Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива. -Јас немам коментар. Сепак, тука е Уставниот суд. Уставниот суд е тој кој што треба да донесе одлука за иницијативата на СДСМ. Јас навистина жалам што ...

Една турска и една германска компанија потврдиле дека ќе инвестираат во Македонија, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Се работи за компании од областа на високата технологија кои вкупно ќе инвестираат околу 80 милиони евра и ќе отворат околу 1 000 работни места. Како што рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Алкалоид“, до крајот на годината се очекуваат уште најмалку три потврди за инвестиции во земјава. ...

Традиционалната шеста по ред хуманитарна акција што за празникот „Свети Никола“ во Велес, ја организира гостилницата „Боем“ заедно со здружението „Нула гладни во Велес“ и волонтерите на Општинската организација на Црвен крст денеска на семејства во ризик им поделија 850 топли оброци. Воедно, Дедо Мраз на 100 деца им подели и новогодишни пакетчиња и играчки. Како и изминатите години, оброците и новогодишните пакетчиња и играчки беа донирани во ...

Министерството за образование и наука објави Препораки и Добри практики за подобрување на квалитетот на воздухот и за справување со загадувањето на воздухот, наменети за основните и средните училишта. Тие се изработени од Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Институтот за јавно здравје, Медицинскиот факултет во Скопје, Клиниката за детски ...

Речиси 50 отсто од проектите од првиот јавен повик на Владата за искористување на средства од заемот од Унгарија веќе се реализирани, а склучени се договори со 55 проценти од проектите од вториот јавен повик на Владата, истакна денеска министерот за локалната самоуправа, Златко Пирински при посетата на Штип. Тој додаде дека општините и градоначалниците придонеле да се реализираат проекти, кои се од големо значење за нив, а се финансисрани од ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.А. и Д.Х., во својство на сопственици и управители на правниот субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување” од член 279 од Кривичниот Законик на Македонија. Првопријавениот Б.А. во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска се сретнал со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер и со претставници на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). На средбата, како што информираат од Министерството за европски прашања, биле разменети мислења за тековната соработка и за континуираната поддршка што Германија и ГИЗ ја обезбедуваат во процесот на европска интеграција на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Абдула Ерен, претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и неговите соработници. – Акцентирајќи ја плодната дводецениска соработка, претседателката истакна дека ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани, без оглед на нивната етничка и верска припадност. Впрочем, не случајно ТИКА беше одликувана со едно ...

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во населбата Осми Ноември, покрај коритото на река Брегалница. Станува збор за имплементирање на проект од Програмата за меѓугранична соработка со Општина „Гоце Делчев“ од Република Бугарија, со кој се предвидува создавање на повеќе зелени површини, чиста животна средина и нови места за релаксација на граѓаните. По тој повод увид во гардежните активности извршија министерот за локална самоуправа, ...

Клиниката за гинекологија каде почина новороденче денеска преку соопштение до медиумите информира дека обдукцијата покажала дека нема физичка повреда на било кој од органите и дека причина за смртта е респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието. – По добивањето на резултатот од страна на Клиниката, семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите деталите од наодот. За ...

Општинска организација Куманово реализираше показна симулациска вежба по прва помош, во соработка со СВР Куманово и Итна медицинска помош Куманово. Активноста беше организирана на градскиот плоштад, а ја проследија ученици и млади. -Вежбата има за цел зголемување на видливоста и директно информирање на граѓаните за сериозните опасности што произлегуваат од несоодветната и неконтролирана употреба на пиротехнички средства, особено во периодот ...

Високо рангирање, транспрарентноста и вработувањата на дипломираните студенти се трите показатели за перформансите кои во изминатата година ги реализира Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ). Ова беше истакнато на денешниот редовен брифинг на ректорската управа и ректорот проф. д-р Садудин Ибраими со новинарите за изминатата година. -Прво, Меѓународниот QS ранкинг, односно Рангирањето 2025 покажуваат дека Универзитетот на Југоисточна ...

Во рамки на Новогодишната програма „Зимска приказна во Делчево 2025–2026“, која се реализира во период од 22 дена до Нова Година, денеска точно напладне во градскиот парк во Делчево пристигна најомилениот гостин на најмладите – Дедо Мраз. Со голема радост и нетрпение, дечињата го пречекаа Дедо Мраз, кој донесе празнична магија, насмевки и новогодишна атмосфера во срцето на градот, информираа од Општината. Во рамки на настанот, Дедо Мраз ...

Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани на мала свеченост што се одржа денеска во кафе-бар „Амор“ го одбележа Светскиот ден на волонтерството. На волонтерите им беа доделени благодарници и беџови за покажана хуманост, солидарност и грижа за заедницата, особено на волонтерите вклучени во справувањето со трагедијата од 16 март, како и благодарници за вклучување во активностите на Црвен крст Кочани. Претседателот на кочанската ...

Дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се адаптира и опреми како тренинг-центар за обука на пожарникари. Општина Кочани и градоначалникот Грозданов се подготвени да ги преземат неопходните активности за уредување на теренот и да обезбедат услови за одржување на теоретската настава во рамките на обуките. Ова е резултат на денеска одржаната работна средба на градоначалникот Грозданов со претставници на Центарот за обука на ...

