зголемување на капацитетите на истата, преку оформување на четири мали нови групни домови. Концертот го организира Здружение на лица со церебрална парализа и други ...
Нов ден, нов доказ дека власта сака да ја задуши слободата на говор и да воведе цензура со неуставната Резолуција. Пратеникот на ДПМНЕ, Бојан Стојановски, синоќа, во интервју на Сител Телевизија потврди се она што го говориме цело време. Фалејќи ја Резолуцијата Бојан Стојановски вели „Ова е добро за медиумите“ бидејќи ќе се „санкционирало ширењето невистини во јавноста“, се вели во изјава на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ. ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. -Ја удирал по ...
Во завршна фаза е уредувањето на модуларната болница, во која ќе се сместат амбулантите за специјалистички прегледи преку „Мој термин“ на Клиничка болница-Штип. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека за Новогодишните празници се очекува дел од амбулантите да бидат префрлени во модуларната болница, со што пациентите ќе може навремено да ги завршуваат своите потреби. Се работи и на уредување на паркинг простотор пред ...
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник. Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано ...
Со свечена академија продолжија активностите за одбележување на јубилејот 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово. На свеченоста која ја организираше Библиотеката беа доделени признанија на вработените со над 20 години работен стаж, на шест пензионирани библиотекари, на најредовните читатели како и на Општина Тетово и Министерството за култура и туризам. Воедно со краток документарен филм беше претставен историскиот ...
Новите лица на Филипче, во суштина се стари кадри на Заев. Неквалитетни, некомпетентни и лица кои јавноста не ги памти по добро. Такви примери се Александар Наумоски и Драган Крајовски, членови на новото раководство на Филипче, напишано од Заев., вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. Да ја потсетиме јавноста на овие двајца нови кадри на СДСM. Александар Наумоски е поранешен градоначалник на општина Ѓорче ...
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, летовите се реализираат со задоцнување, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но со намалена видливост на одредени патни правци. – Магла со видливост до 50 метри има на патиштата Македонски Брод-Битола-Ресен-Охрид и Дебар, а од 100 до 200 метри ...
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна ...
Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДСM, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина од 2 милиони евра, добиени преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Криминалното раководство на ЕСМ во 2023 година, раководено од власта на СДСM и ДУИ, наместиле тендер за набавка на „СКАД ...
Најновото „истражување“ на агенцијата „ИПИС“, објавено денес, воопшто не претставува реално мерење на политичките расположенија, туку чист пропаганден потег на власта, како резултат на драматичниот пад на довербата во Владата, се вели во соопштението од СДСМ. Сега, кога на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува избори на пролет, а мигранти во јуни, тие веќе немаат ниту трошка поддршка од последните избори. По воведувањето на забраната на ...
„Македонија и Македонците со библиско срце“ и „Глас на праведниците“ се уште две нови книги кои годинава ги издаде Ставре Џиков, поранешен јавен обвинител сега публицист. Мотивот да ја издаде „Македонија и Македонците со библиско срце“ авторот го наоѓа во желбата да ја прикаже земјава низ една христијанска слика, но и духовната поврзаност на христијанството и исламот како богатство за Македонија. Втората книга ја издава во чест и од почит кон ...
Во Израел водата се смета за јавно добро. Загубите се сведени на исклучително ниско ниво, меѓу 5 и 7 отсто, со тенденција во наредните 10 години да се намалат на 4 проценти. Системот е до тој степен „затворен“ (заокружен) што секоја капка и секоја чаша истурена во мијалниците, тоалетите или уличните сливници завршува во колекторскиот систем, се прочистува и се редистрибуира кај домаќинствата, во земјоделството и индустријата. Земјата ...
Доколку следната недела има парламентарни избори за владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26 проценти од граѓаните, а за опозицискста СДСМ 8,9 проценти. Најголема доверба од политичарите граѓаните имаат во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мнозинството од нив ја поддржува примената на системот „Безбеде град“. Тоа го покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС) ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173. ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 867 денари. Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се ...
Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината, уверува заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Јанкуловски потенцирал дека исплатата се врши непречено и оти редовно се исплаќаат плати, социјални ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, откако ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино. Прес-службата на Јавното ...
Во чест на загинатите припадници на Армијата во конфликтот во 2001 година и на загинатите припадници на полицијата во кумановските настани во 2015 година, денеска, во спортската сала „Борис Трајковски“ беше отворен 25. Меморијален турнир во мал фудбал којшто го организира Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“. Отворањето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите, по што беше интонирана македонската химна, а потоа следуваа и ...
Во дворот на Дневниот центар „Гнездо“ во општина Центар денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“, во организација на Здружението „Новинари за човекови права“ – Скопје. Настанот е замислен како еднодневен семеен и добротворен базар, чија главна цел е собирање средства за поддршка и континуирано функционирање на програмите на Дневниот центар „Гнездо“, кои обезбедуваат психосоцијална поддршка, едукативни ...
Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржува во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година. На турнирот ќе настапат екипи од Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. На отворањето на турнирот ќе се обратат министрите за одбрана и за внатрешни работи ...
Промоција на новата електронска монографија „Со злато против смртта: иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ на проф. д-р Никос Чаусидис, ќе се одржи денеска во Националниот археолошки музеј. Монографијата ги анализира златните погребни маски и други апликации од VI–V век пр.н.е., преку кои се интерпретираат претставите за смртта и посмртната судбина на човекот во раноантичка Македонија, со особен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на ...
Винодонија 2025 – најпрестижниот вински настан во Македонија и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Деветтото издание на салонот ќе се одржува денеска и утре во Скопје, а посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од земјата и од странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси. -Салонот ќе биде винска сцена за споделување на вкусови, ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50м има кај Ресен и Удово. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на ...
Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и многу компании од вечер до 6 јануари го организираат настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“. Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што ќе следи осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на Дедо Мраз. Предвиден е и настап на бендот „Балкан Џем“. ...
Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува од денеска 30 декември на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот. Претставата ја организираат Училиштето за театар „Од игра до претстава“, Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници АД Транспорт. Публиката ќе може да го следи големото доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија, со неговиот волшебен воз во центарот на Скопје, преку ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи петтиот конгрес. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференција по локалните избори најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите. По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец. ...