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски зборуваше за измените на законите во Собранието поврзани со функционирањето на системот „Сејф Сити“, оценувајќи го системот како позитивен со цел воспоставување на ред во сообраќајот и намалување на жртвите, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ. „Човечки е дека луѓето треба да се навикнат и затоа ја поздравувам одлуката на министерот Панче Тошковски да има таков тест период, од друга ...

Во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај, поради блокадите на грчките земјоделци. На грчката страна од границата, веќе 19 дена се паркирани над 300 трактори на земјоделците од областа Пеонија и од градот Јаница, а блокадите се секојдневни, но во последните денови само во попладневните ...

Министерството за здравство го менува моделот на специјализации со кои отсега специјализациите ќе бидат општи, а потоа ќе се оди со супспецијализација. Целта е да се одговори на реалните потреби на граѓаните надвор од клиничките болници. Програмите ќе бидат унифицирани за сите три медицински факултети во земјава. Министерот за здравство Азир Алиу кој денеска на прес-конференција го презентираше новиот модел, рече тоа значи прво да се има ...

Забава за најмалите, програма за повозрасните, настапи на локални бендови од Куманово и од македонската музичка сцена ќе се одржат пред Нова година во Куманово, информираа на денешната прес-конференција, надлежните од секторот за култура и од фондацијата за култура кои се организатори на програмата, под покровителство на градоначалникот и Советот на општината. -Програмата почнува вечерва со музички концерт „И повторн евергрини“ во 19 часот во ...

Во текот на ноќта на 17 и 18 декември 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата од слобода се лишени 11 лица, информираат од ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити во ноември годинава се повисоки за 11,0%, што во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 12,7%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при малку поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор, информираат од Народната ...

Вработените во пералната на Клинички центар не се дел од здравствениот систем, туку се вработени во приватна компанија, а законски не смееме да се мешаме во приватниот сектор, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по информациите дека вработените немаат земено плата, а чаршавите и сиот останат материјал се пере во друга приватна компанија. Алиу вели дека се работи за лошо поставено јавно-приватно ...

Стручната комисија за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија во Скопје е формирана и ќе се чека нејзиниот извештај, како и извештајот од обдукцијата за да се излезе со конечна информација. Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција замоли да не се прави сензација од случајот и да се причекаат резултатите од сите релевантни институции. – Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе зварши со ...

По цели 8 години, конечно повторно имаме дочек на Новата година на градскиот плоштад, информираше денеска неготинската градоначалничка Марија Нацева, на својата Фејсбук страница. -Ве поканувам заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и да ја затвориме годината со музика и празничен дух. На 31 декември од 12 часот, плоштадот ќе биде исполнет со детска радост и празнична атмосфера наменета за нашите најмлади жители. Со нив ќе се дружат ...

Министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер, во Битола отворија нов Почесен конзулат и го промовираа битолскиот бизнисмен Игор Божиновски за нов Почесен конзул на Република Австрија. На свеченста во Битола, министерот Муцунски се заблагодари на ангажманот на австрискиот амбасадор за отворањето на почесниот конзулат во Битола, но и придонесот за одличните релации меѓу ...

Овие денови ДПМНЕ-ЗНАМ изгласаа неуставна Резолуција само да ја замолчат опозицијата. Немаат како да се борат со вистината, за една голема тема, мигранти за пари. Па сакаат да воведат цензура против слободата на говорот. Но вистината не може да се сокрие, вистината секогаш излегува и секогаш победува, се вели во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска. Денеска ќе објавиме нов доказ. Па граѓаните сами нека ...

Следната недела треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев. – Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен и ценам дека првата средба која ќе биде онлајн ќе се одржи наредната недела. Не ...

Новиот закон за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистржувачка дејност ќе бидат поставени на Националниот регистар на прописи (ЕНЕР) идната недела или најдоцна до крајот на месецов. -Очекувам дека на ЕНЕР ќе бидат ставени на 25 декември, ако не бидат на 25-ти, гарантирам дека ќе бидат до крајот на годинава и ќе останат на ЕНЕР подолго од законскиот рок од 30 дена. Ние ќе ги оставиме подолго, ќе ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош-ОТА на Министерството за финансии на САД. На состанокот, како што информираат од Министерството за финансии, се разговараше за унапредување на буџетските процеси во рамки на Реформската агенда и имплементацијата на Законот за буџети, при што беше нагласено дека ...

На повеќе локации во Струмица се поставени специјални контејнери за селектирање и собирање текстилен отпад, донација од компанијата „ЕКО-ТЕКС ГРУП“ од Скопје, информираа денеска од Општината. Се додава дека градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, преку Одделението за заштита на животната средина воспоставил мрежа за собирање на текстилен отпад на територијата на општината. -Контејнерите се поставени за да се поттикне реупотребата и ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1004
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
79%
1006
weather icon

Софија

9ᴼ / 5ᴼ
3.09
85%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.39
90%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.71
54%
1006
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
51%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
87%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.69

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50

Платина

67162.91